ЕВЕРЕСТ ЛУСТРАЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:53:"Секојимаправодабидекодош

    1 Една пензионерка завчера, следејќи го на телевизија целиот циркус околу таканаречената лустрација и дебатите за тоа кој бил кодош, кој не бил и зошто бил, а зошто не бил, зачудено ми постави логично прашање: Добро, се мачи ли земјава со нешто? Имаме ли некој сериозен проблем, па што н замајуваат со тоа што се враќаме толку далеку?
    Е па изгледа имаме. Имаме многу проблеми, ама еден е многу сериозен. Ние не знаеме да спроведеме закон.
    Идејата на лустрацијата е да се спречи луѓе што во време на комунистичкиот режим, благодарение на соработката со тајните служби, напредувале во кариерата, уништувале туѓи кариери, човечки судбини, да бидат носители на јавни функции.
    И за тоа си има закон. И законот си кажува кој се смета за кодош и каква е постапката за утврдување дали бил или не бил кодош.
    Зошто с е испревртено и политички изманипулирано во оваа држава?
    Прво Комисијата за лустрација беше избрана во Собрание. За секој нејзин член се знае која партија стои зад него. Оттука и не зачудува дека и дискусиите и материјалите по кои се дискутира кои, според законот, треба да бидат тајни, се појавуваат и по партиите. Инаку, како би знаел премиерот дека член на Уставниот суд е кодош, пред да се донесе решение за тоа? Како би знаел Тачи дека пратеник на ДУИ е кодош, ако членовите на Комисијата, предложени од ДПА, не му го кажале тоа. Или кој им кажа на медиумите кој од пратениците е на проверка кај лустраторите, за да можат тие да нацртаат фоторобот? И кој им шепна дека некои од нив ќе одат во Државниот архив да си ги бараат сопствените досиеја? Па ги чекаа да излезат низ врата или низ прозорец.
    Притоа, за да биде целиот циркус поголем, Комисијата со надгласување одлучува дали фактите кои членовите ги имаат пред себе се факти или не се. При што е изгласано дека претседателот на Уставниот суд бил кодош, а двајца пратеници не биле.
    И да не сакаат да личи на манипулација, личи.
    Сега се зборува дека дури и членовите на Комисијата кои треба другите да ги лустрираат, самите не се чисти. Директорот на Државниот архив ги поканува сите што помислиле дека се кодоши да одат сами да си ги проверат досиејата. А претседателот на Уставниот суд обвинува дека неговото досие е фалсификат. Па за да ставиме уште малку зачин во кашава, и јас да се пофалам дека нешто и мене ми кажале, а досега не е објавено. Еден пратеник се правдал пред членовите на Комисијата за лустрација, предложени од неговата партија (демек, неговите лустратори), дека во неговото досие му е уфрлен договор со кој тој, наводно, потпишал дека ќе соработува со УДБА.
    И како капак на с, во Собранието на Македонија има две комисии кои треба да ги контролираат тајните служби. Ама досега не одржале ниедна седница.
    Така што Законот за лустрација се спроведува исто како што се спроведуваат сите закони во Македонија.
    Затоа најдобро нека се одложи неговата примена. Како што се одложуваше спроведувањето на законите за ХАСАП, за патриотски фискални каси, па потоа за непатриотски фискални каси, па за куќни совети, па за пререгистрација на коли со странски таблички, така нека се одложи и овој закон. Како што доцневме 20 години, ќе почекаме уште 20. Белки тогаш политичката и интелектуалната елита ќе биде подготвена. Ако не, тогаш кодошите природно ќе се лустрираат. Ќе умрат.

    2 Среќа што во Македонија сите циркуси траат една недела до десет дена. Од понеделник, здравје, ќе се смисли нешто друго. Важно со лустрацијата веќе завршивме. Исполнивме уште еден критериум за ЕУ.
    Ние немаме концепт за иднината, а не, пак, да расчистиме со минатото. Кај нас минатото никако да се симне од грбот на иднината. И после 20 години демократија, УДБА ни е судба. А и ОЗНА се дозна.

    3 Никола Груевски рече дека во секоја држава е дозволено секој, вклучително и премиерот да си го каже сопственото мислење за кого било, па и за Уставниот суд.
    Арно ама, премиерот не е секој. Кога би бил секој, не би бил прв министер во Владата. Од изјавата на секој не зависи дали ќе биде дискредитиран еден од столбовите на државата. Ама кога дава изјава премиер, тогаш тоа е подривање на Уставниот суд. Особено што тој секој е и лидер на голема партија и на владејачката коалиција и има мнозинство во Парламентот и во Комисијата за лустрација, која одлучува со надгласување.
    Во Македонија целиот систем е поткопан со политички манипулации. Затоа и коментарот на ваков секој има малку потешки последици отколку што би имал во нормална држава. А Груевски ако сака да си го задржи правото да коментира како секој, тогаш како премиер нека работи на тоа да обезбеди стабилен систем без партиски манипулации. А тој, како ни другите премиери досега во спроведувањето на ниеден закон тоа не го покажа, па ни со спроведувањето на Законот за лустрација.

    4 Директорот на агенцијата за млади и спорт Диме Спасов објаснува дека од критериумите за добивање на пензија за врвни спортски остварувања ќе отпадне препливувањето на Ла Манш и качувањето на Монт Еверест.
    “Видовме дека неодамна 60годишна жена го преплива каналот, а успеа тоа да го направи и човек без долни и горни екстремитети. Значи, во иднина нема да има пензија за македонските пливачи што ќе го препливаат Ла Манш. Ќе отпадне и условот за качување на Монт Еверест, зашто се работи за качување на планина, а не за освојување олимписки или медал на светско првенство”, објасни Спасов.
    Ако толку било лесно да се преплива Ла Манш, зошто тогаш за сто години само тројца од Македонија досега го препливале? И зошто само четворица се качиле на Еверест, од кои едниот загина спуштајќи се?
    Во држава во која на деца им е дадено да делат државни пензии и во која луѓе гинат од електрошок на див шанк на плажа, јас би очекувал и посмешна изјава од еден 24годишен директор на државна агенција.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира