НЕМА КАЕЊЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:149:"БорисовпраќаспецијалнаединицавоОхриддаспречи"Илинден"повторнодаисплови

    1 Нимиц дојде како крем на сите изјави од ЕУ, САД, НАТО и од останатата меѓународна заедница дека сега му е мајката да го решат спорот за името со Грција. И сега била златната шанса што не смее да се пропушти. Оти имало отворен прозорец и тоа требало да се искористи.
    Ај да речеме дека навистина веруваат во тоа што го зборуваат.
    Замислете, ние сме имале проблем со Грците. А што да каже Германија? И таа си има проблем со Грција. Ама не за името туку за парите. Се отепаа Германците од работа, а Грците им потрошија 300 милијарди евра. Па уште им се и лути дека не сакаат да продолжат да им помагаат да им ги трошат еврата. Па Папандреу сега и таму се прави кооперативен. Немало да ги бара воените репарации од Втората светска војна.
    Сиромашката Меркел. Одвај ја влече својата земја со што помалку потреси во најголемата светска криза, а сега треба да мисли како да им помогне на Грците, а тие притоа да не се налутат.
    Па еве, нека ја искористат истата тактика како што бараат од нас во преговорите за името. Сигурно има прозорец за решавање на кризата со еврото. Само уште да ја убедат Грција да не го затвора прозорецот. Имаат златна шанса. Нека ја искористат. Двете страни нека вложат максимални напори да дојдат до заемно прифатливо решение. Разумен компромис е разумен компромис. 300 милијарди евра се 300 милијарди евра. И во Германија и во Грција.

    2 Министерот за транспорт Миле Јанакиески дава изјави на телевизија покрај Вардар. За да се гледа водата. Зошто? Па, веројатно, за да биде во контекст на поплавите.
    Се сеќавам дека кога пред четири години го распиша тендерот за концесии на охридските плажи, бараше да се донесе песок од утоката на Вардар во Егејско Море. Охриѓани му велеа дека со Езерото не може да си игра, ама министерот беше во филмот “Како малиот Миле замислува морска плажа во Охрид”.
    Сега плажите се поплавени. Песокот на Миле се рециклираше.
    Министерот се подготвува за нова голема спасувачка акција. Како грчкиот песок кој, преку Дрим, истече од Езерото, од Јадран пак да го врати во Охрид.

    3 Во очекување на Миле да дојде од Скопје од брегот на Вардар каде што му е поставена камерата за изјави, градоначалникот на Охрид Александар Петрески реши да побара помош од странство. Прво што му текна беа соседите. И бидејќи бугарскиот премиер Бојко Борисов му бил личен пријател, решил да побара помош од Бугарија.
    А ние мислевме дека ВМРОвците се бугараши. Чичко ми што го ослободувал Охрид од фашистите се превртува во гроб. Бугарите се враќаат. Да ги ослободат охриѓани од самите себе.
    Како ли замислува Петрески да дојдат Бугарите да помогнат. Со цвеќе ли ќе ги чекаат за да на ја нарушат традицијата?
    Една тенковска бригада со амфибии ќе се истовари во Пештани. Да ги чува куќите, од кои градоначалникот собира туристички такси. Бугарските командоси на штрек ќе чекаат скриени меѓу јахтите и глисерите на скопјанишчата во каналот Студенчишта. Артилеријата ќе го надгледува нивото на Езерото од Самуиловата тврдина. А военото воздухопловство ќе го надлетува регионот за да може да фрли некој падобранец со вреќа за насип каде што ќе биде најпотребно.
    Шеф на кризниот штаб за спас на Охрид ќе биде Бранко Црвенковски. А десна рака ќе му биде шефот на Капетанијата. Тие ќе бидат задолжени да ја координираат специјалната бугарска морнаричка единица. За да не дозволат “Илинден” случајно пак да исплови.

    4 За четири години во опозиција, СДСМ конечно излезе со еден предлог. Даде амандман за измена на Законот за забрана на пушењето. Предложи да се дозволи пушење само во парни денови.
    Каков е таков е. Предлог е.
    Барем нешто им текнало и да предложат.

    5 Владата се откажа од проектот платен надомест за трето дете. Ќе важи за тие што родиле. Тие што се трудни и чекаат трето дете, нека извинат.
    Освен одлуката на Уставниот суд, Груевски не ја зел предвид и народната мудрост. “После ебење нема каење”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира