БУНДИ И ШУБАРИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:191:"МинистеротМилеЈанакиескисеуштенемаизјавенодекавоМакедонијанајбезбедноедасепатувасометро

    1 Грците ги откажаа велигденските туристички аранжмани во Охрид. Изгледа дека мораа да останат дома. За да ги пречекаат Македонците кои Велигденските празници ќе ги поминат во Грција. Плус, добија и задача. Некој мора да им ја дере кожата.

    2 И се извинувам на грчката Влада ако смета дека со ова што го напишав погоре сум го преувеличил инцидентот. На воената парада по повод Националниот празник на Грција 25 март, специјалците на поморските сили на грчката армија маршираа и скандираа “Тие се скопјани, тие се Албанци, ќе си направам нова облека од нивната кожа”.
    Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Димитри Друцас остро предупреди дека “Владата во Скопје не треба да го користи овој изолиран инцидент и да го преувеличува”.
    И грчката амбасадорка во Македонија Александра Пападопуло рече дека скандирањето на воената парада во Атина бил изолиран инцидент што не треба да се преувеличува. “Осуден е и секако треба да биде осуден. Не го претставува целиот грчки народ, однесувањето, или менталитетот, или чувствата на грчкиот народ, но ве молиме да не претерувате”, рече грчката амбасадорка Пападопуло.
    И јас мислам дека случајот не треба да се предимензионира. Оти не ги изразува чувствата на грчкиот народ. Туку на една воена единица.
    Уште повеќе од тоа. Македонија и овој пат треба да покаже конструктивност. И проактивна политика. Не ние да бараме извинување од Грците. Напротив. Ние да им се извиниме оти сакале да прават облека од нашите кожи. Извинете што поради глобалното затоплување не може да правите бунди и шубари. И в година немојте случајно да пеете. Пејте намерно. Бидејќи тоа го правите три години по ред
    Многу ми се бендисуваат фразите “изолиран инцидент” и “тоа не ги изразува чувствата на грчкиот народ”. А фашистичките слогани ги извикува специјална единица на армијата на парада пред очите на својот претседател и на најголемиот државен празник.
    Каква држава е тоа кога не може да си ја контролира војската? . Утре може ќе дојдат преку граница, ќе испотепаат цело село и ќе речат “ве молиме не преувеличувајте, тоа беше излолиран инцидент”. А ние ќе бидеме среќни оти не не нападнал грчкиот народ. Не нападнала само нивната војска.

    3 Не видовме и дека ЕУ нешто многу се потресе. Веројатно затоа што Грција е внатре, а ние не сме. А и среќни се што поминаа само со 22 милијарди евра помош за Грција, па си викаат, дај да не ги налутиме пријателите, па солидарно да ни побараат уште пари.
    Замислете кај нас, некоја елитна воена единица, пред да замине во мисија на НАТО, каде што не сме членки оти не сме го смениле името, да скандира дека ќе му дереме кожа на било кого. Не можам ни да замислам што ќе ни се случуваше, кога веќе ионака цел свет се потресе оти сме го преименувале аеродромот и ќе градиме споменик на Александар Велики. При тоа никој не рече дека ќе прави споменици од кожите на Грците. Напротив, за да се направат спомениците Владата прво нас дома ќе не одере.

    4 Кај матичен лекар доаѓа мајка со две мали деца што горат од температура. И и вели на лекарката: “Прегледај го само едното, оти само за еден преглед имам пари”. А лекарката и вели: “Таман работа. Ќе ги прегледам и двете”.
    Ова не е филм. Ова е вистинска случка со која барем еднаш се соочил секој матичен лекар. На кои, како тргнала работата повеќе ќе им се исплати да отворат гранапче, наместо да лечат луѓе.
    Фондот за здравство ќе им дава помалку пари на матичните лекари за пациент. За да има за споменици, ќе се штеди на здравјето.
    Убаво си штедат од нашите пари. Ама така дома нека си штедат. Нека пробаат од семејниот буџет, наместо да купуваат лекови кога им требаат, да си ги трошат парите за шминки и за накит. И така нашминкани и наконтени нека чекаат по редовен пат Фондот да им ги врати парите за лековите и за боледувањата.

    5 Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по три излетувања на возови од шини изјави дека “патувањето со воз е безбедно”.
    Миле не знае дека во Македонија најбезбедно е да се патува со метро. Затоа што го нема.

    6 Лидерот на ДУИ Али Ахмети му се заканил на премиерот Груевски дека ако до јуни не го реши проблемот со името и Македонија не влезе во НАТО, тој ќе ја напушти владината коалиција. Во партијата тврдат дека Ахмети рекол” ако не го оствариме сонот за интеграција, не само што ќе ни падне рејтингот и ќе изгубиме на изборите, туку и ќе не снема како партија”.
    Не ми е јасно зошто Македонија мора да го смени името, само за ДУИ да не се распадне? Да не е тоа малку преголема жртва за Македонија?

    7 Во вторникот беше Ден на дрвото и Владата пак прогласи неработен ден.
    Тешко на државата на која повеќе и се исплатува да не се работи, отоколку луѓето да одат на работа.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира