ЕВРО СОНГ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:121:"КадебешеФилепреддазаврне?Данигиисчистиканалитеикоритата

    1 Значи навистина нема понапатен народ од македонскиот. Дури и реалноста направила заговор за да ни го докаже тој факт.
    А сe почна така наивно на 24 декември минатата година, со едно пристојно замолување на опозицијата и на новинарите да го напуштат Собранието за да може да се донесе буџетот и реформите да продолжат.
    Оттогаш секој ден нe измачуваше мислата дали денеска Никола ќе попушти и дали Бранко ќе оди на избори. Се будевме мислејќи на Бранко, а заспивавме сонувајќи го Никола. Некои од нас дури и не спиеја. Среде ноќ стануваа да видат што одлучиле централните комитети.
    Згора на тоа, и Филе сериозно се исфрустрира. Толку многу, што едно време се закани дека нема да дојде. Што дополнително нe фрли во очај, оти немаше кој да ни го реши пробле-мот. А и Волерс имаше дилеми дали ова што ни се случува е политичка криза. Каков стрес. Европа немоќна, а Америка незаинтересирана за Македонија.
    Сето тоа се искомбинира со веста дека и на Субрата Рој му ги замрзнале сметките во Инди-ја. Уште тоа ли мораше да ни се случи?
    И на крај, се отвори небото. Два дена врнеше. Плус беше топло. Нагло се стопи снегот од планините. Земјата не примаше вода. Половина Македонија потона. На површината излегоа сета мизерија, примитивизмот и неорганизираноста. Кај што се караа за избори или за бој-кот, кај што си завидуваа на големината на спомениците, ВМРО и СДСМ се испокараа и чии канали и корита биле позапустени.
    И кога мислиш дека нема ништо пострашно што може да те снајде, ни се случи и “Империја”. Разочарувањето е дотолку поголемо оти одевме на добитна комбинација. Супердует, супер-песна, суперспот, суперемисија на МТВ… Ама ете. Проработеа социјалните мрежи на Интер-нет и МТВ се огради од спотот што сама го промовираше на јавниот сервис. Не бил соодве-тен. Ај што спотот не бил соодветен, туку и текстот ќе го сменат. Аман, само немој насловот да го менуваат. Ја смируваат јавноста дека не е сe загубено. Има време за промени. До 18 март. Дотогаш морало да се пријави песна за Евросонг. Ете уште рок од којшто треба да стрепиме. Зарем по сите судбоносни датуми што ги преживувавме и за овој 18 март ли ќе му ја мислиме?
    Другиот ден веќе одеа драматични кајрони на вестите по телевизиите. “Европска тројка во последен обид за спас на Македонија”. Аууу, колку страшно звучи спасот. Од Брисел доле-таа комесарот за проширување Филе и европарламентарците Ховит и Бузек. Да ни испеат песна. Европска. Евро сонг на Водно. А Ѓоле држи терца. Со мисла да нe спасат. Од кого? Од самите себе.
    Ама тоа не е крај на тажната судбина на Македонецот. Филе си замина. Водата се повлече. Ама ние останавме тука.
    2 Море требаше да нe остават, како што се закануваа, сами да си ја решиме кризата. Са-мите да се увериме за кого сме гласале, за кого ќе гласавме и за кого ќе бојкотиравме. Па, можеби, по тоа и ќе ни текнеше да пораснеме. Некогаш. А, можеби, и порано.
    Да не мисли Филе дека вчера ја решил Македонија? Ич нека не се радува. Многу работа ни дадоа. Сега треба прво локалните избори да се направат. Па да се признаат резултатите. Па потоа ќе треба да се договараат дали ќе има предвремени парламентарни избори и кога ќе има. Во меѓувреме, треба да се договорат што се случило на 24 декември. И со новинари-те треба да се договорат да продолжат преговорите… Ехеее, за сите ли овие работи ќе ле-таат до Скопје? Ќе треба на Филе и на Ховит тука канцеларија да им отвориме.
    Туку, каде беа Филе, Ховит и Бузек пред да заврне? Можеби, ќе ни ги исчистеа и каналите и речните корита.
    3 Како што Филе не треба да се радува дека ја решил кризата и ние не треба многу да се радуваме што изгреа сонце и водата се повлече. Најмалку три министерства се задолжени за одржување на речните корита, водотеците, браните и одводните канали. Кој знае колку локални и државни инспекции треба дневно да ја контролираат состојбата на теренот. И да казнуваат ако треба.
    А се виде дека требало. Два дена ќе врне дожд и поплавите ќе покажат дека сите овие тела не се мешале во својата работа. Па кога ќе настане потоп, главна активност да им биде да си ја префрлаат одговорноста едни на други. И на крај, виновни ќе бидат селаните. И виша-та сила. До следниот поголем дожд.
    Оти и да нема дожд, не чини.
    4 Грците нашле нешто лошо да коментираат за спотот и за песната на Есма и Лозано за Евровизија. Па може ли да смислат нешто полошо од тоа што самите си го смисливме?
    Песна како песна. Малку Есма, малку Лозано, малку народно, малку забавно и ете ти како некој мисли дека треба да се претставиме на европска приредба. Сме имале и полоши песни и поглупави текстови за Евровизија. Па и спотот не знам што толку дигна паника. Спот како спот. Наместо Канео во Охрид и поплавената црква во Маврово, сега го имаме Скопје со Вои-нот и четирите коњи зад Прометеј. Иако не сфаќам зошто спот за една приредба мора да биде спот за земјата. Ако може, дури да има и некаква политичка порака. Па и Каролина ја облекувавме во некој Александар со цицки. А Тоше го врзувавме со јажиња и потоа го осло-бодувавме.
    Да беа песната и спотот во некоја нормална земја, па дури да беа и во оваа ненормална земја, ама во некое друго време, ќе фатевме по некој сеир, ќе зборувавме малку, ама толку отров сигурно немаше да се излее. Се труевме три месеци, се наакавме едни против други и на крај, како вистински Македонци, и ние пукнавме сосе браните. Есма и Лозано се колате-рална штета и на “Скопје 2014”, и на 24 декември и на буџетот, и на бојкотот на СДСМ, и на подадената рака на ВМРО, и на пропагандата од јавниот сервис МТВ, и на Бузле, и на Стев-чо, и на Ховит и на Филе, па и на Заев. Па и на пукнатата брана од Слатинското Езеро. Сe се собра, мора да пукне.
    Заборавивме дека Есма е светска кралица на ромската музика и дива со над педесет години светска кариера. Заборавивме и дека пред две години американското државно радио “Ен-Пи-Ар” ја вброи меѓу педесетте најврвни гласови на сите времиња. Во друштво со Марија Калас, Ела Фицџералд, Махалија Џексон…
    Поради нашиот јад од опсесијата со империја, се истуривме врз една песна. А што е најбол-но, и врз Есма.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира