МОРКОВ И СТАП

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:248:"АконаГруевскибиткатасоБранкомуеповажнаодбиткатазаМакедонија,идесетцрквидаизградинаПлоштадот,Господнемадамупомогне

    1 Владата донела одлука со која на граѓаните на земјите членки на Европската унија ќе им се овозможи во Македонија да влегуваат само со лични карти.
    Само еден ден пред оваа одлука беше објавено истражување дека визното олеснување кое стапи во сила во јануари сѐ уште не важи за македонските граѓани. Понижувањата пред амбасадите на земјите членки на ЕУ продолжуваат.
    Кога ЕУ нам не ни попушта, ќе ѝ попуштиме ние. Тоа е вистинско кооперативно европско однесување на Владата на Македонија.

    2 Еве како еден пријател го коментираше кооперативното европско однесување на Македонија кон граѓаните на земјите членки на ЕУ:
    Си одам со децата во Зоолошка градина. Плаќам билет и влегувам без проблем. Некои животни смрдат, некои не. На некои им давам смоки, на некои скапани јаболка. Со некои животни се сликаме, а некои не сакам ни да ги видам.
    За разлика од мене кој носи само морков, некои посетители носат стап. Па ги малтретираат кутрите животни.
    Кога ќе излезам од Зоолошката градина си купувам сладолед и загрижено дискутирам за состојбата на животните. Ги жалам. Загрижен сум дека немаат доволно храна. Дури ми се случува да размислувам како да им се обезбедат подобри услови за живот. Па ако има некоја добротворна акција, се јавувам на телефон и донирам по 100 денари.
    Замислете колку им е тешко на животните. Што сѐ треба да поминат за да излезат од кафезот, па макар и за лекување. Многу хартија, документи, вакцини, ветеринарни прегледи. И пак нема да излезат.
    А колку ни е лесно нам. Земаме морков или стап, и си одиме кај животните. Или им даваме малку да каснат, или ги тепаме. После си одиме дома и ги оставаме смрдените да се душат во кафезите.
    Од Зоолошката градина најдобро му е само на директорот. Само тој може да излезе. Особено ако има дипломатски пасош.

    3 Никој повеќе не му се радува на враќањето на Бранко отколку Никола Груевски. Веќе не може да се сконцентрира ни лопати кога фрла, па мора два пати на исто место да става каментемелници. Ни по книжарници не може да шета, а да не мисли на Бранко ниту, пак, Вардар може да го чисти. Само за Бранко ќе ни зборува.
    Груевски вети дека ќе го порази Бранко. Ама ние не го избравме за да го порази Бранко. Го избравме за да ја крене Македонија на нозе. Ете, веќе два пати го порази. И во 2006 и во 2008. Што ни го губи нам времето со измислени битки?
    Ако сака битки, нека се бие за Македонија. Ама нему му е приоритет Бранко. И додека тој се занимава со него, Македонија ќе пропадне.
    Ако Груевски тоа го дозволи, макар и цел Плоштад со цркви да го изгради, ни Господ нема да му помогне.

    4 Ние се занимаваме што рекол Бранко за името и што одговорил Груевски за името. Претпоставуваме што мисли едниот, а што мисли другиот.
    Сите заборавивме дека Грција не прифатила ниеден предлог.
    Ние двапати прифативме име “Република Македонија (Скопје)”. Грција двапати го одби.
    Така што, решението за името е она што ќе го прифати Грција. А Грција не покажа дека што било сака да прифати.

    5 Претседателот Црвенковски, правдајќи ја аболицијата на Заев во интервју за ТВ Алфа, уште еднаш повтори дека тоа го сторил за да ја врати опозицијата во Собранието.
    Тој смета дека “ако опозицијата не е во Собрание, тогаш треба да биде на улица. Ама таа не беше ни во Собрание ни на улица. Таа беше дома”.
    Бранко се лаже. Не си ги знае партиските другари на кои сака да им се врати и со кои ќе го порази Груевски. Тие не беа ни дома. Тие си беа на одмор во Грција.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира