СТЕЛТ СТРАТЕГИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:121:"Извинете,амавонеделатанеможевдасеразмножувам.ГледавВлада.

    1 Вчера на МТВ уште отсабајле изгледав еден многу интересен прилог. Се појави лекар од Институтот за јавно здравство. Во бел мантил беше. За момент помислив дека и на МТВ го виделе штрајкот на лекарите. И тамам мислев да свртам на друг канал, кога сфатив дека тие си имаат друга посериозна тема. Човекот во бел мантил пред таблата со името на здравствената установа опширно објаснуваше за исправноста на подземните води. А новинарката заинтересирано го прашуваше за влијанието на дождовите врз квалитетот на водите и како тоа се одразува врз здравјето на луѓето. Тој објасни дека порано некаде имало проблеми со подземните води. Ама и тоа се решило. И веднаш ми стана полесно. Шуќур и подземјето е под контрола.
    2 Тоа во времето на комунизмот, а богами и во времето на транзицијата се викаше “Село гори, баба се чешла”. Кога гледам како не ги гледаат лекарите, а богами ни знамињата на Албанија, прво што ми текна беше невидливиот бомбардер “стелт”, кој во 1999 година Србите им го урнаа на Американците. Кога скокаа врз остатоците од авионот, викаа: “Извинете, не сме знаеле дека е невидлив”.
    Каков штрајк? Нема штрајк! Какви јарболи? Нема јарболи! Каква криза? Нема криза! Какви пари? Нема пари! Тоа ти се вика стелт стратегија.
    3 Не знам како мајсторите за пропаганда и контрола не можеа да го предвидат развојот на настаните околу штрајкот. Оти, не велам дека и лекарите не си го зеле својот дел од незадоволството на пациентите. Сите, на еден или на друг начин, имаат фрустрации или трауми од јавното здравство. Така што на почетокот на приказната, генерално, имаше општо незадоволство од состојбите во здравството. И сите очекувавме нешто да се среди. Не велам дека немало и успешни потези.
    Обично не грешат кога треба нешто да се игнорира. Уште првиот пат ќе им дозволеа да штрајкуваат, и ќе си истераа по свое. Арно ама, кога на суперинтелигентните им текна со судска пресуда да забранат штрајк, кој е загарантирано право со Уставот, Владата ја сврти јавноста во корист на лекарите. Изгледа дека нешто се во паника, и згрешија. Па тргнаа да бараат незадоволни пациенти што биле вратени од лекар. Како враќаат пациенти кога нема штрајк? Ако нема штрајк, нема ни вратени пациенти. Ептен ја заплеткаа работата. А сe што треба е само министерот Тодоров да седне и да поразговара со лекарите. За тоа не му треба совет од генијалец.
    4 Како што МТВ го смени ликот, само таму ми врти копчето од далечинското. Во неделата, уште од рано сабајле ни пуштија некоја емисија во која некој женски глас упорно нe убедуваше дека треба да правиме деца. Плус за да нe орасположат, напладне излегоа да шетаа со детски колички низ центарот на Скопје.
    _ се извинувам на групата дека баш во неделата некако не ми одеше да се размножувам. Бев збунет. Дали да излезам на улица да марширам за живот, или да ја гледам во живо седницата на Владата. Тоа убаво неделно попладне го поминав гледајќи ги ликовите од Владата. Дури и со децата се скарав. Тие ме прашуваа некои глупости, а јас им викам: “Чекај да видам овој што ќе каже”. И како да правиш деца на најинтересното? На пример, кога министерот Никола Тодоров го објаснуваше успехот на платата по учинок за лекарите. Си помина денот, а богами и добар дел од ноќта, децата одамна беа легнати, па и јас си легнав. Без учинок.
    Аман, нека прекинат лекарите со штрајкот, да одам да се прегледам. Штом во недела окапав покрај телевизор гледајќи Влада, наместо да си ги гледам децата, мора нешто да ми фали.
    5 Па нели недела е ден кога треба да му се посветиш на семејството. Така барем би требало да биде според традиционалните семејни вредности на конзервативците од ВМРО-ДПМНЕ. А Груевски баш најде во недела цел ден и цела ноќ да ги држи и да ги испитува министрите и директорите на јавните претпријатија. А тие млади и нецеливани.
    Џабе повикот на премиерот и на поглаварот Стефан да се множат и да прават многу деца.Како? Како? Во недела се оди на испрашување во Влада. Во сабота се одработува Денот на дрвото. А другите денови се 24/7.
    6 Во средата повторно ја засадивме својата иднина. Ама таа никако да се фати.
    Тоа е можеби затоа што политичарите ја јавнаа акцијата.Се испосликаа сите со лопати како садат борчиња. Па акцијата која започна како невладина иницијатива, сега се претвори во владина пропаганда. Само, некако, борчињата не им се фаќаат. Што не пробаат со жални врби?
    7 СДСМ сто пати се огради од Ѓунер Исмаил. Минатата недела се огради од Бучковски. Пред тоа ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ со законот за бранители. А едно време бараше и промена на Уставот за да се огради од приватизациите од негово време, што ги остави незавршени за да можат вечно да ги рекетира газдите.
    Што им е? Им е страв да не им се налути Груевски? Тие станаа познати оградувачи. На крај така и ќе завршат. СДСМ ќе се огради од самиот себе. А после тоа може да направи и коалиција со ВМРО.
    8 Што сакаше да покаже евроамбасадорот Аиво Орав кога во Европскиот парламент нe нарече “славомакедонци”. Дали сакаше да проба да види дали ќе ја прифатиме грчката измислица. Ако нешто не постоело, тоа е баш терминот “славомакедонци”. Па дури и нивните ценети Албанци се навредуваат од тој термин.
    Како што може Орав нас да нe нарекува “славомакедонци”, тогаш и јас можам него да го викам “рускиестонец”. Или “славоестонец”. Немам намера да го навредам. Само го користам тој термин за полесно да ја објаснам неговата припадност и фрустрираност. И тие во Естонија имаат 25 отсто Руси во државата.
    9 Сум видел запалени навивачи, ама толку навивачки знамиња не сум видел. Пола Скопје и цела Западна Македонија се обвиткани со црноцрвена боја. Што е ова? Сите навиваат за Вардар?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира