5 ОТСТО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:54:"ВикинготБучкоќеловикитови

    1 И самиот министер за финансии Никола Поповски е изненаден од доброто мислење на Европската комисија за Македонија. “Не очекувавме дека толку брзо ќе се движиме кон Европската унија”, изјави тој во интервју за А1 Телевизија.
    Толку брзо се движиме, што ќе мора да се тргнеме за да не се судриме.

    2 Прво прибежиште од судирот со ЕУ се реформите во Катастарот.
    Половина од имотот во Македонија не е регистриран во катастар. Една од клучните точки во мислењето на Европската комисија е токму средувањето на регистрацијата на приватните имоти. Во која европска држава можеш наутро да се разбудиш и да сфатиш дека додека си спиел дворот веќе не е твој? Во Македонија. Кога се движиш толку брзо кон Европа и дворот може да ти избега.
    Европската комисија не препорача датум за почнување на преговорите со ЕУ. Директорката на Катастарот Бисера Јакимовска рече дека таму реформите ќе завршат до 2009 година, а целиот систем ќе профункционира во 2014 година. Значи, преговорите ќе ги почнеме некаде во 2010, а во ЕУ би влегле во 2015.

    3 Премиерот Владо Бучковски рече дека “на Македонија и требаат скандинавски, а не македонски избори”.
    Со скандинавски избори ние можеме само да ги изневериме очекувањата на ЕУ. Замисли да имаме избори како во Норвешка. А Норвешка не е членка на ЕУ. И не само што не е, туку и на референдум одбива да стане членка. Македонија како Норвешка, а ЕУ незапирливо се движи кон нас. Тогаш стварно ќе мора да и се тргаме од патот.
    Еве уште неколку примери дека навистина сме како Скандинавците.
    Реформите во катастарот се прават по фински модел.
    Правата на Албанците ги решивме како правата на Швеѓаните во Финска.
    И Никола Поповски и Петар Гошев се кроени по скандинавски модел. Ќе го јакнат денарот за да не ни влезе еврото. Оти не само Норвешка, туку ни Шведска, ни Данска, што се членки на ЕУ, не го сакаат еврото.
    Сега откривме дека дури и нафта во Овчеполието имаме. Ќе ставиме нафтени платформи како Норвежаните во Северното море.
    Ние сме едноставно изненадени како скандинавскиот модел го достигнуваме со несопирлива брзина.
    Ни остана само уште китови да почнеме да ловиме.

    4 Кога викингот Бучковски ќе ги улови сите китови на патот кон ЕУ, ќе го решиме и проблемот со името со Грција. Ќе се викаме Скандинавска Македонија.

    5 Бранко беше во Албанија. Повеќе се загрижи оти тие таму немаат струја, отколку дека ние сме во мрак.
    Сега водата истекува преку браната Шпиље. Охридското езеро се празни. Од Хидробилошкиот завод велат дека тоа е природен феномен. Феноменот секогаш се појавува кога на Албанија и треба струја. Плус, студи. А на студено и водата се собирала.

    6 Многу брзо ЕУ се движи кон нас, ама ние и се тргаме од патот. Застрануваме за пет проценти
    Петнаесет години не можат да се договорат кој ќе ги земе петте отсто провизија од македонските пасоши. Петнаесет години заради нечии 5 отсто ние седиме заробени дома. Заради 5 отсто, нас 100 отсто не шиканираат пред амбасадите, не враќаат од граници, не третираат како криминалци и преспиваме на патосите по транзит зоните на европксите аеродоми. Заради нивните 5 отсто што ќе ги земат во име на Македонија, се повеќе Македонци трчаат по бугарски пасоши.

    7 Во скопското село Грушино пред некој ден полицијата открила автоматски пушки, пушкомитралез, бомби и пиштоли. Уапсените рекле дека биле колекционери. Тие си го собирале дома за да си прават колекција од модерни оружја.
    Во албанските села низ Македонија секоја куќа може да биде музеј. Па како што Охрид во туристичката понуда се рекламира како “град – музеј”, селата во северозападна Македонија ќе ги рекламираме како “села – музеи”. Со современи колекции на оружје.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира