ОДБИЕН ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА НАЧАЛНИК НА СВР СКОПЈЕ ОТИ ГО ИМА ВО БОМБИТЕ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ

    ОДБИЕН ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА НАЧАЛНИК НА СВР СКОПЈЕ ОТИ ГО ИМА ВО БОМБИТЕ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИТехничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев по гласањето за избор на техничка влада во Собранието на 3 јануари. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дополнителната заменичка министерка во МВР Славјанка Петровска не дала согласност за предлогот на техничкиот министер Наќе Чулев за началник на СВР Скопје. Сите останати предлози на Чулев се прифатени. Техничкиот министер има право да направи 15 измени на раководни функции во Министерството за внатрешни работи.

    Петровска, во изјава за државната агенција МИА, рече дека не дала согласност Ристе Ставревски да биде назначен за началник на СВР Скопје, бидејќи го има во бомбите како врши притисок врз гласачи.

    Станува збор за разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Ристе Ставревски од 16. бомба објавена на 2 април 2015 година:

    Ристе: Да Куманово ни остана уште со Бобан, со Горан Стојков да ги… им најдовме списоци од резервистите што беа, преку Антонио ги обезбедив.

    ГЈ: Е па добро.

    Ристе: е сега да ги посетиме сите, а не се мала бројка, некаде околу 800 души се. Одвај ги докопавме…

    ГЈ: Он нека си ги тера тие. Утре ќе се видиме со другиве.

    Ристе: Да, од сабајле со бранителите.

    ГЈ: Од сабајле со нив.

    Ристе: Резервистите да ги фатиме и тоа е министерке максимумот, веќе не знам што да направиме. Јас што викам, Господ да се симне у ова Куманово и да.

    ГЈ: Е па јас не знам што не направивме. Ако ни текне, утре и задутре да го направиме и тоа.

    Ристе: Ако нешто ни текне, еве јас ќе мислам кои групи, што ни остана.

    ГЈ: Што знам, и мене не ми текнува више.

    Ристе: Веќе се. И фирми, и стечајци, и незадоволни, и стари, старо членство,

    ГЈ: И незадоволни и све живо…

    Ристе: старо, и бандити, и криминалци, све…

    ГЈ: Овие ваквиве средби најпродуктивни се, најзаморни се, ама.

    Ристе: За нас да, ама за луѓево се многу позитивни, верувајте.

    ГЈ: Да, де да.

    Ристе: Ако некаде има негативни вака…

    ГЈ: Ама нема врска, они …

    Ристе: …луѓево што реагираат

    ГЈ: …они сакаат да дојдат, да се извикаат и да им помине.

    Ристе: Да. Немале на кого со години да се испразнат. Вака е убаво, сега малце за Вас е непријатно, но многу е подобро зошто ќе им дадете одговор.

    ГЈ: Не бе не, океј е, немам гајле јас.

    Ристе: Вие сте веќе навикнати, ама и они знаат веќе кој пат да го фатат. Никој не им одговарал, малце и неуки се луѓето, не ги знаат работите.

    ГЈ: Да де да. Вака на некого ќе му помогнеш, ќе му кажеш

    Ристе: Ќе се извика, после ќе сфати како, кој му е патот да си го фати

    ГЈ: Добро, треба да видиме само после избори на овие луѓе што им викавме да се јават, преку Жаре ова-она, да…

    Ристе: Јас тоа викам…

    ГЈ: Пошто у принцип мали работи бараат, да им ги испозавршиме, да бидат задоволни.

    Петровска и Чулев се усогласија за нови началници на предлог на опозицијата на секторите за внатрешни работи во Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица и Прилеп, како и за раководителите на Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, на Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, како и за командантот на единица за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во БЈБ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира