КОЊИ И СЛОНОВИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:81:"Сeуштенесезнаенакогокакоќемуседигне.

    1 Баш би сакал барем еден ден да поминам со нивниот ум. Како ли им текнува, на спомениците, на ликови препознатливи на прв поглед да им даваат неодредени имиња? Со кој ум дојдоа до заклучок дека кога ќе стават споменик и кога ќе му дадат описно име, другите нема да се сетат за кого станува збор? Мислат дека се попаметни од другите? Или дека тоа што нема да го кажат, другите нема да го сфатат. Или, едноставно, оставаат секој слободно да си го толкува тоа што си го гледа.
    Кога ќе ставиш споменик тоа значи споменик. Дека си решил да ја потенцираш величината на тој што сакаш да го овековечиш, дека му оддаваш почит и оти тој споменик засекогаш ќе остане да сведочи за големината на таа личност со конкретно име и презиме и за улогата на таа личност во некое време. Или јас имам извртени сфаќања за спомениците.
    Еден господин со кокарда со лавче, што личи на Тодор Александров од некакви архивски фотографии од почетокот на минатиот век, се издигна на коњ во скопската Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Општината Марјан Ѓорчев цела година најавуваше дека таму ќе никне споменик на Коњаникот. И сите го чекаа Коњаникот. Кога дојде денот да се постави споменикот, најавениот Коњаник, стана Македонски војвода на коњ.
    Ова е веќе трет споменик кој наместо со име, го викаме под псевдоним. На плоштадот Македонија од едната страна на Вардар се издига Воинот на коњ. Од другата страна е Воинот. Тој нема коњ, ама изгледа дека му е татко на оној што е на Плоштадот. А и постар е.
    Спомениците треба да нe направат горди на нашата безимена историја. Да се чудиш колку милиони евра народни пари потрошија за споменици на безимени луѓе.
    2 Сега се отвори сериозна политичкооисториска дебата. Сите гледаат што се крие во кокардата на Македонскиот војвода на коњ. На капата е излеан лав со две опашки. Едни велат дека тоа е добро. Оти ако лавот имал една опашка, тогаш и Војводата би бил пробугарски. А бидејќи има две, Војводата е промакедонски. Или, обратно беше. Не знам.
    Како и да е, и кој и да е, Војводата ќе помине полесно отколку Прометеј. Нему му го отсекоа пенисот. А на Војводата може само да му го стругнат опашот на лавчето. Само се чека на реакција на некоја невладина организација. И евентуална историска грешка веднаш ќе биде исправена.
    Добро е што барем коњите ги именуваат со вистинско име. Па не мора да полемизираме дали се магариња или слонови. Изгледа дека само коњите не се контроверзни личности во македонската историја.
    3 Пред два дена Општина Центар изгласа две можни локации за уште еден голем споменик. Тој ќе биде висок 30 метри. Најверојатно, ќе биде споменик на Мајка Тереза, и ќе се гради со донација од Индија. Само не знаат каде да го стават. Дали кај мостот Гоце Делчев, кај лавовите, или на Плоштадот, кај Воинот, околу коњите.
    Среќа што е донација. Инаку Ставрески ќе мора веднаш да подготвува нов ребаланс.
    Мајка Тереза била ниска по раст. Но иако била мала жена, била голем човек. Уметникот ќе има тешка задача. Како ли нејзината скромност ќе ја олицетвори во грандиозен споменик, висок колку десеткатна зграда? Многу лесно. Неа нека ја качат на слон.
    4 Покрај споменикот на Мајка Тереза, Општина Центар изгласа уште десетина споменици на Кејот на Вардар. Кои се и каде ќе бидат? Сe уште не се знае на кого како ќе му се дигне.
    5 Којзнае колку им е забавно на Грците да си играат со Привремената спогодба. За НАТО и за ЕУ не важи, ама за лепенки ФИРОМ важи. Грчката канцеларија за врски ни порача дека ние сме добредојдени на одмор. И им порача на тие што се обидуваат да нe обесхрабрат да одиме во Грција дека нивните напори се контрапродуктивни. И уште еднаш повтори дека лепенките се бесплатни.
    Е баш ми олесна. Синким имало цена што може нас да нe обесхрабри да одиме во Грција на море.
    6 Цел ден мислам што можам да напишам за сојузот Љубчо Бранко. И сфатив дека немам ништо ново да кажам. Сигурен сум дека можам да цитирам некој стар текст од деведесттите. Ама не сакам да бидам ист како нив.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира