ГОЛ ГАЗ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:169:"НенисеГрцитевиновништонашитеполитичариизбраледабидемевазаливосопственатаземја

    1 Фино имаше кажано американскиот амбасадор Филип Рикер кон крајот на минатата година дека извесно време ќе молчи и нема да дава изјави. Оти кај нас се знае, што и да каже американски амбасадор, тоа е закон. Затоа и ме загрижи завчерашната изјава дека “прашањето за името мора да се реши, бидејќи ако не се реши, се поставува знак прашалник за иднината на Македонија”. Плус дека “не треба фокусот да се поставува на решенијата кои не се прифатливи туку на тие што се прифатливи.”
    Ај малку да размислуваме како возрасни луѓе. Тоа што Рикер рече дека се поставува прашалник за иднината на Македонија, не треба да биде чуденка. Оти, нели, повеќето граѓани се за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО и, нели, ако не го смениме името, нема ни ЕУ ни НАТО, и со американска прагматичност тоа значи несигурна иднина.
    Да го анализираме и вториот дел од изјавата. Рикер вели да сме се фокусирале на решенијата кои се прифатливи, место на тие што не се прифатливи. Е ајде де, да се фокусираме. На единственото прифатливо решение. Република Македонија, што би рекле Грците “ерга омнес”.
    Само што ако се фокусираме на ова прифатливо решение, пак ќе заклучиме дека ниту САД ниту ЕУ се подготвени да ни помогнат. Затоа што за нив тоа е потешкиот пат. А тие, нормално, сакаат да си поминат полесно.

    2 Изјавата на Рикер и не ме загрижи толку. Тоа е нормален притисок на појакиот врз послабиот. А јас одамна ги изгубив илузиите за некаков висок морал во меѓународната политика.
    Но она што ме загрижува е што ни премиерот, ни Владата, а ни пратениците во Собранието не се осмелија љубезно да го замолат американскиот амбасадор да се воздржува од коментари кои длабоко ја вознемируваат македонската јавност.
    Во крајна линија, што можеме ние да очекуваме од нашата политичка и интелектуална елита која не само што не може да го замоли таканаречениот меѓународен фактор да не се меша во внатрешните работи на Македонија туку, напротив, го моли тој да ни ги реши проблемите.
    Зошто странските дипломати би ги решавале нашите работи во наша корист? Рикер прима плата од Вашингтон, а Фуере од Брисел. Тие ги испратиле во Скопје за да ги штитат интересите на САД и на ЕУ, а не на Македонија. Така што, наместо нашите политичари да плачат за неправедната меѓународна политика, треба од амбасадорите во Македонија да учат како се брани државниот интерес на својата земја. Кој сака постојано да му плачеш дека Грција не е фер, а не нудиш решение? Им здодеавме. И наместо нашиве да се занесуваат со приказните дека сега Грција е во долгови, па Европа и САД ќе ја притиснат за Македонија, нека се стават малку во позиција на Ангела Меркел и нека размислат логично. Што се приоритетите на Германија? Да го спасува еврото, или Македонија? Се знае. Германската канцеларка ги брои десетиците милијарди долари од нејзините гласачи за спас на европската економија, ама тоа не е ништо во однос на фактот дека светот се врти околу Груевски, Црвенковски, Ахмети и Тачи. Така изгледа ако главата ја држиш цело време во песок. А забораваш дека газот ти е откриен.
    Па после ќе се чудиме ако пак, како во 2001 година, “меѓународните” ни дојдат со готово решение. И ќе ги натераат нашите државници со среќни насмевки да позираат кога нешто ќе потпишуваат. Па од жива радост, тоа и во Устав ќе го преточиме.
    Не ни се Грците виновни што нашите политичари избрале да бидеме вазали во сопствената земја. И не само оваа влада. Сите досегашни. Оваа дури и најмногу отпор пружа.
    Сменети се само адресите од каде што стигаат изјавите кои треба да н потресат. До 1991 година доаѓаа од Белград. Сега доаѓаат од Брисел и од Вашингтон.

    3 Ден пред изјавата на Рикер, стигна и писмо од меѓународниот фактор со загриженост за иднината на Рамковниот договор. Но најмногу ми остави впечаток оној дел од писмото кој повикува на политички дијалог.
    Политички дијалог со кого? Со тие што се на црните листи во САД и во ЕУ. Со тие што не им даваат виза да одат во нивните земји? Тие таму не се добредојдени ни на одмор да им одат, а тука во Собранието треба закони да носат. И уште да ги молиме законите да бидат европски.

    4 Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, на пуштањето на новата зграда на СВР Скопје прими полициски рапорт. Командирот рапортираше: “Безбедносната состојба во Скопје е редовна”. Што значи тоа редовна? Среде бел ден ограбена е уште една банка, а разбојниците не се фатени. Има уште едно убиство во кафеана, а убиецот е во бегство.
    Надвор од редовната состојба е само тоа што некој полицаец подведувал малолетнички и ги продавал како проститутки. Олеснителна околност е што бил вработен во единицата за чување на дипломатските претставништва. Па почнал да размислува дипломатски. Слушнал дека
    Европа е курва, па решил и тој европски да се однесува. Станал макро.
    Зошто полицаецот макро излегува од редовната состојба од рапортот? Затоа што него го фатија. А зошто го фатија? Затоа што им е во двор. Не можел да избега во непознат правец од центарот на Скопје.

    5 Вчера влегов во една аптека. Уште на вратата аптекарките ми викнаа: “На рецепт нема ништо”. Да не се мачам да прашувам, да вадам книшки, рецепти, па тие да ти одговараат.
    Директорката на Фондот за здравство Маја Парнарџиева и министерот за здравство Бујар Османи рекоа дека тие не одат по аптеки. Им верувам. Стварно не одат штом тврдат дека лекови на рецепти има доволно.
    Добро е што сме биле трети реформатори во светот. Замисли да бевме први реформатори. Тогаш лекови ќе немаше ни без рецепт.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира