ВИРУС ВЕТО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:108:"ТиебожемќенеприматвоЕУ,аниебожемќегосменимеимето

    1 Прво ни даваа прашалници. Па ние одговаравме на нив. Потоа не караа дека заостануваме со реформите. Па после не фалеа дека успешно сме ги остварувале реформите, ама треба да продолжиме. После ептен не фалеа и ни викаа дека многу добро ни оди, толку добро што ни сами не сме свесни за тоа. Па ни ставија некакви рокови. И викаа дека сега му е мајката за решение. Дошло време да се зграпчи моментумот. Ако не сега тогаш којзнае кога, или никогаш. Во меѓувреме, ни се заканија дека ќе дигнат раце од нас и дека сами треба да си го решиме проблемот. А решението е на дофат.
    И што научи Македонија од оваа приказна? Дека и богатите и силните, ама и помалку богатите и послабите, кога треба да си го заштитат сопствениот интерес, подготвени се да ги преземат сите мерки кои им стојат на располагање. Не се сомневам во нивната добра волја да ни помогнат и им верувам дека навистина не сакаат. Ама знам дека, пред се и најмногу, тие се сакаат себеси и сакаат сами да си помогнат. Исто како што ние самите си се сакаме себеси. Само што имаме една мана. Ние повеќе сакаме тие нас да не сакаат. И затоа се тресеме на се што ќе кажат од Брисел, од Вашингтон, од Атина и од секое ЕУ претседателство кое се менува на шест месеци.
    И Карл Билд затоа дојде ненадејно и тајно во Скопје. Да ни покаже дека не сака и сака да ни помогне. Ама и да не увери дека себеси се сака повеќе. Шведска, како претседавач на ЕУ, е потврдено сериозна држава и не сака во нејзин мандат ЕУ да заболи од вирусот на ветото. Затоа што може да предвиди дека по ветото на Словенија за Хрватска и по заканата за вето од Грција за Македонија ќе се отворат многу болни места во ЕУ што не се имуни на тој вирус.

    2 Новата наградна игра се вика “Најди го Билд”. Завчеравечер новинарските екипи беа стратешки распоредени насекаде низ Скопје. Едни чекаа пред “Александар палас”, други пред “Холидеј ин”, трети пред резиденцијата на шведскиот амбасадор на Водно, четврти пред Владата. Мобилни екипи ги крстосуваа најфреквентните раскрсници низ градот. За да биде драмата поголема, и еден полициски хеликоптер вежбаше ноќно летање. И по целата брканица, Владата излезе со соопштение дека Билд дошол да и “честита на Република Македонија за досегашните успеси во спроведувањето на реформите и модернизацијата на општеството”. А ние, наивните, сите мислевме дека дошол да не кандиса да го смениме името.
    На крајот на денот, целата оваа фрка околу тајната вечера со Билд и очекувањата од средбата на Груевски со Папандреу ќе се сведе на еден познат резултат. А тој е: Тие божем ќе не примат во ЕУ, а ние божем ќе го смениме името.

    3 ВМРОДПМНЕ не спие. Излезе Бичиклиски и ни кажа дека СДСМ има подготвено две сценарија. Едно, во случај да има резултат од преговорите со Грција, и друго, во случај преговорите да не успеат. Во првиот случај ќе ја обвинат Владата за предавство на името, а во вториот ќе ја обвинат дека ја води земјата во изолација.
    Убаво е што ВМРОДПМНЕ ни кажа дека СДСМ има некакви сценарија. Ама упорно не кажува дали тие имаат две сценарија. Едно, во случај да се постигне договор со Грција, а друго, да не се постигне договор. За сценаријата на СДСМ баш ми е гајле. Затоа што ВМРОДПМНЕ е на власт. И важат нејзините сценарија.

    4 Прилепчанец со кола го носел болниот татко во болница. Им свирнал на полицајци за да се тргнат од патот за да помине. И после го видовме исчукан во главата како со брза помош го носат во болница.
    Според верзијата на централата на МВР во Скопје, полицајците ќе бидат казнети оти го натепале прилепчанецот.
    А според портпаролот на СВР Битола, тој ги нападнал полицајците, “при што што се удрил во шофершајбната и од ударот паднал на земја”. Ај што сам се повредил и паднал на земја, туку МВР му поднело и кривична пријава за напад на полицајци.
    Наравоучение: Следниот пат ако ако ве запре полицаец, веднаш почнете да мавате со главата по шофершајбна и викајте брза помош.
    Полесно ќе поминете отколку да заглавите во притвор и да се удавите во кофа вода.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира