ГРАДЕЖНИЦИ ФРЛИЛЕ ХЕМИКАЛИИ И ЃУБРЕ ВО ИЗВОРИТЕ ЗА ВОДА ВО ВОЛКОВИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАДЕЖНИЦИ ФРЛИЛЕ ХЕМИКАЛИИ И ЃУБРЕ ВО ИЗВОРИТЕ ЗА ВОДА ВО ВОЛКОВИЈА

    Жителите на тетовското село Волковија стравуваат дека нестручните градежни активности можат да ги загрозат изворите од кои селото се снабдува со вода за пиење. Градежната фирма „Жикол“, која работи на изградба на објектот за воспитно-поправен дом за малолетници веднаш до селото, пред два дена започнала да врши градежни работи на самите извори.

    “Ние првин се буневме и бевме против изградбата на воспитно-поправниот дом на овој простор, но домот го изградија. Сега ни ги нападнаа изворите за водата. Кога пред два дена видовме што се случува овде, на изворите од каде нашето село се снабдува со вода, се вчудоневидовме. Проаѓале со булдожери, копале со бушилки, целата вегетација покрај изворите ја уништиле, фрлале некои хемикалии кои сега директно се слеваат во изворите и ја заматуваат водата. Замислете тука, во извориштето, најдовме фрлени конзерви, прибор  за јадење, празни вреќи од цемент и купишта најлони  кои работниците што тука копале, едноставно си ги фрлиле во изворот. Изворите ни ги направија права депонија. За ова  веднаш ја алармиравме полицијата која дојде и изврши увид. Од тука ги повикуваме овде да дојдат и Јавен обвинител и Народен правобранител за да интервенираат и да ја спречат оваа катастрофа што ни се подготвува“, вели Русе Михајлоски, претседател на Месната заедница Волковија, кој алармира:

    Последиците од ова што е направено можат да бидат големи. Со ваквото копање може да се смени длабинскиот правец на водата и ние може да останеме без вода, алармираат жителите на Волковија (СДК.МК)

    Последиците од ова што е направено можат да бидат големи. Со ваквото копање може да се смени длабинскиот правец на водата и ние може да останеме без вода, алармираат жителите на Волковија (СДК.МК)

    „Последиците од ова што е направено можат да бидат големи. Со ваквото копање може да се смени длабинскиот правец на водата и ние може да останеме без вода. Некој како да сака да ни ги потруе и она малку деца што останаа во селото и да останеме без потомство. Кога дојдовме овде да интервенираме кај работниците што копаа на изворите, тие само се подбиваа со нас“.

    Тој вели дека за изведување на вакви градежни работи нив никој не ги  прашал ниту пак им кажал што се предвидува да се прави со изворите, ниту пак е побарана некаква согласност за градење. Но не само кај изворите, од градежната фирма „Жикол“ сакале да копаат и да градат резервоар над селото во месноста Чука кое е вакуфски имот и е познато излетничко и туристичко место.

    Денеска не успеавме да добиеме одговор ни од директорката на Дирекцијата за спроведување на санкции Лидија Гаврилова, ниту од директорот на Воспитно-поправниот дом „Тетово“. Недостапни за коментар беа и од „Жикол“.

    Жителите на Волковија во повеќе наврати барале состанок со надлежите од фирмата „Жикол“, но на тие состаноци праќале ненадлежни лица за проблемот кој го имаат (Фото: СДК.МК)

    Жителите на Волковија во повеќе наврати барале состанок со надлежите од фирмата „Жикол“, но на тие состаноци праќале ненадлежни лица за проблемот кој го имаат (Фото: СДК.МК)

    Трпче Ценоски, претседател на Црковниот одбор на село Волковија вели дека во повеќе наврати барале состанок со надлежите од фирмата „Жикол“, но на тие состаноци праќале ненадлежни лица за проблемот кој го имаат.

    „Им понудивме да користат еден слободен резервар за вода кој ние порано го имаме изградено, но го одбија овој наш предлог. Тие на црковен имот во месноста Чука сакаат да направат голем базен. Без наша согласност почнаа да сечат вековни дабови стебла за базенот и за трасата по која ќе оди цевководот. Со големи напори, засега успеавме да ги спречиме и да ја стопираме оваа работа. Ние сакаме да помогнеме во изградбата на воспитно-поправниот дом, но инвеститорот треба да обрне внимание на овие наши проблеми и на тоа како се изведуваат градежните работи. Ние нема да седиме со скрстени раце и нема да дозволиме некој вака да си игра со нашата вода“, вели Ценоски.

    Пред две години на јуријата под тетовското село Волковија започна да се гради објект за воспитно-поправен дом за малолетни лица. Уште тогаш жителите на Волковија се бунеа против оваа одлука на Владата, бидејќи сметаа дека со неговата изградба им се одзема дел од пасиштето каде ги напасуваат кравите и овците, велејќи дека така им се загрозува и нивната егзистенција. Во повеќе наврати протестираа против идејата за градба, но после многу убедувања дадоа дозвола да се започне со градба на објектот. Воспитно-поправниот дом за малолетници во Тетово како современ објект постоеше до конфликтот од 2001 и се наоѓаше на влезот во Мала Речица. Во воените дејствија кои тогаш се одвиваа на овој реон, објектот претрпе значителни оштетувања и веќе никогаш не падна под надлежност на државата. Набрзо ,во неколку простории влезе Исламската верска заедница која и денес го држи овој простор. Воспитно-поправниот дом и неговите штитеници првин беа префрлени во затворот во Велес, а потоа дел се префрлени во затворот во Охрид.

    М. И. ПАЧЕМСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира