ЛАТИНСКИ ЉУБОВНИЦИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:105:"Непостоипроблемодкојштонеможедасеизбеганизврата

    1. Што ти е неочекуван драмски пресврт. Четири години албанските поли­тички првенци се закануваат дека нивните пратеници ќе го напуштат Парламентот, се повикуваат на меѓународни поддршки, најавуваат бојкоти, излегување од Владата и пак упорно остануваат. А македонските пратеници ниту најавија, ниту предупредуваа, ниту се закануваа, ни две ни три си ги собраа папките и си заминаа без збор.
    Пратеникот Сали Рамадани, вечерта по инцидентот, на телевизијата “Сител” изјави дека тоа што го направиле пратениците Македонци е скандал. А убаво ги предупреди дека од сега ќе се зборува паралелно: на албански и на македонски. Останатите пратеници многу се налутија. Затоа што спротивно на кажаното Рамадани го почна својот говор на латински. Праша: “Кво вадис, Македонијо?” И – Македонија отиде на пауза.
    Во минатиот состав на Собранието пратеникот на ПДП Хисни Шаќири тврдеше дека неговото семејство, што сочинува 3 од сто од кумановското население, сигурно води потекло уште од Римската империја. Со латинскиот настап на Сали Рамадани, а тој е пратеник од Кичево, дефинитивно се потврдува теоријата за директна поврзаност на Албанците со старите Римјани. Шаќири бил во право.
    Исто како што бил во право кога пред три-четири години, во идентичен инцидент, кога прозборе албански, на пратениците им порача: “Што се буните, ќе дојде ден кога во ова собрание ќе се зборува албански!” Сега Шаќири зборува македонски, а Рамадани – албански.
    Затоа пак македонските пратеници покажаа невидена монолитност. Тие не дозволуваат во највисокиот орган на државата да се зборува на друг јазик, освен на службениот. Убаво се виде како ја напуштија салата и го бојкотираа Рамадани. Освен тоа, докажаа дека за нив не постои проблем од којшто не може да се избега. Низ врата!
    Каде одиш, Македонијо? Денес – низ врата. Утре – преку граница.

    2. Од преку граница обично доаѓаат и ни ги решават проблемите. Како на пример Тадеуш Мазовјецки, што ни доаѓаше како специјален пратеник на ОН за човекови права. Деновиве беше објавен извештајот со неговите заклучоци и препораки, доставен до седиштето на ОН во Женева. Во него господинот Мазо­вјец­ки ги признал напорите на Владата на Македонија за унапредување и почитување на етничките и верските малцинства, ама и побарал “позитивно да ја разгледа иницијативата за унапредување на образовниот систем на малцин­ствата на универзитетско ниво”.
    Околу ова прашање деновиве се раскажува една случка со амбасадорот Герт Аренс. Наводно, при неговиот последен престој во Македонија, кога се среќавал со претставниците на власта, некому му изразил чудење: “Како не им давате универзитет во Тетово? Па јас им ветив!”

    3. Грција најави дека ќе го повлече ветото за царинскиот договор што Турција треба да го склучи со Европската унија. За возврат го доби она што го бараше – да ѝ се каже датумот кога Кипар ќе стане членка на Европската унија.
    Европа и натаму може да зборува колку ѝ е важно да ѝ дозволи на Турција да ѝ се приближи на Унијата. Сите приказни паѓаат во вода пред смислата за трговија на Грците. Пред неа Европа редовно излегува како наивен купувач.
    А ние, еве веќе цела година, упорно порачуваме дека не преговараме под ембарго. Како да не ги знаеме Грците дека токму со него тие си ги дигнаа акциите. Држат вештачки висока цена и секогаш имаат луфта за ценкање. Така што кога ќе го укинат, не само што нема да загубат, туку и ќе добијат. Тие ќе бидат оние што покажале чекор на добра волја. А ние, ако не сакаме да им ја надоместиме разли­ка­та во цената, пак ќе бидеме некооперативни.

    4. Фудбалскиот сојуз на Македонија побара еден милион марки отштета од државата. Образложението е дека толку пари ќе се загубат поради казната од УЕФА следните два натпревара на фудбалската репрезентација да се играат без публика и ТВ преноси. Палавите гледачи на декемврискиот натпревар со Кипар во предновогодишно расположение испукаа петарда врз главата на кипарскиот претставник.
    Што е виновна државата за палавоста на навивачите, па на Фудбалскиот сојуз да му исплаќа отштета? Белким не требаше покрај секој навивач да стои по еден полицаец, за благовремено да ги лови петардите.
    Изгледа требаше. Се работи за погрешна проценка на органите за внатрешни работи и на Фрчко лично. Што убаво луѓето на средбата со Данска си навиваа со разнобојни балони. После дојде Фрчко и ги издиша балоните. Па гледачите побараа спас во петардите.
    Сé си има своја цена. Милион марки. Тоа е цената на издишаните балони.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира