ПОЛИЦИЈАТА ОБЈАВИ ДЕКА ГЕРМАНСКИ ПЕДОФИЛ Е ОСОМНИЧЕН ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МЕДЛИН МЕКЕН ПРЕД 13 ГОДИНИ

    ПОЛИЦИЈАТА ОБЈАВИ ДЕКА ГЕРМАНСКИ ПЕДОФИЛ Е ОСОМНИЧЕН ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МЕДЛИН МЕКЕН ПРЕД 13 ГОДИНИМедлин исчезна вечерта на 3 мај 2007 од апартман во Португалија и полицијата нема докази дали е жива (Фото: ПА)

    Полицијата соопшти дека германски педофил е нов главен осомничен за исчезнувањето на Медлин Мекен пред 13 години, случај што оттогаш не престана да ја интригира светската јавност и доведе до скапа и обемна потрага низ Европа.

    Четириесет и тригодишниот Германец, кој не е именуван, моментално се наоѓа во затвор. Се верува дека тој бил во областа во Португалија каде што тогаш тригодишната Медлин за последен пат била видена пред да исчезне.

    Нејзините родители Кејт и Џери Мекен изјавија дека чувствуваат дека последниот развој би можел да биде многу значаен.

    „Во изминатите 13 години не можам да се сетам на ниедна ситуација кога полицијата била толку специфична за еден поединец. По илјадниците траги и осомничени кои беа спомнати во минатото, трите полиции вклучени во случајот никогаш не биле олку сигурни“, изјави Кларенс Мичел, кој го застапува семејството од исчезнувањето на Медлин.

    Лондонската полиција, која работи заедно со германската и португалската полиција, вели дека ова останува случај на исчезната личност, бидејќи нема дефинитивен доказ дека Медлин е жива или мртва. Сепак, германските истражители го класифицираа како истрага за убиство.

    Полицијата објави фотографии од две возила, „фолксваген“ и „јагуар“, кои се поврзуваат со осомничениот, како и од куќа во Португалија. Таа вели дека тој престојувал во Алгарв од 1995 до 2007 година.

    Медлин исчезна вечерта на 3 мај 2007, неколку дена пред четвртиот роденден, од апартман во Праја да Луж, додека нејзините родители биле во ресторан со пријатели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира