БАБА РОГА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:242:"Покрајтолкукриминалноактивниполицајциивојници,нееничудоштополицијатанеможедафатиниедендругкриминалецосвенсвоите

    1 Јохан Тарчуловски ќе одлежи 12 години како единствен осуденик од Македонија во Хашкиот суд за воени злосторства, но тоа не е причина за загриженост за мирот во земјата. Дури ни европратеникот Ерван Фуере не даде изјава дека тоа може да ги влоши меѓуетничкиоте односи. А ни американската амбасада не се појави со соопштение во кое ќе изрази загриженост за иднината на земјата и ќе повика на политички дијалог и доследно спроведување на рамковниот договор.
    Баш ме интересира како сега, по конечната пресуда за Јохан ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе се договорат за пензиите за борците на ОНА. Оти ако не се договорат, тогаш тоа ќе биде лошо за меѓуетничките односи. Така викаат Али Ахмети и неговите пратеници што се жалат кај сите странци што се тука и што доаѓаат на гости.
    Баш ме интересира и како ќе заврши судскиот случај со малтретираните работници. И дали и останатите хашки случаи ќе се судат во Скопје.
    Оти, ако Македонците се сеќаваат на своите жртви во Вејце, на разнесените со експлозив во Бриони, на малтертирани градежни работници, на 12-те киднапирани…, тогаш тоа е лошо за меѓуетничките односи. Ама не е лошо тоа што Јохан ќе биде 12 години во затвор. И при тоа најдобро е да заборавиме дека Македонија се бранеше затоа што беше нападната од албански терористи. И Македонците треба да бидат среќни оти 9 години по кофликтот се уште единствената отстапка што лидерите на партиите на Албанците ја прават е што отворено не се закануваат дека пак ќе се фатат за пушка.
    Тоа наместо нив го прават претставниците на САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО во Македонија. Тие им дадоа улога на жртви, а сега им даваат улога на держурна Баба Рога. Во 2001 година, Македонците ја изгубија војната. Ама, ако Баба Рога ги откопа калашниковите. ќе ја изгубат и државата. Така викаат странците. А се знае. Штом странците викаат, тоа не е закон. Тоа е посилно од пророштво.

    2 Во четвртокот имаше некаков обид за протест на студентите во Скопје. Се собраа дури 24 студенти. Толку изброил нашиот фоторепорер. Можеби гледал со симпатии. Па му се виделе толку. Може биле и помалку.
    Ден пред тоа протестираа 8.000 студенти во Словенија. Тоа бил асли протест. Дури и прозорците на Парламентот ги расчукаа.
    Во сите нормални држави Владите се плашат од студентски протести. Само во Македонија студентите се плашат да протестираат. Оти како која партија доаѓа на власт, си прави своја студентска организација.

    3 Во емисијата “Зебра” на Алфа ТВ, Миленко Неделковски како гостин најави дека следен чекор ќе биде формирање здружение за ликвидација на непријатели и рече дека “кон предавник не може да има друг говор, освен говор на омраза”. При тоа зборува како новинар и за ликвидација на новинари кои тој оценил дека се предавници.
    За Советот за радиодифузија повиците да се ликвидираат сите предавници во Македонија не е “класичен говор на омраза”. Туку каков е? Антички? Или барокен како Скопје 2014? Можеби модерен, или постмодерен?
    Ако ова на Миленко не е класичен говор на омраза, тогаш соопштението на Советот за радиодифузија е пример за класично незанимавање со својата работа.
    Оценката за тоа дека во Македонија нема класичен говор на омраза Советот ја направил повикувајќи се на стандардите на Советот на Европа.
    Пуста Европа. Стана оправдание за секакви глупости во земјава.

    4 Последната успешна акција на полицијата е што фати крадец на две банки. Тој бил капетан во АРМ и сам се предал. Пред тоа гардист во АРМ во улична пресметка уби човек. Друг гардист ограбувал банка. Полицаец бил макро и водач на група за подведување. Специјалец од МВР ограбил бензинска пумпа. Полицаец силувал малолетничка. Негови колеги дилале дрога. Полицајци од имигрантскиот оддел на аеродромот шверцуваа луѓе…
    Покрај толку криминално активни полицајци и војници, не е ни чудо што полицијата не може да фати ниеден друг криминалец освен своите. А веројатно и нив не би ги фатила да не им доаѓаат редовно на работа.

    5 Си доаѓам дома пред некој ден од работа и читам предупредување во влезот дека парното ќе ни го исклучат оти сметките за греење ги платиле само 48 отсто од станарите. Си се почудив малку, си викам мала зграда сме, четири ката, плус во општина Центар, во главниот град на државата, можно ли е ова, и си пуштив телевизија да гледам вести за да заборавам на проблемот со комшиите.
    Кога на вестите, добра вест од Лисиче. Турска компанија ќе градела најмалку четири стокатници. И баш си реков, кој ли во Македонија ќе се осмели да купи стан на 40. кат на пример? Бидејќи тие до триесеттиот кат нема да сакаат да плаќаат за лифт оти нема да го користат. Па кога ќе се распавкаат гаќите по терасите оти на 50-ти кат ќе бидат поблиску до сонцето, па кога ќе ги накитат кој со тенда, кој со ламарина, собче со зелени, собче со црвени прозорци, па кога ќе се растечат тоа еркондишните, цело време ќе врне… Една убавина, Лисиче и без споменици ќе биде полично од барокниот центар.
    Каков цивилизациски шок е тоа? Колку чифта влечки и чевли ќе треба да помирисаш кога нема да работи лифтот? И колку ли ќе мирисаат ќесите за ѓубре пред толку врати мултиплицирани со толку ката? Ќе мора од Санитарна инспекција да интервенираат да ги иселат. Потоа го прежалив благајникот на Куќниот совет. Оти ако кај нас во мала зграда и со малку станови не може да собере пари од сите за чистачка и за светло, како ли ќе собере во стокатницата и за лифтовите.
    И на крај си се утешив. Нам ни се закануваат дека ќе ни го исклучат парното. Во стокатниците ич нека не им го вклучуваат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира