ДЕМОКРАТСКА КАСАПААНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:58:"Анаженскивештодаимбапнеме?

    1 Претседателот Бранко Црвенковски бил многу загрижен за ситуацијата во која е државата. Па затоа премиерот Никола Груевски отишол кај него да го смирува. Бил да го охрабри.
    А нас кој да не смири? Бакојани? Или Саркози?
    Како ли изгледала средбата на Груевски со Црвенковски доцна во ноќта? Како на двајца фраери што отишле да си ги почестат женските во кафеана. Дошол келнерот и прашал што ќе се напијат. “Јас ќе бапнам едно виски”, рекол едниот фраер. “Ај јас да бапнам едно пивце”, рекол другиот фраер. Видел келнерот дека на фраерите баш им е гајле што ќе пијат дамите, па шеретски им намигнал и прашал: “А на женскиве што да им бапнеме!”
    Е така и нас ни го бапнаа. А не ни прашаа што сакаме.

    2 Премиерот ни раскажува приказни за мали деца. Парламентот го кочел развојот. Му требало стабилно мнозинство.
    Фино што му текна сега. Му требаа две години да сфати дека избрал погрешен коалиционен партнер. И сега баш кога дојде да ја решава најкрупната работа за државата, ја одложи со предвремени избори.
    Кога требаше верските празници да се направат државни, парламентот му чинеше. Сега, кога треба судбински одлуки да се донесат, и да се покаже одговорност, возрасно и рационално однесување, никој не му чини.
    Што има значење дали имаш еден пратеник, два, или десет повеќе? Квалитетната разлика е дали сакаш да ја завршиш работата, или не сакаш. И досега имаа мнозинство за да завршат работа.

    3 Ги гледав во Собрание како се сапораспуштаа. Од пратеници станаа распуштеници. И тоа од оние најраскалашните. Кога отворија една уста сите останавме подзинати.
    Да не можеш да поверуваш колку сакаат власт. На овие од ВМРО-ДПМНЕ им стана јасно дека од се што ветуваа ништо не бидува, ја гледаат Рада и компанија дека уште помалку ги бидува и тргнаа по паметот на ДУИ.
    Од друга страна, Бранко и СДСМ не биле за избори, оти не бил добар моментот. За кого? За нив. Тие се загрижени за Макединија. Да беа посилни, око немаше да им трепне за Македонија. Вака, Македонија им е добро алиби. Тие случајно да не кажат како ќе го решат проблемот со Грција?

    4 Што ли ќе зборуваат сега на предизборната кампања?
    Дека ќе влеземе во НАТО? Тоа го знаеме. Само не знаеме кога. Знаеме и дека ќе влеземе во ЕУ. Само не знаеме кога.
    Знаеме само дека треба да се договориме со Грците. Кога ќе биде тоа – треба да ни кажат Груевски и Шеќеринска.
    Што друго ќе ни кажува премиерот кој е убеден дека ќе победи? Со што ќе се фали? Дека пак ќе ги зголеми платите и пензиите? И дека пак инфлацијата ќе го изеде зголемувањето. Или дека ќе гради нови школи? Овој пат не за да ги монтира компјутерите. Туку за да се раздвојат Македонците и Албанците, како што го решија проблемот со гимназијата во Струга. По истиот принцип ќе ги гради и спортските сали и тениските терени.
    Единствен адут во кампањата му останува Глигор Ташковиќ. Ќе продолжи да носи странски инвестиции.

    4 Однекаде се појави и претходникот на Груевски, Љубчо Георгиевски. Раскажуваше на телевизија некои работи како да се реши спорот со Грција. А за Александар Македонски велеше дека во 2001 година го спомнувал онака, за подигнување морал, без врска. Се зафркавал. Откако стана Бугарин со тапија, Александар го остави во минатото.
    Љубчо има бугарски пасош и е пратеник во македонско Собрание. И носи одлуки за иднината на Македонија.
    Неговиот наследник пак за морал ни го бапна Александар во 2007 година. Којзнае, можеби за некоја година тој ќе ни раскажува дека се зафркавал само за да ги нервира Грците.
    Ако ВМРО-ДПМНЕ е вистинска македонска партија, како што се фалат, пред да се распуштеа требаше да донесат закон со кој ќе забранеа двојно државјанство, или барем двојно државјанство за кандидатите за претеници. Па еднаш и ние во Македонија да се преброиме и да видиме кои сме.
    Ова е демократска држава. Тие со бугарски пасоши може слободно да живеат тука. Нека си ја слават и Мара Бунева, нека му дигаат бисти на Тодор Александров… Ама не сакам ни да гласаат, ни да ги гласаме. Оти после баш тие, со бугарски, албански, косовски или српски пасоши, ќе ни го спасуваат идентитетот.

    5 Мендух Тачи веќе кажа какви ќе бидат изборите. Им порача на оние од ДУИ дека допрва ќе видат што ќе биде касапаана.
    Дај да ја повлекуваме војската од Авганистан. Кога ќе почнат Ахмети и Тачи да се бијат чие е Липково, а чиј е Сарај, чие е Кондово, а чија Шипковица, чија е Струга, а чие Кичево нема да помогнат посматрачи од ОБСЕ. НАТО ќе треба да ги бомбардира.
    И двете партии имаат демократски предзнак во името. Касапаана ќе биде, ама бар демократска.

    6 Требаше Американецот да каже дека постои македонски јазик и постои македонска нација, за да откриеме дека на Грците баш тоа им сметало. А ние мислевме дека името било проблем.
    Затоа пак Хавиер Солана им праќа пораки на македонските државници да размислувале со ладни глави, а не со емоции.
    Исто како што тие со ладна глава го примија грчкото вето оти не им се допаѓало името на Македонија. Нема што Солана веќе да кажува. Им ги видовме принципите. Тие што важат за НАТО, важат и за ЕУ.
    Пред Букурешт и Караманлис и Бакојани велеа: “Неме решение нема покана. Сега само ќе ја сменат плочата: “Нема решение нема датум за
    преговори за ЕУ”

    7 По 17 години преговори за името МАНУ изјави дека нема став. Се јави Буш и нашите академици сега ја открија Америка. Требало ние да предложиме име. Академиците се на пола пат до ставот. Ќе им требаат уште 17 години за да предложат конкретно име.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира