ЕВРОВИЗИСКА АМНЕЗИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:65:"АкоЈоханнемапроблем,немамнијас

    1 Оваа недела се изнагледав сеир во Собранието. Си уживав додека гледав како најголемите патриоти и борци за македонштината ја бранат и ја гласаат амнестијата за воените злосторства од 2001 година. И им се чудев на умот на оние што 2001 година ја спраштија на плажите на Халкидики и гледаа како најбезбедно преку Плетвар да стигнат до Охрид како сега запалено ги бранат македонските национални интереси.
    Ова е пример за во учебник, со кој се покажува дека зборовите “политичар” и морал” не можат да се најдат заедно во ист контекст. Ова е само уште еден пример што с се прави за да останеш на власт и што се си подготвен да направиш за да се вратиш на власт. За даночно затајување се лежи по седум-осум месеци во затвор уште во истрага. Ама кога треба да казниш некого што дигал во воздух чувари на мотел врзани за столб, некои што киднапирале и убивале цивили и малтретирале работници, тогаш тоа се решава со автентично толкување на законот.
    Туку, да не правиме веќе муабет за тоа за да не си скориваме јадови. Ако единствениот хашки осуденик Јохан Тарчуловски нема ништо против амнестијата за таканаречените хашки предмети, тогаш не знам зошто сите ние би имале против. Кога тој, што 12 години ќе скапува во затвор како единствен виновник за несреќниот конфликт од 2001 година, не само што не се жали туку му пишува писмо на премиерот да ги заборави злосторствата на тие од “другата страна”, тогаш зошто би се бунеле овие што седат во пратеничките фотелји?
    Единствено ми е криво дека во историјата ќе остане запишано дека само Македонците биле геноцидни и правеле зулуми. Оти само на Македонец официјално и судски меѓународно му е заверено некакво злосторство.

    2 Беспредметно е и расчистувањето на енигмата како тоа Јохан го пишувал писмото во Хаг, а од 7 јули годинава е во затвор во Германија, во близина на Диселдорф. Можеби Јохан многу порано го пишувал писмото. Бил визионер. Знаел што с треба да направи Груевски за доброто на Македонија уште пред и да почне да се договора со Али Ахмети за новата влада.
    Сега веќе и неговата сопруга Соња нема да пее песни дека е скршена од болка. Штом нејзиниот љубен и татко на двете деца рекол дека неговите страдања и страдањата на неговото семејство се ништо во однос на тоа дека Македонија ќе оди напред, тогаш и Соња ќе пропее весели песни.
    Колку што се бескрупулозни во злоупотребата на нивната семејна несреќа, можам да замислам дека в година на Соња ќе и наместат да ја претставува Македонија на Евровизија. Бидејќи не можат да и се извинат, Соња ќе ја пее песната “Европска амнестија – македонска амнезија”.
    “Македонија врти нови страници,
    н чека Европа без граници.
    Кој не знае да проштава,
    од плодовите на иднината нема да се гоштава”.

    3 СДСМ цело време бара од Груевски да покаже лидерство. А тој ти е како децата. С ќе направи за инает. И ете им покажа лидерство. Реши да заборави болна епизода од новата историја за да отвори нови можности во односите со Албанците.
    Кога вака, прекуноќ и без јавна расправа премиерот без и да се појави да каже нешто почна да ги решава историските тежини, дај и за името нека не н малтретира со референдуми. Штом во третиот мандат решил да гледа напред за доброто на Македонија, нека му каже на Трајко да свика една седница на Собранието и нека ни прочита што се договорил со Грција.
    Влатко \орчев ќе има неодложни средби со граѓани и ќе нема кој да држи патриотски говори. Другите ВМРО-вци ќе одат кој на мочање, кој на какање и нема да бидат во салата. Најголемите патриоти ќе бидат зафатени, качени по бандерите, како ги мерат знамињата за да се осигураат дека албанското знаме е за третина помало од државното. А Силвана Бонева ќе ни прочита некое писмо од иселениците до Груевски дека е време Македонија да тргне напред и да го смени името за да влеземе во НАТО и во ЕУ.
    И ќе биде така. Иако и Груевски нема да биде тука. Како и досега, кога требало да се потпише нешто шуќмуресто. За Законот за амнестија пред десет години гласаа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ДПА и тогашното ПДП. Толкувањето сега го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. А позитивно мислење од Владата дојде потпишано не од премиерот Груевски, туку од вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски.
    Седницата на Владата во октомври 2008 година на која се донесе одлуката за признавање на независноста на Косово, ја водеше тогашниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски.
    Договорот со Грција со променето име сигурно ќе и припадне на идната вицепремиерка за евроинтеграции Теута Арифи. Или евентуално на новиот министер за надворешни работи Никола Поповски.
    Груевски за с одлучува, а на ништо не се потпишува. Си поставува управители да се потпишуваат место него.

    4 И потоа, кога ќе тргнеме напред, веќе никој не н запира. Ќе јуриме кон Европа како возовите на “Македонски железници”.
    Само да не н фати горештина. За да не прегреат локомотивите, како што во само еден ден прегреаја сите два воза. Па од Битола до Скопје со експресен воз патниците се возеле осум часа. Колку ли ќе им требало да стигнат до Скопје ако го фателе брзиот воз?
    Од Железницата рекоа дека во лето имале ограничување. Поради жешкото време, возовите одат со 50 километри на час. Така што на некои делови патниците можат и да пропешачат покрај вагоните. Да излегуваат и да влегуваат од нив додека возот се движи. Да протрчаат наоколу за да разбијат монотонија. Башка, не оди возот цело време со 50 километри на час. Тоа е максимално дозволена брзина. Белки на угорнини и на свијоци успорува. Па може да се стигне и со брзо одење.
    Во нормални држави, дури и од регионов, за осум часа не до Европа, туку и до Њујорк може да се стигне. А ние од Битола до Скопје и со тротинети ќе почнеме да се возиме за да стигнеме навреме.

    5 Откако ЗНМ, МИМ и Новинарскиот синдикат реагираа на обидот на власта да стави уште шест политички фигури во Советот за радиодифузија, се јави ВМРО-ДПМНЕ со соопштение. И ги обвини новинарските организации дека “имаат став кој е во целост идентичен со ставот на една партија од опозицијата”.
    Да бе. Никој од нас нема став. Сите чекаме да ни го кажат Бранко или Никола.
    Будалска работа. Ама веќе не вреди и да се докажуваш. Оти нема кому.

    6 Директорот на Филмскиот фонд, Дарко Башески, потпишувал бланко- потврди на дистрибутери, со кои тие зеле половина милион евра од Европскиот фонд, а не ги прикажале филмовите. Значи, директорот на државна институција им помогнал да направат проневера. Вели дека потпишувал на доверба. Очекува и ние така да му веруваме.
    Може партијата ќе му поверува. Ама “Еуроимаж” ќе му поверува така што ќе ја казни Македонија. Па неколку години нема да добиеме пари за филм.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира