ВО БИТОЛА ПОСТАВЕН СПОМЕНИК НА ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ

    ВО БИТОЛА ПОСТАВЕН СПОМЕНИК НА ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИПо поставувањето на споменикот ќе се уреди катчето и ќе се обнови муралот на блискиот ѕид, кој е препознатлив белег на битолската чаршија. (Фото: СДК.МК)

    Во битолската чаршија поставен е споменикот на Јонче Христовски, автор и пејач на некои од најпознатите македонски народни песни. Општина Битола ја подготви документацијата, а споменикот е донација од приватен инвеститор. Од локалната власт најавија дека по неговото поставување ќе се уреди катчето и ќе се обнови муралот на блискиот ѕид, кој е препознатлив белег на битолската чаршија.

    Христовски е роден во Битола во 1931, а почина во 2000 во Скопје. Беше пејач, текстописец и композитор на песни со изразен патриотски дух. Ги испеа бесмртните песни „Македонско девојче“, „Куќа имам на Пелистер“, „Ај, засвирете ми чалгии“, „Едно име имаме“, како и многу други песни што станаа дел од народното музичко наследство.

    Во битолската чаршија често се одржуваат музички настани на кои настапуваат групи со изворни, народни, чалгиски и староградски песни, па споменикот на Христовски се вклопува во амбиентот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира