БАРОКНО ОГЛЕДАЛО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:151:"БашмиегајлекакомеоценуваЕвропаакојассамзасебенесидавампреоднаоценка

    1 Не знам дали јас се повторувам во своите текстови или ова пак ни се случува. Еве што сум пишал на 6 октомври 2007 година.
    “Комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен му рекол на претседателот Бранко Црвенковски да се погледне во огледало и да каже дали Македонија му личи на земјакандидат за ЕУ.
    Јас сабајлево се погледнав во огледало. И можам да му кажам на Оли Рен дека не сум само кандидат, туку и сосема спремен за ЕУ. Само што европратеникот мене не ме ни прашува.
    Не само јас. Знам уште многу луѓе, можеби и речиси два милиона граѓани на Македонија кои ако не се спремни, барем се многу сериозни кандидати за ЕУ. Само што тие не се ни во Владата, ни во Собранието, па и нив никој не ги прашува.
    Не знам што гледа Бранко во огледалото пред себе, ама еве што гледам јас:
    работам во фирма што ги плаќа даноците, пензиско и здравствено осигурување и пријавен сум на цела плата;
    ги почитувам законите;
    ги почитувам сите вери и националности и остро се противам на полова и сексуална дискриминација;
    остварувам дијалог во секоја смисла на зборот и политички и неполитички;
    ако со некого влезам во спор, одам на суд и не вадам пиштол за да го убијам;
    не носам калашников на свадба и не се тепам на работното место и на улица;
    барам фискални сметки во продавница и пријавувам мито и корупција;
    работам нормално работно време и пак успевам да остварувам;
    плаќам патарина;
    чекам во редици и за излез и за влез во земјата;
    не доцнам на приеми и на состаноци;
    поддржувам и домашни и странски инвестиции;
    не возам 200 на саат низ град;
    плаќам струја, вода и одржување на лифт, а ѓубрето го фрлам во контејнер;
    гласам на избори.
    Извини, господине Оли Рен, ама моето огледало дава европска слика за мене. Ги исполнувам сите обврски кон државата. Значи се однесувам како секој нормален граѓанин на ЕУ.
    Дури и Грците ако ептен се заинаетат, па решат да ми прават проблеми, нема да имаат аргументи за да го блокираат моето европско интегрирање. Затоа што не се викам ни Александар.

    2 Три години подоцна ликовите се малку променети. Бранко не е претседател, а на местото на Оли Рен сега е Штефан Филе. Ама огледалото ја дава истата слика.
    Затоа нека не раскажува приказни вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски дека на патот за Брисел сме ги поминале и Белград и Будимпешта и веќе сме стасале до Виена.
    Каква Виена, Васко, кога уште не сме го поминале ни Табановце. И тоа она Табановце што смрди на ѓубре и мочки оти Царината што е задолжена за граничните премини немала пари за одржување.
    Велат, срамота било што гледале странците кога влегуваат во Македонија. Баш ми е гајле што гледаат странците. И на Табановце и на Блаце. Ѓубрето и смрдеата се ликот за нас. Јас живеам во тоа ѓубре. Јас не можам да истерам правда во суд. Јас не можам да се лекувам без врски во јавното здравство. Јас немам воз да стигнам нормално до Битола. Јас не можам да стигнам од работа до дома ако падне дожд во метрополата. Јас шетам од шалтер до шалтер барајќи некој што е од оваа или онаа партија да ми заврши работа. Да набројувам уште?
    Е токму затоа никаде нема да стигнеме ако цело време се занимаваме со тоа што рекле другите за нас. Како сега со Европскиот извештај. Баш ми е гајле како ме оценува Европа ако јас сам за себе не си давам преодна оценка. Што ќе ми се барокните кулиси што Груевски ни ги лепи по плоштадот на главниот град кога внатре тоалетите ќе смрдат?
    Зошто им е на нашите политичари извештајот на ЕУ? За да им кажат како живееме? Толку ли немаат контакт со реалноста? Или само за да може опозицијата да ја критикува власта, а власта да се фали дека имало некаков напредок. И да се жали дека ЕУ не е фер.
    Е па не е фер. И знаеме дека не е фер. И ми здодеа веќе 20 години да чекам некој да биде фер.
    Ама не е фер ни Груевски што имаше историска шанса, огромно мнозинство и најстабилна власт досега да смени нешто што нема врска со претходните владејачки гарнитури. И да воведе европски стандарди на живеење, а не стандарди на ВМРО-ДПМНЕ.
    А не е фер ни опозиционерот Црвенковски, кој додека бил претседател плаќал експерти со наши пари за да му помогнат да ја урне владата на државата на која и е шеф. И уште вели дека ако имал повеќе пари во буџетот, уште повеќе ќе плаќал.
    Е па фала и чао.
    Тоа фер ли е? Зошто да очекуваме дека кој било бирократ од ЕУ ќе биде фер кон нас, кога не се фер тие што ние сме ги избрале?
    Дури Фуере и најфер излезе. Се извини дека не ни го споменуваат македонскиот јазик. Го викаат државен јазик. Барем признаваат дека имаме некаква држава.

    3 Не палете се на извештајот од ЕУ. Јасно е дека нема да н примат додека не донесат политичка одлука. Како што донесоа и за Бугарија и за Романија, и за Естонија и за Словачка… Со името ЕУ само купува време. А и нашиве исто така. И власта и опозицијата.
    Туку, дај да си се погледнеме во огледало. Баш ми е гајле дали ќе н примат во ЕУ, ако пред огледалото можеме да си речеме дека сме направиле с што можеме за да бидеме задоволни кои сме и како живееме. А, сега не можеме.
    На крајот на краиштата, не може Европа повеќе да н сака нас отколку што ние самите си се сакаме и се грижиме за себеси.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира