ТОКМАК И БАНАНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:150:"АкопетокракатагобришешеАлександар,немораАлександардајабришепетокраката

    1 Си легнуваш во петок навечер нормален. Вечерта те удира токмак во глава. И во сабота се будиш со изгубена памет.
    Гледаш конгрес на СДСМ. И бидејќи ништо не се сеќаваш, оти си удрен со токмак, си викаш: “Види што фина партија. Види им го лидерот како убаво зборува. Социјалдемократи свртени кон европски вредности. Браво. Ќе прават праведно општество. Имаат решенија за Македонија. Супер изгледаат…”.
    За среќа, во петок никој не те удрил со токмак по глава. И во сабота се будиш наспан и одморен. Гледаш конгрес на СДСМ, гледаш нова програма, нови социјалдемократи за праведно општество, свртени кон Европа… Супер изгледаат. Ги слушам и се согласувам со нив дека Владата не чини, дека е популистичка, дека ништо не направила за три години, оти троши неброено пари за глупости, дека н кара со цел свет, оти нема демократски капацитет, дека владее со поттикнување страв…
    Одеднаш, се појавува Бранко. Вели дека тој има решение. И ја урнисува убавата слика за новата македонска левица.
    Каква нова партија, каква нова програма со старото лице? Кој ми нуди решенија за проблемите? Тој што ги правел проблемите? Цела транзициска генерација израсна со неговото име, и сега тој се претставува за жртва на нечии грешки?
    Бранко сака да се пресоздаде самиот себеси како нов лидер на новиот СДСМ. Ама за негова жал, не страдаме сите од амнезија.

    2 За негова среќа, пак, добро е што тука му е ВМРО-ДПМНЕ. Оти ако некој може да го врати Бранко на власт, тогаш тоа е само ВМРО.
    Опседнати со него и хистерични кога само ќе му се спомене името, тие се подготвени да платат стотици независни интелектуалци да зборуваат за Бранко и да нарачаат илјадници минути платена политичка програма во телевизиите на коалиционите партнери. Ќе направат с само за да го направат популарен. Оти видоа дека самиот не може.

    3 Го менуваат грбот на државата, а Грција тоа не го побара од нас.
    Владата вели дека со бришењето на петокраката, Македонија ќе се ослободела од старата идеолошка матрица. Туф, туф, туф… Што убаво било срочено… Ако веќе расчистуваме со идеолошката матрица, ај тогаш да им ги расчукаме и бистите на партизаните.
    Нека го бришат грбот. Ама и нека извинат што тогаш кога Македонија прв пат во историјата станала држава, владееле комунистите. Таква ни била среќата. За жал, таа среќа ја немале нашите потомци ни за времето на Кирил и Методиј, ни со Климент и Наум, ни со Гоце и Даме.
    Во случајот со Македонија, петокраката најмалку има симболика на комунизмот. Таа и најмалку има врска со идеолошката матрица за Македонија. Може да се толкува и како симбол на државноста. Или барем потсетување на еден период од историјата кога македонскиот народ изборил државност.
    Кај е сега новата левица со стариот лидер? Не се бунат оти се плашат да не влезат во идеолошката матрица? Или имаат амнезија, па заборавиле што направиле претходниците од нивната партија за оваа држава?
    Не дека бришењето на петокраката ќе ми го покрие минусот на кредитните картички. Не дека од утре ќе живеам полошо без петокраката на грбот. На крајот на краиштата, рамнодушен сум.
    Но многу ми пречи дека се сетија на петокраката, а не им текнува дека треба да пратат некого во Полска на одбележувањето на 60годишнината од почетокот на Втората светска војна и борбата против фашизмот. Сите во регионот околу нас што беа фашистички сателити се испрчија на прославата во Гдањск, а нас н немаше. Сите што ги депортираа Евреите се пофалија дека ги спасувале, а ние што ги спасувавме, не бевме на прослава оти немавме време. Бевме зафатени со расчистување со идеолошката матрица. За да не бидеме комунисти, преку ноќ заборавивме дека сме биле антифашисти.
    Ако петокраката го бришела Александар, мора ли тој да ја брише петокраката. Белки Александар е попаметен. Како попаметен и го избиравме на избори. Освен ако и тој, како и новиот лидер на СДСМ, не си има некој токмак скриен зад врата. Па одвременавреме си се мава по глава.

    4 На местото на петокраката нема да се става никаков симбол. Рекоа дека така нема никој да се лути и ќе се избегне општа караница.
    Мислам дека, сепак, на врвот на грбот би можеле да ставиме банана. Не за да му покажеме на светот дека сме банана држава. Скраја да е. Туку затоа што со бананата, исто така, нема да има зошто да се караме. Ќе ја прифатат и Македонците и Албанците. И десницата и левицата. И тие што се за антиквизација на Македонија и тие што се држат до словенизацијата.
    На крајот на краиштата, со бананата ќе докажеме дека нашето потекло е многу подалечно и поизворно од Александар.

    5 Минатата недела беше објавено дека лани Македонија изгубила 16 случаи на Меѓународниот суд во Стразбур. А Германија изгубила 10 случаи.
    Македонија со 16 пресуди на два милиона жители и Германија со 10 милиони на 80 милиони жители. Нека пресмета претседателот Ѓорге Иванов колку е тоа во проценти. Тој е по математиката.
    Јас немав време да сметам оти ги гледав на телевизија сопствениците на “Градски аптеки” Благој Механџиски Зегин и Трифун Костовски. Едниот му викаше на другиот: “Кој к.. бизнисмен си ти?” (и тоа два пати). Другиот одговараше дека со господинот Б.М. не би сакал ни овци да молзе. И објасни дека го именува со иницијали оти не знае дали е Благој Механџиски или Баронот Минхаузен.
    Во еден момент Зегин рече: “Ова е правна држава!”. И тогаш ми олесна. Штом Зегин тврди дека Македонија е правна држава, значи навистина е правна. И не ме чуди што сите во Стразбур бараат правда.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира