Дел од институциите кои се под надлежност на Општина Велес, две години се со раководни лица, вршители на должност. Средношколскиот дом, Градскиот музеј, ЈКП „Дервен“, ЈП „Парк спорт“ и детските градинки сите имаат в.д. директор.
Некои од нив ЈКП „Дервен“ и ЈП „Парк спорт“ овие две години имаат по три нови времени директори. Народниот музеј пак распишува конкурси, а нема кандидати кои се јавуваат на нив.
„За жал во Велес нема доволно квалитетни кадри, а дополнителна причина се и строгите законски услови за извршување на функцијата. Во недостиг на соодветни кадровски решенија мора да назначуваме вршители на должност“, вели градоначалникот Коцевски.
За разлика од градинките и јавните претпријатија во образованието односно во училиштата се назначени директори.
П. ПЕЧКОВ