ЗЕМЈА ДЕМБЕЛИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:157:"КојпедергоскрилписмотоодпратеницитезадастанатхомосексуалцитепречкаконЕУ?

    1 Пред неколку дена прочитав дека според статистичките податоци, од осамостојувањето до денеска во Македонија влегле 2,5 милијарди странски инвестиции, наспроти 3 милијарди евра неповратна помош и заеми од странски влади и владини агенции.
    Па ние сме биле Земја Дембелија. Дваесет години Македонија одбива да порасне. Дваесет години ние чекаме некој друг да ни даде пари и некој друг да ни каже што да правиме. И после божем им се лутиме на странските амбасадори што ни се мешале во внатрешните работи. И што се однесуваат како да се гувернери.
    Нормално е да ни кажуваат што да правиме. Оти тие ги даваат парите. А кој дава пари тој е газда. Тоа што ние не сме ги искористиле тие пари за да пораснеме, тоа е наш проблем, не нивни. Затоа и уште не сме газди. Дури ни на своето име.

    2 Отворените владини седници не се зафрканција, не се ниту фикција. Тие се гола вистина. Затоа и ги даваат во сабота околу полноќ. Во ударен термин за еротски фантазии.
    И тамам ќе си помислиш дека и во оваа конзервативна Македонија ќе се појави некоја разголена дама, ќе се изненадиш со ликот на министерот Веле Самак. Кој мртов ладен минатата сабота околу полноќ ни кажа дека Македонија ја чека нов инвестициски циклус.
    Како тоа нов? А овој стариов го заокруживме? Го помноживме со нула.
    Два дена потоа на отворањето на технолошката зона Бунарџик 2, премиерот Никола Груевски рече дека кризата ќе намалува и “сакаме подготвени да го дочекаме тој период, да не се случи некој да не можеме да го прифатиме само поради тоа што нема изградено инфраструктура во зоната”.
    Бре, бре… Во каков убав свет тие си живеат. Како се занесоа со визиите, наскоро и Бунарџик 3 ќе го отворат. Ќе го прават кај третиот аеродром. Оти од толку инвеститори што ќе слетуваат со авионите ќе се направи задушување на воздушниот простор во овој дел на Европа. Па мора да се изгради и трет аеродром.
    Додека ги крпиме дупките по патиштата и ги бараме украдените шини од пругите, се прави и инфраструктура за нови фабрики. Едната ливада ја поделија на два дела, па за да има повеќе поводи за сечење ленти и говоранции ја крстија во “Бунарџик 1” и “Бунарџик 2”. А ливадата е истата што ги чека Корејците од “Тривју”, Турците со “Шише Џам”, Французите со “Монтипе”, италијанскиот “Орланди”, словенечка “Искра”…
    Ливадата е важно израмнета. Ама ако сакаш како инвеститор да стигнеш до рамниот терен, ќе ти ја извадат маста. Па нема да знаеш што те снашло, од корумпирано судство, преку државна заштита на нелојалната конкуренција, па до потплатувања на државни службеници.

    3 Грција се противи на фразата “македонско претседателство” за претседавањето на Македонија со Советот на Европа.
    Е па сега и Советот на Европа нека сфати што значи да се расправаш со Грција. И наместо да се занимава со состојби на човекови права и разни други слободи, Советот на Европа ќе се троши на расправа како да се именува претседателството.
    Еве уште еден доказ дека Грција не го спори само името. Туку и придавката.

    4 Беше јавено дека се отруле некои турски дипломати што требало да бидат инструктори во МНР. Ама изгледа не било труење. Кога виделе што сорта се македонските дипломати што требало да ги подучуваат, веднаш добиле пролив.
    Потоа турските дипломати ги однеле во болница. Па кога ја виделе болницата избегале од таму. Ама бегајќи им оставиле абер на Турците од ТАВ да ги испотрујат нашите.

    5 Полицијата не го информирала градоначалникот на Шутка Елвис Бајрам дека Пазаришната инспекција ќе конфискува фалсификувана стока.
    Да му кажале, ќе ја ставеле стоката под тезга.
    Но тоа не е толку проблем. Сега се отвори уште работа за ОБСЕ. До сега полицијата не можеше да влезе во албанските села без дозвола од ОБСЕ. Сега не ќе може да влезе ни во Шутка.

    6 Еврокомесарот за проширување Штефан Филе испратил писмо до премиерот Никола Груевски со барање во Законот за антидискриминација да се вметне и сексуалната ориентација. И покрај тоа, Владата не поднесе амандман и пратениците го изгласаа законот без делот за дискриминација со основа на сексуална ориентација. Тие велат дека гласале без да знаат за писмото од Филе. Па така хомосексуалците станаа пречка на патот кон ЕУ.
    Кој ли бил толку голем педер да го скрие писмото од пратениците?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира