ФАЛШ ИНТОНАЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:85:"Зоштонеезгоднапаролата"КуалаЛумпуренаш!"

    1. Тоа што дури и седумгодишните деца Албанчиња од Македонија, за разлика од нивните врсници Македончиња, многу добро знаат дека спогодбата што е потпишана со СРЈ е штетна за Македонија, во никој случај не може да ја потврди тезата дека дури и малите деца сонуваат за големи држави. Меѓутоа, тоа што пратениците од албанските партии во Македонија во Собранието упорно нé убедуваат дека со спогодбата се игнорираат интересите на Косово и на Албанците во Македонија, покажува дека нив Македонија им е последна на ум.
    Пратеникот Руфи Османи вели дека “владите на Јужните  Словени пеат секогаш иста песна, кога се во прашање правата на Албанците”. Каква врска имаат  правата на Албанците во нашата јужнословенска држава што се вика Македонија со правата на Албанците во другите југословенски држави, па и несловенските, па ако сакате и со правата на Албанците во Албанија, и сето тоа во меѓусебното приз­на­ва­ње меѓу Македонија и СР Југославија? Кога сме веќе кај песните, не ќе е лошо да ја фатиме интонацијата на песната што се пее во оваа конкретна јужносло­вен­ска држава што се вика Македонија, во чија влада унисоно настапуваат четвори­ца министри и петмина заменици, претставници на албанското избирачко тело. Ако веќе ја фатиме нивната интонација, станува јасно дека во песната, што ја пеат здру­же­но со своите македонски колеги, фалшираат. Не е важна Македонија, не е важно нејзиното заокружување на државноста, не е важно избегнувањето на воени­от ризик. Важно е Косово. И најважно е ако може на север да нема никаква граница, да немаме дефинирана територија на државата и кога ќе дојде време да се реши албан­ско­то “прашање”, тоа да се реши – на глобално ниво. Со други зборови: “си­те Албанци во една држава”.

    2. Баш им е гајле на Албанците што ние немаме море. И што сега сме пред тешка дилема кое пристаниште од соседните земји да го одбереме да си биде наше. Велат, сите се тепале за Македонија. Ние сега ќе треба да избираме помеѓу Солун, Драч, Бургас и Бар. Со оглед на нашата политика на еквидистанца, тоа може да излезе нерешлив проблем.
    Среќа што во меѓувреме допатува малезискиот премиер со едно чудо народ. Малезијците решиле да ни ги отворат очите. Се договорија да отворат директна линија Скопје – Куала Лумпур. Тие ја туркаат идејата од скопскиот аеродром да направат база од која ќе можат да тргуваат со сите земји од овој регион. Така што и нас би можеле да нé ослободат од главоболките. Не ни требаат ни Солун, ни Драч, ни Бургас, ни Бар. Одиме за Куала Лумпур.
    Единствената фалинка на ова новооткриено воздушно пристаниште е што на таму не нé влечат историските корени. Не можеме да го споредуваме со Солун. ВМРО не е основано таму. Гоце Делчев никогаш не стапнал во Куала Лумпур. Па дури ни Александар Македонски, колку и да бил мегаломан, не успеал да стигне до Малезија. Најважно од сé е што тешко ќе се привикнеме на паролата: “Куала Лумпур е наш!”

    3. Либералите бараат ребаланс на функциите во Собранието. Сега, откако нивниот лидер Стојан Андов повеќе не е претседател на Парламентот, потребно им е некое претседателско место на посилна собраниска комисија.
    Најавено е дека либералите ќе бараат Стојан Андов да биде претседател на Комисијата за надворешни работи. Не верувам дека Илинка Митрева, претседателката на таа комисија, ќе му даде.
    Госпоѓата Митрева го научи министерот Фрчковски редовно да ѝ доаѓа на седниците на Комисијата. И Андов би сакал да му доаѓа Фрчко. Ама никако да го фати. Прво се обиде со анкетната комисија за атентатот врз претседателот Киро Глиго­ров. Да беше претседател на таа комисија, Фрчковски ќе мораше да му дојде, зашто на 3 октомври минатата година беше министер за внатрешни работи. Сега, како министер за надворешни работи, единствениот начин да му оди на Андов е ако овој стане претседател на Комисијата за надворешни работи. Така би излегло дека Андов и Фрчковски се судбински поврзани.
    Не е јасно како на оваа најава за ребаланс на собраниските функции ќе реагира самиот министер Фрчковски. Што мислите, кога би требало тој да избира, дали би ја избрал Илинка Митрева или Стојан Андов?

    4. Една куса вест од градската хроника, објавена деновиве, ме поттикна на размислување. Салонот на “Мисла” на самиот влез во Градскиот трговски центар во Скопје поради работење со загуба ќе се претвори во бутик за кожна облека.
    Има најмалку две објасненија зошто книжарницата се претвора во бутик.
    Едното е дека сопственикот на дуќанот, кој се наоѓа на извонредно ударно место, едноставно не знае да работи и не знае на полиците да донесе изданија кои и според изборот и според цената ќе бидат мамка за купувачите.
    Второ објаснение е дека тие што купуваат книги во овој момент немаат пари тоа да го прават. Тие пак што купуваат бунди веќе измериле колку метри книги им треба­ат и  одамна ги ставиле во регалот. Така што и тие што купуваат бунди повеќе не купуваат книги. Оттука и пазарната логика зошто на тоа место подобро оди бутик за кожна облека отколку книжарница. Бундите излегуваат од мода, а книгите не.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира