ПРЕМИЕР ВО СЕНКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:146:"Милошоскинемапотребадасадиотивеќеимапосаденодоволнодрвапоамбасадите

    1 Минатиот петок, една моја колешка од “Дневник” не ја мрзело да си ја врши работата и ја проверила вебстраницата со регистарот на земји во Обединетите нации. Колешката откри дека атрибутот “македонски” е избришан од графата за државјанство и од графата за јазикот.
    Се дигна фрка, во понеделникот се вратија и јазикот и државјанството. И приказната заврши. Засега. Додека не се направи нова “субвезрија” што би рекол министерот Милошоски. Или пак “тежок прекршок”, како што објасниле во Кабинетот на генералниот секретар на ОН Бан Ки мун.
    Се сеќавам дека поранешната грчка амбасадорка во Скопје ја повлекоа преку ноќ во Атина затоа што за “Фајненшел тајмс” имаше изјавено дека мора да се има предвид фактот што многу земји ја признале ФИРОМ како Република Македонија. Само името што и го спомена на државата Дора Бакојани ја спакува амбасадорката. Не и требаше ни еден ден за пакување.
    Да беше Македонија нормална држава, до сега веќе амбасадорот во Њујорк Слободан Ташовски ќе беше спакуван и вратен во Скопје. И ќе имаше друг, на кој, кога веќе се очекуваат субверзии од Грците како што предупредува неговиот шеф Милошоски, регистарот на држави ќе му беше почетна страница на компјутерот. Со него да се отвора и со него да му се затвора екранот.
    Е па Грците си ја вршат работата. И тоа сериозно. Колку што тие работат за наше лошо, ние не работиме за наше добро.
    Затоа министерот Антонио Милошоски немаше потреба вчера да се приклучи на акцијата за садење дрва. Оти веќе има насадено доволно дрва по амбасадите.

    2Најлесното оправдување е: “Е па Грците се таму. И многу се јаки и безобразни”. Да, таму се. Ама нашиве и кога се таму, како да ги нема.
    Премиерот Никола Груевски не се појави на прес-конференција во Брисел на која се појавија неговите колеги од десничарските партии од регионот. Прво го најавија, но рекоа дека ќе задоцни, па потоа дека нема да учествува. А од Кабинетот го оправдаа дека не било ни предвидено да се појави.
    А зошто не било предвидено? Зошто да се пропушти приликата да се зборува пред странски дописници во главниот град на ЕУ и во седиштето на НАТО? И тоа во моменти кога сме актуелни со проблемот со Грција. Баш ми е гајле што ќе ми каже Груевски за името сликан покрај некоја лопата во некое село. Уште помалку ми е гајле кога ќе го исплука Бранко.
    Дома е премиер, а во странство е премиер во сенка.
    Таму нека им кажува. Па и нека одговара на незгодни прашања. Колку може да се незгодни прашањата. Понезгодни ли се од шансата што ја добиваш в лице да им плеснеш за неправдата што ти ја прават?
    Така што нека не се правда Груевски дека Грците се таму и дека се јаки. И тој беше таму. Ама со целиот легитимитет што го има да ги претставува ставовите на Македонија се скри. Вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски велеше дека на патот кон Брисел сме стасале до Виена. А премиерот стаса до Брисел, ама што фајде од тоа.

    3Ајде да погодуваме од три пати што ќе се случи наскоро со земјиштето за хотели што за 40 евра квадрат го купуваат луѓе од власта.
    Ќе потпише министерот за транспорт Миле Јанакиески некој подзаконски акт. Па како што со одлука на тричлена комисија локациите за петкатници во Општина Центар се претворија во локации за десеткатници, и хотелите ќе станат станбени згради. И кога Уставниот суд ќе го поништи законот, ќе речат дека судиите се на Бранко и антиевропски. А становите веќе ќе бидат продадени. И парите собрани.
    Ете го крајот на транзицијата. Грабежот на јавните добра за лична сметка стана метод на владеење. Ама нема партија што има образ да се побуни против тоа. Камоли да го спречи.

    4Македонскиот Барак Обама, Имер Селмани стана полош и од Сара Пелин. Организираше протест оти пописот како во сите нормални земји ќе бил во април, наместо во јули или август. Затоа што Македонија не е нормална земја. Зошто? Затоа што треба да се попишат тие што не живеат тука. А тие што живеат тогаш привремено се селат на плажа во Грција.
    Следниот пат и Барак Обама да дојде, како што се покажа Селмани, не верувам дека ќе добие гласови од Македонците оти им бил симпатичен. Убавината навистина е минлива.

    5Државата го казнила Т- Мобиле со 800.000 евра за злоупотреба на услугата “говорно сандаче”. А на измамените граѓани никој нема да им ги врати парите.
    Не можеле да пресметаат колку да им вратат на граѓаните. Како пресметуваат камата на фиксните текефони ако еден ден задоцниш со плаќање? Веројатно полесно.
    Т- Мобиле ќе ја плати казната. И буџетот ќе добие 800.000 евра плус. Ама државата е и акционер во Телеком групацијата. Па со парите што Т-Мобиле ги наплатил од говорните сандачиња во буџетот ќе влезе и дивидендата. Ем државата ќе се офајди, ем Телеком среќен оти не ги вратил парите на корисниците. А нам што ни останува? Да и се жалиме на Владата. Да и се јавиме и да и оставиме порака на говорното сандаче.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира