ПРВА ПЕТТОЛЕТКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:164:"Нашиотживот,заразликаодживототнаграѓанитенаЕУ,баремимасмисла.Ниечекамедатум.

    1 Ако укинувањето на Шенген визите не е за радување, тогаш навистина не знам што друго би можело онака колективно да н расположи. Бранко, навистина, не е на власт и сака да биде лидер на опозицијата, ама барем за визите можеше да не звучи како баба на која ништо не и се погодува. Рече, убаво било што ги укинале визите, ама се прашувал со кои пари луѓето ќе патувале.
    И сега, кога би бил како него, па и во радосна вест да барам мана, би му одговорил дека луѓето ќе патуваат со платите од фирмите кои пропаднаа во неговата приватизација. И со платите на фирмите на странските инвеститори кои не можеа ред да фатат тепајќи се да влезат во Македонија во негово време.
    Арно ама, јас многу се радувам на укинувањето на визите. И да бев на местото на Бранко, и јавно ќе ја споделев радоста. Ќе се пофалев дека тоа не е само заслуга на оваа влада туку и на претходните, и оти е отстранета неправдата која 20 години ја трпеа граѓаните на Македонија. А ако баш сакав да звучам како опозиција, можев да кажам дека сега со укинатите визи, граѓаните ќе имаат шанса да патуваат и да споредуваат. Па кога ќе отидат таму, ќе видат дека е подобро отколку тоа што ние го гледаме на рекламите на Владата. И дека е почисто од тоа што локалниот градоначалник се фали дека го остварил според програмата.
    На граѓаните со укинати визи, кога ќе видат како е во странство, ќе им се подигнат очекувањата дома. Така што ако оваа власт не може да им ги оствари очекувањата, ќе падне, и на власт ќе дојде опозицијата.
    Не е проблем што граѓаните кога ќе се вратат од странство со други очи ќе ја гледаат власта. Бранко знае дека кога ќе видат како е надвор, на граѓаните ќе им се подигнат и очекувањата од опозицијата.
    Затоа, подобро е да си жалиме над тажната судбина. Можеме да патуваме, ама кај ќе одиме кога немаме пари. Дај да чекаме Бранко да се врати.

    2 На крајот на првата декада во 21 век во цивилизирана Европа има голема разлика во очекувањата на една пензионерка од ЕУ и пензионерка од Македонија.
    На пример, замислете си една германска пензионерка во некое село околу Минхен, и друга македонска пензионерка, да речеме, од Пробиштип.
    Германската пензионерка копнее по најнов модел Бошова машина за садови, оти таа која ја има, веќе е застарена. Ја фатила рецесијата, па оваа зима наместо на Тенерифе, ќе уплати поевтин аранжман за Египет. Одвај чека да дојде Божик за да си ги види децата оти студираат на некои светски универзитети далеку од дома.
    Македонската пензионерка од Пробиштип не ни помислува на машина за садови, и секој ден му се заблагодарува на Господ оти на старата машина, еве скори триесет години, уште гумата не и е смената. Ќе се запише на списокот на Груевски за бесплатно бањање, пресреќна оти пред десетина години успешно го избегна списокот на Бранко, кога се жалеше дека бродот со пензионери ќе се претовари и ќе потоне. И копнее во Пробиштип да отворат факултет за нуклеарна физика, оти ќерката се мачи со студиите по бизнис администрација во Радовиш.
    Сепак, македонската пензионерка има една суштинска предност пред Германката. Затоа што нејзе животот и има смисла. Германката чека најнова машина. А Македонката чека датум за преговори.

    3 Немало да биде како во Букурешт, ама немало ни да н споменат. Ќе н пофалеле, ама ќе кажеле дека мора да си го решиме проблемот со Грција. Се преговарало само за името, а споменувањето на идентитетот било само финта за преговори. Сега бил моментот, ама немало време. Сега требало трајно да се реши проблемот, ама Грција бара уште време. Нема да има вето, ама нема да има ни датум за преговори. Не е врат, шија е…
    Кога ги слушам претставниците од ЕУ, си викам: “Овие си мислат дека сме малоумни”. Ама кога гледам вести на нашите телевизии, си викам: “Па можеби овие од ЕУ и имаат право”.
    Ај што СДСМ ја критикува Владата дека нема волја за суштински преговори. Ај што ЛДП се жали дека не се знаат ставовите на македонскиот премиер. Ама Тито Петковски од НСДП дури беше вџашен од однесувањето на Груевски во Брисел. Рече: “Дури си зема за право да го советува Баросо што треба да прават тие, што треба да прави Грција, а не слушнавме што треба да направи Македонија”.
    Замислете, некој премиер дошол од Македонија и решил да му противречи на Баросо!? А што да прави кога Баросо излезе со напишана изјава? Ниту слушал ниту имам намера да слуша. Имал само да соопшти.
    Како не слушнавме што треба да направи Македонија? Јас слушнав дека Грција го отвори спорот. И тоа, очигледно, не му се допадна на Баросо, па правеше гримаси пред камерата. И слушнавме дека нема преговори за јазикот и за идентитетот.
    Зошто тој одговор не е доволен?
    Кога веќе Тито се вџашува дека некој може да го советува Баросо и кога СДСМ и ЛДП не го знаат ставот на Груевски, и ако Груевски има проблем да ни го соопшти ставот оти му е страв за рејтингот, еве јас ќе им ја објаснам суштината на спорот со свои зборови: Грција сака да ни го начука. И во Брисел им вика: “Ај да им го начукаме.” Тие и викаат на Грција: “Начукај им го”. Ние сите добро знаеме дека Грција сака да ни го начука, и тоа одамна. Само што еден вика: “Јас ќе се соблечам”. Друг вика: “Јас нема да се соблечам”. И што правиме? Се броиме и се обвинуваме кој е за соблекување, а кој не е. За што? За да добиеме датум.

    4 Швајцарија со референдум забрани изградба на минариња. И Европската унија била згрозена.
    Автобусите од Арачиново веќе чекаат со вклучени климатизери. Али Ахмети се враќа во Швајцарија. Да протестира на митинг за толеранција во Берн. Да видиме како Швајцарија и ЕУ ќе ги пречекаат борците за човекови права. И за толеранција. Да не заборавиме зошто беше битката во 2001.

    5 Ако сакаш да закажеш за лична карта, ќе ти закажат за февруари, ама 2011 година.
    Вакво долгорочно планирање во Македонија немало уште од првата петтолетка. Во 1946, кога почнала електрификацијата на земјата.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира