ВОЛ СТРИТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:145:"Додекаимакомпиризаволовите,искапатрафиказасувенириќесесметазауспех

    1 Македонија се преврте ничкум.
    Комунистите во дворот на седиштето на партијата палеа свеќи за починатиот претседател Киро Глигоров и се крстеа. СДСМ-овците се тотално збунети. Сакаат да бидат поголеми ВМРО-вци од ВМРО-вците.
    А религиозните конзервативци, една недела пред Божик, мрсеа со воловско и прасешко месо. Правоверните ВМРО-вци, среде пост, се однесуваа најбезбожнички, како комунисти од времето на Тито.
    Велат дека на новогодишната прослава во Драчево, која ја организираше градоначалникот на Кисела Вода Марјан \орчев, имало повеќе луѓе отколку на прославата на плоштадот Македонија, која ја организираше скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Во центарот на Скопје пееше македонската естрадна елита. А во центарот на Драчево се вртеа на ражен три вола и се печеа сто прасиња, кои бесплатно му се делеа на народот. Батали ја Каролина, батали го Владо Јаневски, батали ја кралицата Есма… Одиме на волови. Даваат месо. И компири. Дури и леб имало. Ама не сме ние сиромаштија да јадеме леб, кога има компир за гарнир со месото.
    Особено што и организацијата била беспрекорна. Самиот градоначалник Ѓорчев кажа дека месото се делело од четири куќарки, ама во секоја имало по шест набљудувачи што не дозволувале исти луѓе по неколкупати да земаат храна.
    Откако верниците се омрсија со три вола и сто прасиња, и мрсното го залеаја со тон и пол вино, вечерва ќе се причестат во црква. Пред тоа синоќа ги запалија дрвата и им дадоа греана ракија на поповите што ги пеат огновите. Да ги држи добар глас.
    Истите тие претходните години излегуваа на акциите за пошумување “Засади ја својата иднина”. Синоќа си ја запалија иднината. Ама тоа ти е… Кога пред Бадник ќе ти удрат виното и ракијата во глава, кому му е гајле за иднината.
    Со овие предбожикни циркуси и баханалии најсреќни се вистинските стари комунисти. Оние што не му палеа свеќи на Киро. Затоа што најверобожните конзервативци од ВМРО на дело покажуваат дека Маркс бил во право. Религијата е стварно опиум за народ.
    2 Децата во Драчево сега заспиваат со нова приказна за добра ноќ: Си биле три вола и сто прасиња. И една вечер им дошол Марјан \орчев. И – заврши приказната.
    Во спомен на безгрешните души на воловите, и главната улица во Драчево ќе се преименува. Ќе се вика Вол стрит.
    3 Во чест на празникот, денеска свечено треба да се отвори и портата Македонија во центарот на Скопје. Завчера приказната за неа беше прва вест на централните вести на Македонската телевизија. Рекоа дека уште незавршена, таа веќе си ја оправдала својата намена. Еднаш на 8 Септември лани за прославата на 20-годишнината на независноста, кога под неа поминал државниот врв, и вторпат кога кога ги пречекавме кошаркарите што освоија четврто место на Европското првенство во Литванија.
    Прво н убедија дека куп бетон, обложен со релјефи, што личи на Триумфална порта чини 4,4 милиони евра. А сега н убедуваат дека таа зграда која, во принцип, не служи за ништо, веќе се покажала како многу потребна.
    Не му е лесно на министерот за финансии Зоран Ставрески. Државата должи насекаде, сите бараат пари од него, а тој мора да најде 4,4 милиони евра за зграда без функција во центарот на Скопје. Добро, не е толку безвредна. Има и два лифта внатре. И тераса од која најдобро ќе се гледа Александар, оти е на речиси иста висина како споменикот “Воинот на коњ”. Така што ќе се оправда и навивачката химна “Излези момче горе на тераса”.
    Всушност, зградата има повеќе функции сублимирани во себе. Нашата генерација тешко ќе може да ги разбере. Но се надевам дека идните генерации ќе најдат разумно објаснување зошто ни била потребна. А нема шанси да ја тргнат, оти штетата е веќе направена.
    Тоа ти се вика поглед вреден 4,4 милиони евра. Плус 12 милиони евра за коњаникот кон кој ќе бидат свртени очите. Додека има компири за воловите, и скапа трафика за сувенири ќе се смета за успех
    4 Министерот за економија Ваљон Сараќини рече дека струјата не само што нема да поевтинува туку дека само ќе поскапува. И порача граѓаните да се ориентираат кон штедење и поголема енергетска ефикасност.
    А Владата ќе се ориентира ли на енергетска ефикасност? Па сите згради што ги направија од “Скопје 2014” се такви што зиме тешко ќе се греат, а лете тешко ќе се ладат.
    Така е тоа кога во 21 век си го открил барокот. Среќа е што барем Портата нема да мора да се грее, ни да се лади.
    5 Настрана од успехот кој го видов на вестите на МТВ, на некоја друга телевизија гледав дека во Болницата во Битола ги отпуштиле медицинските сестри волонтери. Една госпоѓа на телевизија кажа дека досега 4.000 денари им плаќале на сметка, а другото им го давале на рака. Е тој дел од извештајот не го разбирам. Кафеанџиите ги казнуваат ако на келнерите им најдат бакшиш в џеб. Ај да е некоја приватна бакалница или тезга на пазар, ќе сфатам. Ама како државна болница наоѓа пари за исплата на рака? Од каде им е кешот? Дали лекарите од митото тргаат настрана? Секој лекар има фонд за сестри?
    Нека каже министерот за здравство Никола Тодоров дали “сестринскиот фонд” е според јапонскиот систем за менаџирање, кој тој го промовираше пред неколку месеци.
    6 Претседателот на Германија Кристијан Вулф му се извинил на главниот уредник на весникот “Билд” Каи Дикман, оти на мобилен телефон му се заканувал дека ќе го тужи и дека ќе ги прекине сите врски со весникот. Претседателот, кој е многу близок со канцеларката Ангела Меркел, сакал со заканите до главниот уредник да спречи објавување на текст за сомнителен заем кој приватно го зел уште во времето кога бил гувернер на покраината Долна Саксонија.
    Е за таква слобода на информирање зборуваат во ЕУ, кога ја критикуваат Владата на Груевски дека во Македонија е загрозена слободата на изразување. На тоа мислат кога го пишуваат извештајот за напредок кон ЕУ и кога даваат изјави.
    Не мислат исто како што мисли премиерот Груевски дека во Македонија има слобода на медиуми затоа што весниците слободно излегуваат на трафика и има вести на телевизија. Или мисли дека затоа што новинарите слободно шетаат по улица, има и слобода на информирањето. Којзнае, можеби оние од Владата зборот “слобода” само со затвор го поврзуваат.
    Додуша, во Германија новинарите и во сопствената глава се малку послободни од нашите.
    И кај нас во весникот не само од Владата и од Парламентот, не само министрите и градоначалниците, туку секоја шуша вчера примена по партиска линија во јавна служба си дозволува да се јавува и да праќа СМС пораки. И тоа со истите закани како Претседателот на Германија. Дека ќе тужат и дека ќе ги прекинат односите со весникот. Кога се јавуваат кај мене, задолжително засилуваат со уште две закани. Дека ќе ги прекинат рекламите. И дека ќе му се јават на Керим.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира