ПИЏАМА ПАРТИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:251:"Сегакогасоцијалцитеќенавалатнаопера,овиеодСДСМможеќеќаратнекојглас.Когаќеимспијатпокуќиможеидецатадаимгипричуваат

    1 Минатиот викенд, СДСМ, најавувајќи ги летните митинзи, почна кампања со спиење по куќи. Наместо да ги ловат 40те отсто неопределени гласачи, средната класа, осиромашените интелектуалци, лекарите, професорите, уметниците, тие со 20 години задоцнување се палат на финтите на Љубчо и на Никола. Не можев да поверувам. И ова ли е герила маркетинг? Рецидив ли е на кампањата на Владата за ендемски Македонец? Што сакаат да постигнат? Да проверат дали тие што ги сакале, ги сакаат уште? Па тие што ќе ги примат за спиење и онака ќе гласаат за нив. Кој инаку би се осмелил јавно да каже дека правел пижама забава со Јани Макрадули и Ана ПавловскаДанева?
    Како може да се правиш поголем селанец од селанецот? Како може да се правиш поголем националист од националистот? Како може да се правиш поголем конзервативец од конзервативецот? Ало Бранко, дај нешто ново! Единствената разлика е што едните пижамите си ги носат во самсонајт чанта, а другите си ги носеа во зембиљче.
    Сами ли си ја смислија стратегијата, или некој им зел пари за тоа? Баш ме интересира кој им ја плаќа агенцијата што им го смисли спиењето по селски куќи. Изгледа дека и СДСМовската кампања е по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ.
    Башка, локалните избори се дури в година во март. Ќе заборават што зборувале по митинзите. Освен ако домаќините не ги снимале што зборувале во сон.

    2 И како што обично бидува, ВМРО-ДПМНЕ веднаш има подготвен одговор. Уште Јани и Ана не се рабудија од првите петли, кога Владата веќе свика прескоференција за да ги објави мерките за ублажување на економската криза. Се гледа дека брзале. Свикал Никола: “Дајте идеи, мора да се појавам пред народот!”. И ги ставиле сите идеи на купче за да може Груевски да ги прочита.
    Така Груевски прочита дека социјалците ќе одат бесплатно на опера. Не знам дали идејата дошла од министерката за култура Бети Канческа Милевска, или од министерот за труд и социјала Спиро Ристовски. Ако е од Бети, мерката е логична оти тие што обично одат во театар се помалку можат да си платат, па социјалците ќе ги пополнат празните столчиња. Уметниците ќе имаат инспирација. Ако идејата е на Спиро, тогаш таа може и да се материјализра. Прво сиромашните ќе одат на шалтер во социјално по потврда. Па после со потврдата ќе одат на шалтер да си земат карта за некој Хамлет, за некое Лебедово езеро, за Самсон, а богами и за Далила. Потоа за да си го остварат сонот во летната ноќ ќе можат картите да си ги препродаваат пред театар. Како на времето кога се тапкаа карти за кино. Па социјалците ќе им ги тапкаат картите по половина цена на оние што не можат да си ги купат по редовна цена, а сакаат да одат во театар. Бидејќи така истапкани, парите нема да им легнат на трансакциска сметка,на социјалците нема да им биде укината ни социјалната помош.

    3 Оваа е уникатна формула како преку уметност се доаѓа до леб. Сега кога социјалците ќе навалат по театрите ќе може да видат аир и од овие од СДСМ што спијат по куќи. Кога ќе им чукнат на врата пред вечера домаќините ќе им речат: “Баш фино што дојдовте. Ние тргнавме за на театар, ама немаше кој детето да ни го причува. Само не отворајте фрижидер. Оти и тоа што го имавме ни скапа. Немаме пари за струја”.

    4 На министерот за финансии Зоран Ставрески му пропадна последната шанса. Во Собранието не помина интерпелацијата, му помина ребалансот на Буџетот и сега ќе мора да спрема нов. Врати ДДВ таму, зошто не си вратил ваму, двокатни автобуси, бронзени споменици, златни споменици, десет метра ваму, дваесет метра таму, вработувања по Рамковен, вработувања по партиски списоци, зошто доцни платата, има ли за пензии, дај нови коли, мебел, масивно дрво, фурнир,одвоен живот, детски додаток, трикатни автобуси, триесет метри споменик, Филип, Олимпија, Мајка Тереза…На сите им е виновен. За се што е направено и за се што не е направено, неговото име се споменува.
    А што убаво место си имаше во Вашингтон. Си го расипа раатот.

    5 Во многуте вести од клучно значење за државата, пропуштена е една жална вест. Во близина на Камениот мост во Скопје настрада едно дрво. Крошната беше скастрена. Пречеше на погледот на Воинот кон Воинот на коњ. Таткото не можеше да си го види синот.

    6 Министерот за здравство Никола Тодоров пак беше на висина на задачата. Отседе неколку часа зад шалтерот на Градската болница “8 Септември” во Скопје. За да види како пациентите ќе бидат услужени.
    Министерот е одличен за инспекција. Брка лебарки, ги фаќа сестрите на пушење, сече гранки во дворот, па ете му дојде ред и да седи зад шалтерот. И дошол да заклучок дека шалтерите се многу ниски и луѓето треба да се поклонуваат давајќи ги документите.
    Веднаш по таа вест, одеше прилог дека пациентка умрела од рак со месеци чекајќи ги резултатите од биопсијата. На државните клиники имало само еден лекар што ги чита.
    Министерот е посветен на работата. И сигурен сум дека тоа што ќе го вети, ќе го оствари. Ќе ги подигне шалтерите на достоинствено ниво. Така што можеби и во иднина ќе се умира чекајќи пред шалтерите. Ама барем ќе се умира со крената глава.

    7 Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека нему не му одговара името Северна Македонија. Тоа за Бугарија било неприфатливо решение.
    Бугарите традиционално, ако може и овој пат да клоцнат во матното. Како во 1941 година. Германците окупатори, ама овие полоши окупатори од окупаторите.
    Грците прават проблем со името. Ама тие поголем ќе ни прават.
    Е па ај сега нека преговара Бугарија со Грција и под покровителство на ЕУ нека се договорат како ќе се викаме. Па ние после рефрендум ќе направиме.
    Само нека не не тепаат, како оној од Златна зора што ја натепа колешката од Комунистичката партија на Грција. Како опна три шлаканици, ептен демократски искомуницираа. Како ли би комуницирал со нас. Кој е мажот кој ќе преговара со нив. Ние жена за преговори ќе испратевме. Мислејќи дека на жена рака не се крева. Се крева на клоци.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира