КРОКОДИЛ ДАНДИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:180:"НајновотодостигнувањееградителскоточудопатотдоманастиротнаТоше,долгдури807.490милиметри

    1 Дојде време да се радуваме на уште едно големо остварување кое не може да помине без присуство на премиерот Никола Груевски. Тоа е патот до манастирот на Тоше долг цели 807 метри. За такво градителско чудо вреди и премиерот да го остави кабинетот среде работна недела, и министерот за сообраќај и врски Миле Јанакиески да се истопори да сече лента.
    Некои телевизии се обидоа да го минимизираат и овој успех на Владата, со тоа што известија оти Никола и Миле пуштиле пат долг речиси еден километар. Пих… Еден километар. И тоа не цел. А на таблата зад нив убаво се гледаше бројката 807,49 метри. Така што, ако веќе сакаме прецизна информација која уште повеќе ќе го потенцира градителското достигнување, треба да стои дека премиерот пуштил пат долг дури импозантни 807.490 милиметри. И за да биде информацијата уште посилна, Бичиклиски треба да каже дека Бранко е крив оти наместо 900, се изградиле само 800 метри пат. Оти парите за стоте метра отишле на пуштањето чешмички. Или на почетокот на градбата на Велес Прилеп, преку Бабуна. И тоа двапати.

    2 Бранко беше крив и за македонскоалбанската тепачка кај Нерези оти, според ВМРО-ДПМНЕ, тој ги контролира комитите преку командант Коки.
    А Бранко доби кабинет на такво стратешко место во Скопје, што веќе не му треба контрола на ништо друго. Доволно е да погледне низ прозорец на раскрсницата, и ништо не може да му се измолкне. Во ист момент гледа ем кон терасата на Никола и Боркица ем кон влезот на седиштето на СДСМ во Бихаќска.

    3 Комитите се степаа со шверцерите на мостот Обединети нации.
    Ова не е наслов од цртан филм. Ова е вистинска случка од Скопје, Република Македонија, во првата половина на 21 век.
    Во 1903 година, кога е направен првиот мотор “харли дејвидсон”, ние направивме црешово топче. Еден век подоцна дојде време комитите да се бијат со шверцерите. А Обединетите нации во оваа приказна се само колку да н потсетат дека помеѓу овие два настана поминал еден цел век.

    4 Да имаше во неделата кај Нерези барем 10 отсто од полицајците што беа вклучени во акцијата за сечење на дрвата на Илинденска, сигурно немаше да се случи тепачката меѓу комитите и шверцерите. Ама министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска само што се беше вратила од одмор. Била кај дечкото што е на постдипломски во Велика Британија, и во Шкотска го ловела чудовиштето Неси. Замислете што несреќа ќе н снајдеше дечкото да и студираше во Австралија. И Гордана таму да го ловеше крокодилот Данди. Немаше да може да ги фати ни овие осум комити што тргнале со камења на фудбал. Да не зборуваме дека допрва треба да ги лови оние што излегоа со секири на Партизанска да ги чекаат комитите. Не е по Бадентер. На осум комити требаше да уапси барем двајца шверцери.
    Освен ако тие со секирите не биле излезени на мостот со намера да ги сечат дрвата на Партизанска. За да не бидат покусо од Илинденска.
    Комитите се навивачката дружина на “Вардар”. Шверцерите се навивачите на “Слога”. Тоа што се степаа во Нерези покажува дека Карпош настрада како колатерална штета меѓу Центар и Чаир.
    Во приказната уште ги нема и “балистите”, “мајмуните”, чкембарите”, “војводите”, “рибарите”, “паткарите”…
    И кога сите тие ќе ги фатат будалите, тоа што почнува смешно како на цртан филм, ќе заврши како грчка трагедија.

    5 Кога сме веќе кај правичната застапеност, би ги поддржал родителите на основците Албанци што бараат во медицинското училиште “Панче Караѓозов” во Скопје да се запишат сите 262 ученици без да полагаат квалификациони тестови. Тогаш, според Бадентер, треба да се запишат барем 750 Македонци, ама и тие без тестови.
    Ај што бараат да се запишат на школа, може да сфатам. Ама зошто да се запишат без тестови? Го пишува ли тоа во Рамковниот договор? Или ќе го пишува?
    Сега не е страшно што со протести и уцени бараат да се запишат во медицинско училиште. Најстрашното н чека кога ќе завршат. Дали тогаш ќе н уценуваат и дека треба да се разболуваме? За да имаат кого да лекуваат. И ако не се разболуваме, тие ќе н разболуваат. За да н боли повеќе.
    6 Државната агенција МИА по повод стоте дена на новиот претседател Ѓорге Иванов вчера објави дека “во врска со евроинтеграцијата, очекувањата на шефот на државата, врз основа на контактите што ги има со меѓународни претставници, се дека Македонија наесен ќе добие позитивен извештај од ЕУ”.
    Со кои меѓународни претставници имал контакт нашиот Ѓоле? Да не имало некој заскитан странски турист тогаш кога шеташе низ Старата скопска чаршија да купува тамбури?
    7 Кога гледав на телевизија како двајца големи и важни бизнисмени се полеваат со вода, се караат и си фрлаат клетви, и тоа пред ТВкамери, ми стана јасно зошто рецесијата ја одмина Македонија. И зошто транзицијата никако не заминува.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира