КАЛАШНИКОВ ДИСКРИМИНАЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:142:"Каквоеденовивевреметонавашатапланета,господиневицепремиерНаумовски?

    1 Завчера Бранко беше во Кратово да ги ислуша кратовци како му се жалат од Ѕинго. И изјави дека “овде не се работи само за приватизирање на една компанија или една фирма, туку, според зборовите на многумина, се работи за приватизирање на цел еден град или една општина”.
    Бранко, па не сме од вчера. Се сеќавам дека кога бев новинар во “Вечер”, една моја колешка од Економската рубрика беше казнета со цела плата затоа што објави текст за приватизацијата на “Силекс” во Кратово. Тогаш “Вечер”, како дел од НИП “Нова Македонија”, беше во општествена сопственост, а премиер беше Бранко Црвенковски. Се сеќавам дека неколку пати баш Ѕинго и неговата партија и беа коалициони партнери на СДСМ, дека во твоите влади седеа министри на Ѕинго. И додека те гледам како си прикажуваш со кратовци треба да ти поверувам дека искрено мислиш да ги преиспитуваш приватизациите на Ѕинго.
    Во тоа време имаше и еден легендарен настап на Ѕинго на некој од предизборните митинзи со прашањето: “Кој го тоа направи?”. Навистина.
    Кој го тоа направи, друже Бранко?

    2 Прво Али Ахмети ги пушти Теута Арифи и Ермира Мехмети да се закануваат дека ако до јуни не се реши проблемот со името и Македонија не влезе во НАТО, ДУИ ќе ја напушти Владата и ќе прави институционална криза.
    Потоа некои невладини организации најавија дека на 10 мај ќе протестираат пред Врховниот суд во Скопје против дискриминацијата од македонското мнозинство.
    И треба да протестираат. Стварно се дискриминирани. Затоа што по потпишувањето на Рамковниот договор во Македонија не е веќе доволно да бидеш Албанец и член на албанска партија што е во владина коалиција за да добиеш државна работа. Не е доволно и ако ти простуваат што не плаќаш даноци, струја и вода, и полицијата нема пристап на твојата територија. Туку еве веќе цели девет години им е ускратено правото да земат пушка и да пукаат на сопствената држава.
    Важно е да се протестира против дискриминација. На Албанците им здодеа да бидат дискриминирани. Па макар и позитивно.

    3 Еден кандидат полагал возачки испит. Откако паднал, го отворил багажникот, извадил калашников и се вратил за да пука во испитната комисија.
    Сигурно и тој се чувствувал дискриминиран. Будала човек. Што ќе му е возачка дозвола, кога си има калашников.

    4 Владата призна дека доцни со враќањето на ДДВ на фирмите. А ако фирмите не платат ДДВ навреме и не ги исплатат платите на вработените државата ќе ги затвори.
    И воспитувачките што со години работат во државните градинки непријавени с уште одвреме навреме протестираат пред својот работодавач – пред Владата. А ако најдат во некоја фирма диво вработени, ќе ја затворат.
    Затоа тие се држава, а ние не сме.

    5 “Метастаза”, “Пепел”, “Змиско око”, “Бумеранг”, “Раскољников”, “Планинска бура”, “Босфор”, “Столб”, “Франкфурт”, “Пирин”, “Велес”, “Сава”, “Банкомат”, “Змеј”, “Албатрос”, “Аперитив”, “Лихвар”, “Детергент”…
    Ова не се имиња на кафеани. Ова се имиња на големите акции на македонската полиција.
    Повеќе време потрошиле за да ги смислат имињата отколку да ги фатат криминалците. Иста банка во центарот на Скопје се ограбува секои две недели, четири деца исчезнаа наводно за трговија со органи што полицијата не го негира, пасошите и личните карти се чекаат со месеци како да се печатат на Марс, ама затоа имињата звучат многу акционо.

    6 Според препораките на еден словенечки професор, македонската администрација треба да се модернизира преку тест за интелигенција. На кандидатите за нови вработувања во државната администрација треба да им се мери коефициентот на интелигенцијата.
    Не се сомневам дека вицепремиерот Васко Наумовски има доволно висок коефициент на интелигенција. Веројатно затоа и решил да ја навредува нашата интелигенција. Со следнава изјава: “Оваа Влада има цврста определба да изгради една независна, ефикасна и модерна јавна администрација, која нема да биде под политичко влијание на која било политичка елита”.
    По оваа изјава имам само едно прашање до Васко Наумовски. Какво е деновиве времето на вашата планета, господине вицепремиер?

    7 СДСМ наполни 19 години. Тамам. Сега се најдобри за секс. Време им е конечно да се пуштат во промет.

    8 Со новите идеи за кооперативност што стигаат од Грција, тие всушност сакаат ние да бидеме среќни што тие ја прекршија Привремената спогодба и затоа треба да го смениме името. Звучи исто толку апсурдно, како кооперативноста на Грција.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира