Денеска околу 10 часот и 30 минути, вработен во КПУ„Тетово“ во Тетово пријавил во СВР Тетово дека на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, во близина на затворот, каде го паркирал неговото патничко моторно возило, покрај предното лево тркало забележал експлозивна направа (рачна бомба „кашикара“).
Екипа од СВР Тетово, веднаш излегла на местото каде е пронајдена бомбата и извршила увид, а биле повикани и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и Единицата за антитероризам на МВР за подигнување и транспортирање на експлозивната направа.
Тетовската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.
З. АНДОНОВ