УБАВА ТРОЈКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:84:"ЕрмираМехметивопреговарачкиоттимзаимето

    1 Ако не сме знаеле досега што ни се случувало во 2001 година, сега веќе треба да ни стана јасно.
    На почетокот имаше 200 вооружени бандити кои ја нападнаа земјата. Потоа тие станаа борци за човекови права и победници, а ние станавме воени злосторници и губитници. И сега плаќаме репарации.
    Прашање е само што сме научиле од тој пораз во 2001 година. Оти ако ништо не сме научиле, поразите ќе ни се повторуваат. Здрава нација не ужива во самосожалување.
    За почеток не е лошо Владата да најде начин да им ги врати парите на ранетите бранители. Оти судот досуди обесштетувањата што ги добија за раните да мора да ѝ ги вратат на државата.
    И ако имало правда за Љубе и за Јохан, тогаш ќе мора да има правда и за четирите случаи што Хаг не ги сакаше. И крај. Со тоа да завршиме. И да почнеме одново да живееме. Оти, на крајот на краиштата, тука сме, тие сме и нема бегање.
    Ако не сфатиме дека држава не се прави со самосожалување, тогаш минатото постојано ќе ни ја јаде иднината.

    2 Што ти е историска дистанца. Кој чека, ќе дочека.
    На Александар Македонски 15 години му требало да стигне до Индија. На неговите потомци од Пакистан им требаа 23 века да се вратат во Македонија.
    Вчера принцот и принцезата на Хунзите, кои биле потомци на Александар, беа примени од премиерот Груевски. Многу ме интересира на кој јазик зборувале. Штом толку ни се блиски јазиците, сигурно не им требал преведувач.
    Хунзите не се посебна држава туку живеат во една област во Пакистан. Според таа логика, в година претседателот на Република Вевчани со првата дама ќе го посети принципатот на Хунзите и ќе биде примен од премиерот на Пакистан.
    На крајот на филмот, Хемфри Богарт би рекол: “Ова ми личи на почеток на едно убаво пријателство”.

    3 Во делегацијата која беше на соопштувањето на пресудата во Хаг беа министерот за правда Михајло Маневски, министерката за внатрешни работи работи Гордана Јанкуловска и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
    Јасно ми е зошто беа министрите за правда и за внатрешни. Демек, ресорски го покриваат настанот. Ама што бараше со нив министерот за транспорт и врски? Да ја дополни ВМРОвската тројка или да му организира транспорт на Љубе? И да му фати врски на Јохан?
    Зошто не го земдоа Миле и во Букурешт на самитот на НАТО? Транспорт имаа. Ама им фалеа врски.

    4 Преговорите за името одат по системот на двојка. Со Нимиц во Њујорк се сретнаа преговарачот Никола Димитров и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протоѓер.
    Време е и преговарачкиот тим да биде организиран во тројка. Сега, откако и ДУИ ќе биде во Владата, и тие ќе бараат да имаат претставник во преговорите за името. За да не го расипува просекот на двојката Димитров Протоѓер, Ахмети треба да приложи соодветно решение. Ете, на пример, Ермира Мехмети.
    Пред секоја рунда преговори, Никола ќе се советува со претседателот Црвенковски, Мартин со премиерот Груевски, а Мехмети со лидерот Ахмети.
    Зошто Ермира? Затоа што е млада, убава и знае англиски (иако не преведува секогаш точно). Не мора баш сѐ да биде погодено.
    Со убавата тројка разумно решение може нема да најдеме. Ама барем на Василакис ќе му биде убаво пред очи. А и Нимиц ќе има мотив да бара нови решенија за да се одржуваат преговорите.

    5 Министерот за одбрана Лазе Еленовски побарал од Хавиер Солана лично да се ангажира да се укине забраната за ознаката МКД на македонските војници во воената мисија на ЕУ Алтеа во Босна и Херцеговина. Забраната е донесена оти така барала Грција.
    Не знам зошто Владата бара што било од Солана. Нека ги повлечат војниците и ај, со здравје.
    Единаесет мировници загинаа под знаме на Алтеа со ознака МКД. Каква е таа простачка и нехумана ароганција да бараш некој да гине за тебе, а да не му дозволуваш да се вика како сака. Тоа се ЕУ принципите?

    6 Во Прилеп затвореник избега пред Судот, далеку од очите на телевизијата.
    Проблемот во бегството е што немало ТВкамера. Оти кога ги апсат со филмска режија за вести и ги носат со лисици на рацете, притворените не им бегаат. Затоа што тоа го прават по европски прописи. Кога не снимаат за вести, затворениците им бегаат.
    Затвореникот во Прилеп избега со “југо”. Затоа бегството не беше многу спектакуларно. Да се качеше на велосипед, тоа веќе ќе беше вест за странство. Како за Владо Танески со кофата.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира