ПУСТО ТУРСКО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:154:"Коганикојнеумира,нетребадасеспасуванифотелјатанадиректоритенаболниците

    1 “Сега кога ги видовме условите, ќе преземеме мерки”, рече министерот за здравство Бујар Османи.
    Оваа изјава е баш голема утеха за семејствата на трите родилки што починаа за три дена. Оти министрите “сега ги виделе условите”. А што правевте до сега? Буцкавте знамиња во темјанушки?
    Требаше во три дена да умрат три родилки за да сфати некој дека болницата во Прилеп е опасна по живот.
    На некои вести рекоа дека во таа болница уште од осумдесеттите години не е заковано ниту едно клинче. И не само во Прилеп. Туку и во другите болници низ Македонија. Синким на друго место поарно е.
    Сега ли им текна да пуштат новинари и камери да снимаат? Па, барем медиумска поддршка секој пат имале. Ама кога никој не умира, не треба да се спасува ни фотелјата, па тогаш ни камерите ни новинарите не се пожелни по болничките ходници.
    Ај што условите не ги видел министерот, туку што правиме со директорите?
    Пациентите доаѓаат и си заминуваат. Некои имаат среќа да си се вратат дома. Другите, пак, заминуваат во рајот. Оти на таа мака што ја истрпиле по болниците никој не заслужил пекол.
    Ама директорите се секој ден во болница. Лекари се. Цел живот таму го поминуваат. Како опстојуваат во такви услови? Зошто молчеле? За да не им ја симнат платата? Тоа што се распаѓаат бањите и што болниците се дават во измет не е важно. Важно е тие да си имаат за кондурчиња да си купат. И да не им се налути партијата што ги поставила. Лигуши.

    2 Оваа Европа стварно била курва. Цело време ни брбореа, сакаме да ве интегрираме во ЕУ, сакаме да бидете дел од нас, ајде преземете мерки за да ни се приближите… Ни велеа дека интеграцијата ќе оди по регионален принцип, ама со индивидуална оценка. И баш сега кога решивме навистина да се интегрираме во ЕУ, и тоа секој индивидуално, пак не им чини. Почнаа да ни ги враќаат азилантите. Луѓето се проевропски настроени, побрзаа да се интегрираат според европските закони, ама сега ЕУ се пишмани.
    Изгледа дека овие први што почнаа да се интегрираат не им се допаѓаат. Ќе чекаат подобра понуда. Ама другите што не сакаат да се интегрираат не можат на ред за пасош да дојдат од интегративците.
    Иако, понудата и не е толку лоша. Ете, дури и еден државен службеник од Министерството за труд и социјала барал азил. И тоа не каде било во Европа. Туку во срцето на Европа. Во Брисел.
    Зошто не го примаат? Нивни кадар е. Рамковен. Тие н тераа да се потпишуваме, да се попишуваме, да распишуваме конкурси за државни службеници по принцип на позитивна дискриминација, тие инсистираа такви кадри да се примат во министерствата… Додуша, човекот бил малку неук, па испратил писмо до македонската амбасада во Брисел. Ама, факт е дека си го знае европскиот ред. Почитува процедура. Прашал до кога се примаат апликациите за азил. И сега чека одговор на државна плата.

    3 Пратеничката на ДУИ Теута Арифи неколку пати повторува дека ако до јуни нема решение за спорот со името, поради кој е закочена интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, тогаш Албанците треба да бараат алтернативни решенија.
    И порано сум прашал и сега пак ќе повторам и очекувам госпоѓата Арифи конечно да ни одговори на сите. И на Македонците и на Албанците. Каква конкретно алтернативно решение нуди таа?
    Дали можеби барањето азил во Белгија и Швајцарија е едно од алтернативите? Или можеби во западна Македонија ќе почнат да се плаќаат даноци, струја, вода и да се почитуваат законите? Зашто и тоа е алтернативно решение за влез во ЕУ..

    4 Група граѓани, меѓу кои и јавни личности, се заканија дека ќе прават партија на пушачи во Македонија.
    Е, малку задоцниле со партијата. Членството им е осипано. Пушачите веќе одамна удобно се сместени и во власта и во опозицијата. Нова партија не им треба. Си имаат тие партии каде што пушењето секој пат е дозволено.

    5 Бранко повторно најавува пролетна офанзива. Бидејќи имаше успешни есенска и зимска офанзиви, сега напролет ќе имаме уште една најава. За летна офанзива.
    Додуша, на лето се оди на офанзива на грчките плажи. Па ќе го почекаме 15 септември.

    6 Турскиот конзорциум ТАВ ја презеде концесијата на Скопскиот и Охридскиот аеродром.
    Турците се вратија во Македонија. Речиси цел век издржавме без нив. Конечно дојдоа да стават ред.
    Штета што за нивно време немало авиони. Уште тогаш ќе ни го направеа аеродромот. Оти и пругите ни се од нивно време направени.
    Пусто турско, баш ни фалеше.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира