РЕПУБЛИКА БЕЛГИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:133:"Полицијатанемадаказнувааконематезакаченомирисченаретровизорот

    1 Бранко прво најде оправдување зошто градоначалникот на Охрид Александар Петрески заминал за Австралија, а на градот му се заканува поплава. Рече дека, веројатно, градоначалникот и поверувал на Владата која сите ги убедувала дека водостојот на Охридското Езеро е нормален за овој период од годината, и отишол безгрижен на пат.
    Браво за изјавата. Типично Бранкова. Типично СДСМовска. Ептен шизичка. Ама им го плесна… Баш да видиме следниот пат колкумина ќе гласаат за СДСМ во Пештани.
    Бранко му рече на Петрески да се врати веднаш. Ама градоначалникот рече дека ќе се врати за десет дена оти таму имал закажано многу средби со наши иселеници и со градоначалникот.
    Ете колку му се слуша гласот на Бранко. Џабе троши СДСМ пари за реклами за стечајци сведоци, кога ниту еден од двајцата градоначалници што ги има не ја слуша.
    Што е поважен историски момент? Еднаш во сто години да се излее Охридското Езеро и да ти се погоди баш ти да си градоначалник? Или да се замине за Австралија, да се фати крајот на летото за капење во океан? Се тепа ли толкав пат за 10 дена?
    Градоначалникот го бараше бугарскиот премиер Бојко Борисов да помогне. Кој сега ќе ги пречека Бугарите?
    Никој. Тие сами ќе си дојдат. Кај и да е, Петрески кога ќе се врати, ќе ги најде. Ако веќе доаѓаат, Бугарите не си одат толку брзо.

    2 Додека Петрески се среќава со иселеници и градоначалници низ Австралија, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко изјавува дека ситуацијата е под контрола. А кога ДУИ ќе каже дека с е под контрола, тогаш стварно е под контрола.
    Струга го чува Охрид. За инает на Бранко.

    3 Министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами во една ТВ емисија за економските азиланти трипати ја споменуваше “Република Белгија”. Дури четвртиот пат новинарот го исправи и му кажа дека Белгија е кралство.
    Сега сфаќам зошто нашиве Албанци масовно тргнаа за Белгија. И сега сфаќам зошто толку доброволно се вратија. Оти тие претпочитаат република. Не знаеле дека Белгија е кралство.
    Ебате демократијата, ебате. Таму не можеш ни за човекови права да се бориш. Освен ако белгискиот крал не каже поинаку.

    4 Судијката на Апелацискиот суд Виолета Дума го обвини министерот за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена дека лично и се одмаздуваат. Рече дека има среќа што само ќе ја разрешат. Оти можеле да и смислат и други работи, бидејќи таа секој ден возела кола.
    Кога вакви работи кажува апелациска судијка, што може обичен човек да помисли за македонското судство.
    Или, сепак, не е толку страшно. Оти за безбедност во сообраќајот од вчера важи Законот во колите да мора да има и противпожарни апарати.
    Но с уште не се задолжителни шлемови и панцирни елеци.

    5 Кога сме веќе кај Законот за безбедност во сообраќајот и за казните, еве и една добра вест.
    Полицијата нема да казнува ако немате закачено мирисче на ретровизорот. Засега.

    6 Во Албанија, една од најважните земји во регионот, Македонија ќе испрати за амбасадор собраниски службеник на 28годишна возраст. Амбасадата во Тирана ќе му биде трето вработување. Според биографијата која ни ја дадоа во МНР, работниот стаж му тече дури од 2007 година.
    Во скопската Општина Карпош штрајкуваат воспитувачките во градинките што со години се ангажирани со договор на дело.
    За децата не треба да се грижиме. Ним не им требаат воспитувачки за да ги гледаат додека си играат со коцки и кукли. Ќе им го пратиме министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Да види кое дете го бива за амбасадор. Да ги фати уште додека се во развој.

    7 Група граѓани на протест пред седиштето на СДСМ донесе една крава и едно теле. Реагираше ветеринарната инспекција оти ќе испитува дали се прекршени одредбите од Законот за благосостојба на животните. Оти кравата и телето биле злоупотребени за политички цели.
    Неколку дена пред тоа, кардиологот Жан Митрев пред ТВкамерите покажуваше пациенти кои чекаат на ред за операција, затоа што Фондот за здравство не му префрлал пари.
    Значи, кравата и телето не смеат да се злоупотребуваат, а пациентите смее. Оти пациентите свесно се појавија пред камерите. А за кравата не знаеме дали го натерала телето да мука против Бранко.
    Пациентот на кардиолошката клиника ги покажуваше нозете. И тоа можеше да оди на вести.
    Што ли ќе покажуваа пациентите ако се држеше пресконференција од некоја приватна уролошка клиника? Или од гинекологија?

    8 Сме имале голема среќа затоа што на генералниот штрајк во Грција му се придружија и медиумите. Па така останавме без валидни информации за спорот за името.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира