ПЕДАГОШКА МЕРКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:103:"Радаправизабнапротезазадаможедавиканамитинзите

    1 Што ти е македонска работа? Постојано треба да бидеш нешто незадоволен, параноичен и малодушен.
    Прво се зборуваше дека со САД нема да биде потпишан никаков документ. После се зборуваше дека и да биде потпишан, нема да излезе Кондолиза Рајс да даде изјава. На крај кога ем се потпиша документот, ем Кондолиза даде изјава, му најдовме маана на името – не било договор, туку било декларација.
    Што уште сакаме од Америка? Што треба уште да направат за нас, барем малку да бидеме среќни? Населбата Квинс во Њујорк има 200.000 жители повеќе од Македонија, а министерот за надворешни работи Антонио Милошоски за неполни две години пет пати доаѓа во Вашингтон и три пати се среќава со државниот секретар на САД.
    На Американците не им остана ништо друго за да не задоволат, освен да не прогласат за нивна држава. Имаат град со име Македонија во Охајо. Зошто да немаат и држава? Малку сме далеку, ама тоа не пречи. Далеку им е и Алјаска, па си ја купија од Русите. Нека не купат и нас.
    Еве, ние ќе им го дадеме ајварот – и тоа најновиот, брендиран. Ќе им дадеме и оро да играат. Ќе им ги дадеме и А1, Сител и Канал 5 за да помогнат во организирањето фер и демократски претседателски избори, за да можат Хилари Клинтон, Барак Обама и Џон Меккејн рамноправно да ги претстават своите програми.
    Квинс во Њујорк со 2.200.000 жители има два меѓународни аеродроми – “Џон Ф. Кенеди” и “Ла Гвардија”. И ние си имаме два аеродроми “Александар Велики” и “Св. Апопостол Павле”. На Американците ќе им го тутнеме “Александар Велики”. Да видат и тие што е мака да си имаш проблем со Грција. А не цело време да ни викаат дека треба “многу, многу брзо да го решите проблемот со името”.
    Море, се ќе им дадеме. Ако треба и статуите од пред Владата во Скопје ќе ги отстапиме за да се оплемени просторот пред Белата куќа. Така Американците кои имаат се, со нас ќе добијат и инстант античка историја.

    2 Зошто Рада Шеќеровска, најсилниот противкандидат на Радмила Шеќеринска и на Никола Груевски во изборната единица број 1се уште не се појавува во јавноста. Сигурно и прават забни протези за да не ш’шка кога ќе се појави на митинзите. Оти со 67 години допрва ја очекува богата политичка кариера.
    Никола Груевски се жалеше дека не му одат реформите поради неквалитететниот собраниски состав. Дај боже Рада Шеќеровска заедно со сопартијците Јован Манчевски, Јанис Макрис, Игор Ивановски и Зоран Зашев да бидат избрани. Значајно ќе го подигнат квалитетот на дискусиите и нема да ги кочат реформите.
    Што убаво им текна. Прво смислиле да најдат двојници на првите луѓе од опозиционите листи. Ај што нашле луѓе со слични, или исти имиња, туку како после ги убедиле да ги стават на листата на СДПМ на Бранко Јаневски. Ај за имињата – може да се претпостави. МВР ќе ги најде имињата. Ама што потоа. Баш ме интересира кој ли емисар одел од град до град и ги врбувал да се жртвуваат за реформите. Што ли му зборувал на плочкарот Јован Манчевски од Прилеп кога му се појавил дома со предлог да биде носител на листа. Како ли му објасниле на Игор Ивановски од Драчево дека најмногу шанси има да победи во Тетово? Бидејќи не им дале пари, со што ли ги мотивирале?

    3 Српскиот претседател Борис Тадиќ во Охрид им рече на македонските новинари: “Ние ќе влеземе во ЕУ до 2013 година. Се надевам дека и вие ќе успеете со нас да влезете во ЕУ”
    И – сите се навредија. Види го ти Тадиќ – се занесува и се подбива.
    Кој се надевеше дека Албанија пред нас ќе влезе во НАТО? Кој се надеваше дека Бугарија и Романија пред нас ќе станат членки на ЕУ? Хрватска во 1995 година уште беше во војна кога Македонија ја потпиша програмата на НАТО – Партнерство за мир. Тие ја потпишаа дури во 2001.
    Хрватска потпиша Спогодба за стабилизација и асоцијација со ЕУ во 2002 година. Ние потпишавме една година пред нив. Тие веќе наголемо преговараат за членнство во ЕУ, ние уште чекаме датум за преговори.
    Така што Тадиќ може да си зборува колку сака. Во право е.

    4 Владата дели стипендии за усовршување во САД. Заедно со кампањата за изборите оди и конкурсот за докторанти.
    Бидејќи Владата функционира само како техничка Влада, прашање е каде треба да се поднесуваат документите? Во зградата на Илинденска во Скопје, или во партиски штаб? И, дали апликациите ќе се разгледуваат со исто внимание ако се поднесат и во некој од дваесетте коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ?

    5 Фрчко и удрил две шлаканици на некоја девојка на паркинг. Полицијата вели и дека и ја скубел косата.
    Д-р Фрчкоски е професор. Делењето шлаканици и кубењето коса се познати педагошки воспитни мерки.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира