ПАРТИСКИ РЕКЕТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:380:"Акосомнежотзакриминалзавршисамосотоаштоќесеобјавивомедиумите,акрајнатацелнеедавладееправототукудасепретставидекаситесмеистиапаши,тогашвеќенениможемедакажемедекаимамедржава

    1 Излезе извештајот на Советот на Европа за Косово, кој откри дека премиерот Хашим Тачи, ОВК и целата раководна структура биле организирана мафија која шверцувала органи, дрога и луѓе. Тоа го правеле десет години пред очите на цела Европа и САД, а овие ги толерирале оти косовските Албанци требало да им одработат друга агенда.
    Тоа е извештај за Косово. Разбирам зошто се побуни Хашим Тачи. Ама зошто се побуни Али Ахмети и неговата ДУИ? Да не знаат борците за човекови права нешто повеќе за Жолтата куќа која ја споменува бившата обвинителка на Хашкиот трибунал за воени злосторства Карла дел Понте? И зошто, како што откри Викиликс, поранешниот премиер Бучковски барал да не се враќаат предметите од Хаг? Нели еден од тие случаи е и оној со единаесеттемина киднапирани и исчезнати од Тетовско? Да не знае ДУИ каде се, па затоа побрзаа да го осудат извештајот на Советот на Европа?
    Веќе 20 години се што ќе направат Албанците мора да биде добро, затоа што така викаат ЕУ и САД. Сега одеднаш ЕУ и САД не викаат така, па јасно е зошто дури и ДУИ се најде погодена.

    2 По третпат ќе се реконструира покривот на Тетовската болница. Првата реконструкција била во летото 2007, втората во февруари 2008. Откако минатиот месец од ветер падна покривот и загина една девојка, ќе се реконструира уште еднаш. Ама сега, според директорот Атила Реџепи, реконструкцијата ќе се изведе “според строги критериуми за квалитет и безбедност”.
    Зошто досега критериумите не беа толку строги? Немало “наша” фирма што може да ги спроведе? Ако сега е важен квалитетот, што било важно во првите две реконструкции? Провизијата?

    3 Болните во Клиничкиот центар во Скопје останаа без храна оти државата шест месци не и плаќала на фирмата која снабдува. Државата должела милион евра.
    Откако фирмата се закани дека нема веќе да носи храна, министерот за здравство Бујар Османи и го прекина договорот. Им рече дека парите требало да си ги бараат на суд. Кај шест месеци не им плаќале туку, според договорот, ќе мораат и во отказниот рок од 4 месеци да снабдуваат со храна.
    Можеби луѓето мислеле дека ќе им задоцнат еднадве фактури, па прифатиле таков договор. Кој да помисли дека државата нема да плаќа храна за болните.
    Исто како со градежните фирми кои ги прават зградите нарачани од Владата. Од Владата им доцнат со уплати, па овие, бидејќи немаат пари, доцнат со градењето. За на крај да платат казна оти не ги почитувале роковите.
    Наравоучение: Не фаќај си бизнис со државата. А ако не работиш со државата, од друг работа нема да видиш. Бизнис клима вечна зима.

    4 Многумина деновиве ми се ситеа кога А1 извади документ со кој, наводно, се потврдува дека компанијата во која работам пере пари во странство. Демек, и МПМ била иста како Велија. Наводниот документ е стар една година, а настанот, наводно, се случил пред две години.
    Ми велеа, ај сега да те видиме што ќе напишеш.
    Сто пати сум напишал и пак ќе напишам. Да не мешаме баби и жаби. Ние, за разлика од фирмите на Перо Наков б.б., не се плашиме од контроли. Исто како што од секоја контрола не сме правеле насловни страници, оти не сме ја сметале за упад врз слободата и демократијата.
    Напротив. Ние инсистираме државата да го испита случајот. Нашата компанија е сериозна и за да не го доведе под прашалник сопствениот углед, веќе најави внатрешна истрага.
    Ние не знаеме дали имало случај. Ама ако има макар и сомнеж за таков случај, а државата не го испита и не го разреши, тогаш ќе бидам убеден дека не го решава не затоа што не може туку затоа што не сака. А не сака за да може да манипулира. Да вади документи кога ќе и текне за да дискредитира кого ќе и текне.
    Исто како што со години го оставаа Велија да си пржи кикиритки во Телевизија и да ги витка во бесплатни весници со грепки, и се правдаа дека не ги пуштал да му направат контрола.
    Денеска предмет на омаловажување се новинарите и медиумскиот бизнис. Но валканите кампањи нема тука да завршат. Тоа утре ќе се однесува на секој поединец и на секој бизнис, без оглед која партија ќе биде на власт. Ако сомнежот за криминал заврши само со тоа што ќе се објави во медиумите, а крајната цел не е да владее правото туку да се претстави дека сите сме исти апаши, тогаш веќе не ни можеме да кажеме дека имаме држава. Имаме партиски рекет. Без оглед која партија го прави.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира