НАЈМАЛКУ 60 МРТВИ ВО НЕУСПЕШНИОТ ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР ВО ТУРЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Истанбул,(разниизвори)

    НАЈМАЛКУ 60 МРТВИ ВО НЕУСПЕШНИОТ ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР ВО ТУРЦИЈА

    Најмалку 60 лица загинаа, а 1.000 лица се повредени во Турција, по цела ноќ на експлозии, пукања и тенкови низ улиците. Владини претставници велат дека се уапсени над 1500 припадници на војската.

    Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска рано наутро објави дека обидот за воен удар е готов и дека владата ја има контролата.

    Сепак во Анкара и Истанбул владее хаос и се уште се слушаат звуци на пукање и експлозии по обидот на дел од припадниците на турската војската да ја преземат контролата на државата од претседателот Ердоган.

    Владините медиуми во Турција јавуваат дека уапсени се 754 луѓе.

    Медиумите објавуваат видео на кое се гледа како припадниците на војската се предеваат на мостот на Босфор во Истанбул.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари