ДОКТОР ХАОС

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:109:"Притвореничкасезадушиласоќесаотивокофатанемаловода

    1 Приказните од тетовскиот затвор веќе не се само за на филм. Ќе мора да се снима и серија. Оти не е интересен само случајот на новинарот Владо Танески. Тој беше осомничен за сериски убиства на жени и се самоуби со давење во кофа со вода. Завчера една притвореничка се самоуби со задушување со најлонска ќеса.
    Зошто сиромашката се самоубила со ќеса? Затоа што во кофата немало вода.
    Впрочем, ако можеш самиот да се удавиш во кофа со вода, зошто да не можеш самиот да се задушиш ако си ставиш најлонска ќеса преку главата. Мора ќесата да била прилично квалитетна и издржлива. Проблем е само што и двете самоубиства се случуваат во истиот затвор. И нема сведоци.
    Нема ништо мистериозно. Како што би рекол професорот по судска медицина Алексеј Дума во филмот “Мајки”: “Или е убиство, или е самоубиство. Трето нема”.
    И после една секунда, кога ќе му текне што кажал, ќе си се изнасмее.

    2 До вистината тешко се доаѓа. Ги следам извештаите од судењето на осомничениот полицаец за смртта на Мартин Нешковски. С уште не може да се открие што се случило ноќта кога ВМРО-ДПМНЕ ја славеше изборната победа на плоштадот во Скопје. Среде плоштад во центарот на главниот град, при толку многу луѓе, при толку многу полиција и обезбедување, при камери на околните објекти, при лекари од Брзата помош и обдукција од судска медицина не може да се утврди дали имало убиство или самоубиство со трчање и паѓање. Сведоците не виделе, камерите не снимале, лекарите не се сеќаваат, полицајците не биле на должност…
    Ај малку да ја свртиме приказната. Осомничениот полицаец таа вечер бил испратен на плоштадот да го обезбедува премиерот и славеничката поворка. Не бил испратен да брка момчиња.
    Што ќе се случеше ако некој таа вечер го нападнеше премиерот? Дали и тогаш полицијата ќе викаше дека на премиерот ништо не му се случило, туку само му се слошило и самиот паднал? Дали сведоците ќе видеа што се случило? Дали лекарите од Брзата помош ќе се сетеа што констатирале? Дали камерите на МЕПСО ќе проработеа?
    Конечно, дали тогаш министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе ги обвинеше тие што евентуално би барале нејзина одговорност дека ја тераат агендата на Бранко. Како што бараше од младите луѓе што со месеци протестираа на улиците да им се извинат на “тигрите” и ги обвини дека се во “функција на исполнување на политика на една партија”. Па уште и ги посоветува дека “никогаш не е доцна да се откажат од послушноста кон Бранко Црвенковски”.
    Само му прават комплименти на Бранко. Му даваат значење и моќ повеќе од што тој ја има во последните пет години.

    3 Обвинителството за организиран криминал побара од МВР да ги испита наводите на СДСМ за фалсификување на пописот, со што на буџетот му е нанесена штета од 14 милиони евра.
    За да не бидеме ставени во функција на исполнување на политика на една партија, ние како граѓани не смееме да очекуваме дека треба да има одговорност за фалсификување на пописот и злоупотреба на државни пари. Затоа, штом МВР треба да испитува наводи за криминал што ги посочува опозициската СДСМ, дај уште сега да и се извиниме на министерката Јанкулоска. И да заборавиме на 14 милиони евра.

    4 Министерот за здравство Никола Тодоров станува сериозна конкуренција на докторските хит сериии, од типот на “Доктор Хаус”, “Увод во анатомија”, “Брза помош”…
    Само што серијалот на министерот Тодоров оди на главните вести на сите телевизии. И се вика “Доктор Хаос”.
    Првата сезона од серијата што ја раскажува министерската инспекција се емитуваше директно од болницата во Штип. Во серијата најбрутално се гледа на кое дереџе е дојдено јавното здравство. Министерот среде ноќ ги буди заспаните доктори и ги фаќа медицинските сестри како пушат. Поради нехумани услови затвори и едно цело одделение.
    Не е дека тоа што ни го прикажа министерот ние не сме го знаеле. Ама сега белким и Владата ќе го дознае.
    Кога ги ставаат лекарите за директори, белким се свесни дека покрај тоа што мора да го обожаваат лидерот на партијата, мора да водат сметка и за тоалетите и за хигиената и за чаршафите… Па и за пушењето. Наместо директорот да казнува за пушење, дошол министерот да казнува. Наместо санитарниот инспектор да затвора одделенија, министерот се згрозува од нехигиената. Ако сакаш макар и гранапче да отвориш, од санитарна инспекција душата ќе ти ја извадат. Те таванот не ти бил висок, те славините ти течеле, те тоалетот ти бил мал, те плочките се лизгале… А тоа што во болниците лебарки шетаат и по операционите сали не е грижа за директорите и не е за санитарна инспекција. Тоа е за министерска инспекција.
    Вчера заврши сезоната “Доктор Хаос во Штип”. Следната сезона ќе се снима во Битола. Овој пат министерот Тодоров нека се појави како пациент. Кога во Штип, знаејќи дека имаат министерска контрола не исчистиле и пушеле, што ли ќе го снајде ако се преправи болен. Ќе мора да ги затвори сите одделенија.
    Во третата сезона Тодоров ќе се појави како лекар. Доктор Хаос ќе врши инспекција на Тетовската болница. До тогаш, од толку гледање може ќе научи и да оперира. Ќе се преправи во приправник со диплома од Медицинскиот факултет во Тетово.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира