ЗАЧУДЕНАТА АЛИСА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:95:"Аковакапродолживеќеничудонеќеможеданеспаси

    1 Чудни чуда се случуваат во Македонија. Петкратно убиство во близина на Скопје завчеравечер, а министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се појави дури вчера доцна попладне лично, а не преку соопштенија да повика да не се шпекулира за да спречи натамошно насилство. Во вакви моменти се гледа дали функционира државата. Во вакви моменти ми треба премиерот Никола Груевски да ми каже дека има контрола на ситуацијата. А не кога се слика на отворање на бензински пумпи и на толкување чудни појави во црква. Во вакви моменти ми треба министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска да ме убеди дека знае да ја организира работата за да се чувствуваме безбедно. А не да се чуди што чудо ја снашло на Велипеток, и тоа 13ти, исто како што се чудеше како во Македонија нелегално влегле 1.000 покер апарати за нелегални казина.
    Вчера денот требаше да почне со нив. А не со шпекулации. Што чекаа повеќе од 15 часа? Да излезе со изјава амбасадарот на САД Пол Волерс, како пред еден месец по двојното убиство во Гостивар и да ги повика нив да си ја вршат работата? Или пак се надеваа на уште некоја изјава на владиката Агатангел за да фрли анатема на сите што не мислат како нив, за секој случај, оти некој може пак ќе побара оставка од министерката? Или, наједноставно им е да се пуштат шпекулациите по медиуми, да се подгрева говорот на омраза на Фејсбук и да се пребројуваме колку Албанци и колку Македонци се останати. Да се давиме во калта. Па после, сите ќе се чудиме што чудо н снашло. Ама, ако вака продолжи веќе ни чудо не ќе може да н спаси.
    2 Чудото со самопрочистување на фреските во црквата “Свети Димитрија” во Скопје го толкуваше владиката Агатангел со повик до опозицијата за покајание оти ја оддалечила веронауката од училиштата, ги организирала младите архитекти на протести против црква на плоштадот и се бунела против изградба на црква на Калето.
    Господи Боже! Толку отров од уста на свештеник и тоа пред најголем христијански празник за духовно прочистување.
    Првата манипулација на поповите е што се претставуваат за пратеници на Господ. Е па и ако се пратеници, тогаш лошо го претставуваат. Оти шефот на владиката Агатангел велел: Боже, прости им, не знаат што прават. А неговиот пратеник на земјата вели: Боже, казни ги, оти мислат поинаку.
    3 Маркс го кажал тоа пред век и половина. Премиерот го учел во школо. А претседателот Иванов го предавал на факултет Религијата е опиум за народ.
    Апсолутно е легитимна потребата на луѓето да веруваат во чуда. Особено во Македонија каде што тоа е единствената надеж. Секој си верува во што си сака и во тоа што го прави среќен. Ама кога ќе се ујдисаат власта и црквата да манипулираат со таа верба и тоа само за материјална корист, е тоа е веќе грев. Тоа ќе ти го каже и секој неверник.
    4 Не сум во директна врска со Господ. И немам намера да навлегувам во дебатата што се случило во црквата “Свети Димитрија”. Ама верувам дека чудо навистина се случило штом нешто во Македонија почнало да се чисти. Па макар биле и фрески. И дај Боже, чудата да се прошират и надвор од црквите. Да се исчистат контејнерите, парковите, дивите депонии, лифтовите, градовите и селата.
    5 Како по некое чудо, на терасата на новото Министерство за надворешни работи се појави статуа на бугарскиот министер за надворешни работи Симеон Радев, кој во 1913 година го потпишал Букурешкиот договор за поделба на Македонија.
    Било превид. А останаа многу неодговорени прашања. На пример: Како никој не знае кој го нарачал Радев? Имало ли комисија што ги одобрувала нарачките? Кој бил во комисијата? На кој воопшто му паднало на памет да го предложи за да му се прави споменик за наши пари? Бившиот министер ли е? Сегашниот ли е? Го прашале ли Груевски? Ја прашале ли министерката Бети Канческа?
    Ај што не се знае со какво чудо Радев бил нарачан, извајан и донесен во Македонија, туку велат дека за никого нема да се бара одговорност. Ќе трошат народни пари и никому ништо. Тоа не е исто како затајување данок?
    Откако го тргнаа Радев од терасата, го пренеле во Музејот на македонската борба. Ама не како експонат, туку го ставиле во депото. Зошто ќе го чуваат? За секој случај? Да не дојдат случајно пак Бугарите да н окупираат како во 1941, па да го вратиме на терасата? И проклетите злосторници комуњари против кои овие демократи така страсно се борат, до сега може немаше да најдат кој е одговорен за превидот. Ама статуата сигурно веќе ќе беше згазена со булдожер.
    6 На некој чуден начин и 1000 машини за покер влегле во Македонија. Ние сме биле држава на коцкари и бесцаринска зона. А министерката стоеше пред запленетите коцкарски автомати како Алиса во земјата на чудата.
    Каде се сега директорот на Управата за јавни приходи и портпаролот на полицијата да шетаат од Сител на Канал 5 и да објаснуваат за колку милиони е ошптетена државата. Би можел и директорот на Царината да им се придружи во ТВгостувањата. А богами и министерот за финансии да процени за колку е оштетен буџетот. Колку царина не е платена? Колку данок е затаен? Колку би била долга колоната камиони кога одеднаш би влегле во државата.
    Тоа не е злосторничко здружување за оштетување на државата? Или е чудо, а чудата, како што би рекол Паско Кузман, стручњаците не треба да ги коментираат. Ниту пак да прашуваат каде завршувале парите.
    7 Министерот Зоран Ставрески не треба да се правда зошто прави ребаланс на буџетот уште по првото тримесечје. Се сеќавате на чудата со два милиона садници, пет милиони садници, денови на дрвото, лопати, автобуси, хеликоптери…
    Оваа година нема садници. На децата во школите им дадоа семки.
    8 Шефица на Антикорупциската комисија е бивша туристичка работничка. Дојде на местото на бивш, вљубен полицаец. Тој пак замени бивша ТВ уредничка.
    Кога почна Антикорупциската комисија да се комптромитира, Михајло Маневски барем беше правник.
    Зачудената Алиса

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира