СТАРО РАДИО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:152:"Цели19годининеможемедасепомиримесофактотдекаМакедонијаенезависнадржава

    1 Им завидувам на тие што ги споија празниците и викендов, па избегаа надвор од земјава. Не се белки толку мазохистички расположени, па бидејќи не можат да гледаат вести на телевизија, да им текне да отвораат вести на Интернет. На тој начин се спасуваат од редовната празнична доза на труење.
    Денот на независноста го прославивме со потсетување колку ни била, колку ни е и колку ќе ни биде неуспешна државата. Еве како:
    Бранко славеше посебно. На една височинка над скопско Драчево ги собра сопартијците, се прекрсти пред црква, запали свеќа и порача дека иднината на земјата е доведена во прашање, загрозена е ЕУ и НАТО перспективата, економијата пропаѓа, сиромаштијата расте, не се знае што е власт, а што криминал, што е полиција, а што е мафија.
    Премиерот од височинката на Охридското кале му врати: “Бранко Црвенковски го опишува неговиот мандат со криминалите и неработењето. Мислам дека подразмислил малку и зборува за работите кои тој ги правеше”. Демек кој си вика, за себе си вика.
    Во право е Бранко кога вели дека е загрозена иднината на Македонија. Но не само поради оваа власт. Туку и поради тоа што немаме опозиција.
    Бранко мисли дека за да го победи Никола, доволно му е на празник само да ги сподели со народот катастрофичните фантазии за иднината на државата. А Никола се занесува дека е успешен, само ако се спореди со Бранко. Едниот рече дека земјата е ужас. А другиот му одговори: “Беше ужас и во твое време”.

    2 На најголемиот ден, ние се занимававме со катастрофичните фантазии на опозицијата и со саркастичното мудрување на власта. Така е секој 8 Септември, еве веќе 19 години. Така е и секој Илинден сите овие години откако Македонија стана независна. Ви текнува на циркусите од Мечкин Камен секој Втори август, нели? Уште од кога Сребра го плукна Киро со непозната течност во шише од вода, па до денес.
    Поминаа 19 години, а ние уште не можеме да се помириме со фактот дека Македонија е независна држава. Затоа и сите други не престасаа. Оти претпоставката независна подразбира и зрело и одговорно однесување. А нам, ту Грција ни е крива, ту Бугарија ни е крива, ту Србија ни е крива, ту Косово ни е криво, ту Албанците прават проблеми, ту Црквата не ни е призната, ту криза не фати, ту опозицијата не чини, ту Европската унија не е принципиелна, ту Американците ни го вртат грбот…
    Пред 19 години никој не очекуваше дека ќе биде лесно. Тешко е, ама ќе бараш чаре. А ние бараме виновници оти не можеме да успееме. Еднаш кога ќе тргнеш да бараш виновници, постојано ќе ги наоѓаш.
    И од себесожалување, еве до кое дереџе дојдовме. На најголемиот празник не можеме да му се израдуваме.

    3 Претседателот Ѓорге Иванов се пофали дека во вилата “Билјана” во Охрид нашол некое старо радио и самиот го поправил. Изгледа дека Ѓоле на старото радио слуша и стари вести. Па постојано раскажува што се случувало во 1995 година. И како тогашното државно раководство пропуштило шанса за НАТО и за почеток на преговори со ЕУ.
    Би сакал да го потсетам Ѓоле две работи. Прво дека сега не сме 1995 година туку 2010. И второ дека во 2010 година тој е Претседател на Македонија. Нека го прифати еднаш тој непобитен факт. Ние го прифативме. И нека почне, конечно, да се меша во својата работа.

    4 Никогаш Македонија нема да стане членка на Европската унија. Затоа што веќе станавме Америка.
    Се радуваме на отворање на секој голем трговски центар. И осмоодделенки се проституираат за да можат да си купат скапи крпчиња во трговските центри.
    А на родителите им е виновна државата оти децата им се дебели и анемични, а девојчињата на детски фестивали пеат за дечковци, облечени во црни мрежести чорапи, нашминкани повеќе од мајките.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира