ЦК СКЈ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:214:"МаксималистичкобарањенаМакедонијаезавременанашитедржавнипразниципродавницитевоСолундаработатподолго

    1 Луѓе, ситуацијата е сериозна. До Си Ен Ен стигна работава.”Сител” доби конкуренција. Наместо ексклузивата, како што вообичаено бива, да ја соопшти од студиото на коалициониот партнер во Градскиот парк во Скопје, премиерот Груевски од студиото на Си Ен Ен во Лондон ни кажа дека нема да има предвремени избори.
    Новинарот Ричард Квест ги доби заслужените пет минути слава.
    Кога го видов премиерот на американската станица како се фали со економските можности на Македонија ми поминаа трпки низ телото. Секогаш тој Си Ен Ен ме потсетува на војната во Босна и онаа клетва од средината на деведесеттите “Да даде Господ да ти ја има куќата на Си Ен Ен”. Тоа значеше дека куќата ти гори.
    Му гори на Груевски. Дома, не толку, ама надвор прилично е сардисан од сите страни. ЕУ сака да го седне на директни преговори со Папандреу, Американците го оставаат самиот да се мачи, Али Ахмети почна да шурува со Бранко… А тој наместо да гради единство за да му помогнат пред конечната пресметка со Грција, прави неединство пишувајќи писма за конечна пресметка со тие што не мислат како него.
    Да си останеше Груевски ексклузивно на “Сител” никој немаше туку така, со ништо предизвикан да го праша каков му е тој повик за последна битка со политичките противници, како што го изненади новинарот во студиото во Лондон.
    Добро е што баш Ричард Квест го праша Груевски дали верува во европски вредности, а пишува такви писма. Се сеќавам дека човекот имаше некаква афера со малку дрога и го фатија гол во Централ парк во Њујорк, во два по полноќ. Се правдаше дека страдал од несоница. Ама такво оправдување не поминува во Комуникацискиот центар на ВМРО-ДПМНЕ. На Бичиклиски ќе му напишат изјави за едно петшест прес конференции за да го разобличи провокаторот што сака да ги минимизира успесите на Владата.
    Можеше да биде и пострашно. Замислете интервјуто да го правеше Кристијан Аманпур. Таа се појавува кога се ќе се заврши. Отако се ќе преживее, после ни раскажува. Ричард Квест доаѓа како забава, ама кај Аманпур се изгледа како катастрофа.

    2 На почетокот на седумдесеттите години од минатиот век, бев ученик во основно училиште кога секоја вечер моите гледаа вести на црнобелиот телевизор и слушаа што кажува спикерот за некакво страшно “писмо на Тито”. Вестите секоја вечер почнуваа со “писмото на Тито” и јас се чудев колку ли било долго тоа писмо што го читаат со денови и недели и како не му било на Тито тешко да го напише.
    Овие од Владата се родени после писмотона Тито, па можеби и не чуле за него. Веројатно само Михајло Маневски од сеќавање му шепкал на Груевски некои фрази до “целокупното членство, сите партиски структури и поединци, се до последниот човек во месните комитети”.
    Многу ме интересира како Груевски ја замислува конечната пресметка со транзиционите политичари што сега повторно се буделе оти сакале да се вратат на власт. Оти како што пишува, “во претходните политички процеси тие беа поразени, но не исчезнаа”.
    Македонија ги негува европските вредности, како што се пофали премиерот и тоа подразбира дека во политичката борба ништо не може да биде конечно. Победуваш на избори, ама по извесно време има други избори, па поразениот има шанса да победи.
    Како во демократското сфаќање на ВМРО-ДПМНЕ некој може да биде ем политички поразен, ем да исчезне? И тоа конечно. Засекогаш!? Ќе ги праќаат во затвор? Или директно во рајот?
    Се прашувам дали на Обама би му било тешко да состави вакво писмо против опозицијата оти, замислете ги неранимајковците, сакаат да се вратат на власт. На Тито сигурно не му било тешко. Учел од Сталин.

    3 Власта се оправда дека нивното писмо било многу помалку опасно отколку повикот на бунт на Бранко.
    Зарем тие навистина уште мислат дека Бранко може да направи бунт? Еве дури и да повика на бунт. Еве, дури и да излезат луѓето да се бунтуваат. За кого би се бунтувале? И за што? За да направи нешто што можел да го направи до сега во неколку мандати, а не го направил!?
    Да се вратиме на Тито и на предтранзиционите непријатели кога важеше паролата: “Народ што има ваква младина, не треба да се грижи за својата иднина”. Денеска важи: “Власт што има ваква опозиција, не треба да се грижи за својата иднина”.
    Ние треба да се грижиме.

    4 СДСМ излезе со предлог за решение на спорот за името. Рекоа: “Власта да почне иницијатива за посредникот на ОН да организира заедничка средба и на таа средба да се каже кој до каде може да отстапи од максималистичките барања”.
    Од кои максималистички барања треба да отстапи Македонија во спорот со Грција. Што им бараме ние на нив па нашите барања да се максималистички? Да го поевтинат кафето на Халкидики? И за време на нашите државни празници продавниците во Солун да работат подолго.

    5 Вчера објавивме дека на администрацијата на САД и здодеало петнаесет години ништо да не се случува во преговорите со Грција. Напишавме дека Американците креваат раце од Македонија.
    Сепак мислам дека ситуацијата не е толку безнадежна. Добро е што креваат само раце. Уште не кажале дека ќе ги кренат нозете. Па да не дигнат на клоци.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира