ОХРИДСКА ОЗРАЧЕНОСТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:162:"ИмблагодарамнаМајк,Џорџ,Џон,НикиСтивштонидаваатподдршкаданегоменувамеимето

    1 Завчера гледав вести на телевизија и се потресов. Одеше кајрон “Настани на денот”, и драматична најава “Александар Македонски отруен со вода од грчка река”. Леле… Кога се отрул? Па до затворањето на весникот ништо не му беше. Како можеше да пропуштиме таков настан? Зошто не прогласија Ден на жалост? Ако беше така немаше поповите да светат камен темелник на тениски игралишта. Ќе правеа панихиди за покојниот. А и на премиерот Груевски не ќе му се фаќаше лопата во раце. Кој мисли на преродба во состојба на траор?
    До сега научниците тврдеа дека Александар починал од тифус, или маларија. А сега некои американски научници тврдат дека се отрул со вода од некоја река што извира на Пелапонез. А умрел на забава, по 12 дена агонија во Вавилон.
    Како го однесоа толку брзо од Грција до Ирак? Со брза пошта!?

    2 Не сум еден од просечните Македонци што поминуваат пет часа и 18 минути дневно пред телевизор, ама признавам, упорно се трујам со вести. И одвреме – навреме налетувам на забавни прилози. Како што беше извештајот на Алфа ТВ за бучавата во Охрид за време на туристичката сезона.
    Допизсичката јави дека жителите на стариот град се под седативи. Една госпоѓа се жалеше пред камерата: “Нон стоп сме в полиција. На телефон ги молиме да дојдет. Кој се к’пит, кој не знам голи, облечени, вриштат, пиштет, јас не знам она… Па уште ко ќе имат кариоке, со оние трубине за навивајне…”
    Смешно е. Ама, што е најтрагично госпоѓата е во право. Таа се жали на безаконието. Односно, се жали дека има закони, ама не се почитуваат. Оти, ако некој плаќа лиценца за ноќен клуб или дискотека и се повлекол на периферија, или вложил во добра изолација, не може да им дозволиш на тие што не платиле ништо да работат до зори.
    За да го заокружи прилогот за непочитувањето на законите, новинарката му зема интервју на општинскиот инспектор за животна средина. Тој се жали дека е немоќен против бучавата, пуши во канцеларијата, ја тресе цигарата во пепелникот и дува во камерата.
    Што е ова? Закон за забрана за пушење? Инспектор? Бучава?
    Тоа се вика Охридска озраченост.
    Не треба да се лути охриѓанката. И инспекторот нека продолжи да си пуши во канцеларија. Сезоната во Охрид кратко трае, па Охриѓани мораат од денот да на прават два. Среќа што е така. Кај и да е, уште еден викенд па на Охриѓани и ова лето ќе им мине како лош сон во летна ноќ.

    3 Во црквите низ Охрид што се под заштита на државата се наплаќа влезница. На ценовниците на портите стои: странци – 100 денари, возрасни – 50 денари, деца – 30 денари.
    Ај ова со цената за странци – тоа им е остаток од комунизмот. Цената за возрасни – ако веќе не се верници нека дадат за заштита на црквата како споменик. Ама цена за деца?
    Па нели се туристички работници? Ни во хотел за деца не се наплаќа. Им даваат спиење и појадок без пари. А за да влезат во црква ќе платат.
    Затоа чувајте си ги децата при себе. Случајно некое да не влета в црква. Одморот ќе ве чини поскапо.

    4 Многу сум им благодарен на Мајк, Џорџ, Џон, Ник, Стив и уште дузина патриоти што не поддржуваат да не го менуваме името.
    Тие за да се вклопат во новата средина, кога се иселиле, за да живеат подобро си ги смениле македонските имиња. А никој не им барал. Ама идентитетот не го смениле. А богами и менталитетиот им останал ист.

    5 По повод отпуштањето на новинарите од Канал 5 неколку пати побарав инспекции по медиумите. Да се види колку се исплаќа плата на рака, а колку преку сметка, кој дели месо, а кој бум пакети како дел од плата, кој колку должи за пензиско осигурување, кој не плаќа ДДВ на рекламите на сопствените производи во сопствените телевизии, кој незаконски поседува и телевизии и весници, кој поради политичка функција и не смее да има телевизија, кој исплаќа дневници, а кој не, кои новинари поради тоа што газдите не им даваат дневници молат за кафе од разни Шефчиња на кабинети сервилни од благодатрност оти ги прошетале во странство…
    Но, еден помлад новинар од А1 побрза да му се додвори на газдата. И во прилогот рече: “Најтивки беа тие што требаше да бидат најгласни, Здружението на новинари испрати само штуро соопштение, а т.н. иницијаторите за реформи наместо слобода, од власта побараа да испраќа инспекции во медиумите.
    Е па, јас сум тој од тие таканаречените иницијатори за реформи на ЗНМ што побарав инспекции. И младиот колега не морал да се плаши од мене. Слободно можеше да ми го каже името. Не сум му газда за после да му се одмаздувам. Само што до сега сум мислел дека се борам за слобода на новинарството. Ама надежните новинари што се против инспекции за нивниот газда ме убедија дека сум бил во заблуда со моето сфаќање за слободата на медиумите.
    Според нив, вистинска слобода на медиумите е кога новинарите можат слободно да сакаат газдата да ги злоупотребува и експлоатира за сопствените бизниси и политички амбиции. И ете зошто медиумите на Велија се најслободни.
    Е па драги мои колеги друг пат не ми барајте изјави за било каква слобода, ако не сакате да се почитуваат законите. Не сме ние зрели ни за подобри газди, ни за подобра влада.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира