САНДОКАН И МАРИЈАНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:154:"Акомастикатаслучајнотипаднеодуста,ќеморанамернодасенаведнешидајаземеш.

    1 Најновата грчка лажга е дека тие нема да ѝ дадат на Македонија вето во ЕУ поради името туку ние сами ќе си дадеме затоа што не сме ги исполниле условите.
    Ха, ха, ха… Не сме ние ЕУ, па на Грција да ѝ ги купуваме сите лаги.
    Ај нека не ми зборат за Груевски и компанија. И нека не ми раскажуваат Грците дека поради национализмот на Груевски Македонија не може да оди напред.
    Груевски си е наш, каков е таков е, и ние со него ќе си се расправаме дома. Не е највештиот политичар на светот, ама ние сме демократска држава и со него ќе се разбереме со демократски средства. Ќе има и други избори.
    Со најотворениот непријателски акт што ни го направи во Букурешт, Грција сопствениот национализам го проектираше врз нас. И сега уште нѐ прават нас националисти. Па и ЕУ се солидаризира со грчкиот национализам и ни продава приказна дека сами ќе сме се блокирале.
    А името го чуваат за резерва за да ти го забијат ножот последниот ден.
    И кога ќе ни го забијат ножот, ќе ни речат: “Е па Грција е членка на ЕУ, а вие сакате да бидете”.
    Убаво. Чувајте си ја таа членка на ЕУ којашто верскиот фанатизам, етничкото чистење во 20 век и национализмот ги направи највисок државен приоритет, и со таквата политика ја дестабилизира Македонија и целиот Балкан.
    Па после вие од Брисел праќајте ни стручњаци за стабилизација.

    2 ДПА се врати во Парламентот. И првата работа што ја побара беше резолуција за признавање на Косово.
    Што ли ќе им смени на Албанците во секојдневниот живот признавањето на Косово? Особено ако Косово се признае побрзо.
    ДПА велат дека Македонија била како африканските држави што уште го немаат признато Косово.
    Од каде, пак, Тачи знае што е африканско однесување? Затоа што нивното излегување од Собрание за секоја глупост е европско и прозападно однесување?
    Не гледа Тачи дека нема работа, има голем криминал, цените растат, луѓето нема каде да се лекуваат, се давиме во ѓубре, Тетово нема вода за пиење…
    Ама кога Косово ќе се признае, сето тоа многу полесно ќе се издржува.

    3 Штета што премиерот Груевски не беше во земјава цела недела. Немаше кој да фрла лопати на трговски центри. Па на крај мораше да се појави Веле Самак. Фрли лопата за трафостаница на Бунарџик. Тоа покажува дека напредуваме без запирање. Ако има трафостаница, значи ќе има и струја за фабриките. Во времето на СДСМ се отвораа чешми. А сега се градат трафостаници. Од пуштање чешма до пуштање струја има голема разлика. Меѓу тие две работи стои пуштање пат прво во една, па во друга насока.
    Кој сака бесплатна работна рака, слободно нека се јави во Владата. Секогаш ќе се најде некој министер да фрли лопата. Лопата, по лопата, ете ти цела куќа.
    Туку се мислам и јас да викнам помош. Дома ќе варосувам. И не знам што да правам откако ќе ја отворам кофата со боја. Како од тоа да направам свечен чин. Па првата четка да ја удри некој министер. Ако веќе не сака Груевски да продолжи да нѐ четка.
    Ми е страв дека ќе ме одбијат. Оти моево реновирање не е странска инвестиција. Домашна е.
    Иако, кога малку подобро ќе размислам, можеби и не е лошо да ме одбијат. И да дојдат, чуму ми се? Мислите дека може да се закуќи куќа со нив?

    4 Конечно можам мирно да спијам. Со месеци не сум можел да заспијам легнувајќи си со мислата кој ли ќе биде новиот претседател на СДСМ? Сега кога конечно знам дека Бранко ќе биде, со нетрпение чекам да дојде мај. Кога би можел веднаш да се откаже да ги брани националните интереси и уште денеска да се стане претседател на СДСМ, не само ноќта туку и деновите би ги минувал релаксирано.
    Бранко кажа и не излажа. Рече дека не поставува услови за враќање во СДСМ. Безусловно мора да биде претседател.
    Начинот на кој тоа го направи е државнички. Нема тајно гласање, има еден кандидат и чинот на враќањето ќе биде свечен.
    Треба да знаеш, треба да можеш. Државник си е државник. Како Тито, Чаушеску, Кастро… Се знае кој ќе биде претседател на партијата. Само се чека аплаузот за акламација.

    5 Градоначалникот на Кисела Вода Џорџе Арсов ќе гради споменик на Тарзан. Организацијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, со помош на неколку невладини организации и со благослов на Црквата, ќе организира протести. Зошто покрај Тарзан ја нема и Џејн.
    А Чита? За неа ќе се гради споменик во Прилеп.
    Двојките Касандра и Ранду, и Сандокан и Маријана ќе чекаат до следните локални избори.

    6 Опозицијата најде мани и за Законот за јавна чистота. Те високи биле казните, те немало каде да се моча, те немало каде да се фрли ѓубре и немало кој да внимава ако не пуштиш вода од казанчето.
    Пратеничката Роза Топузовска Каревска рече дека казната со општествено корисна работа е остаток од комунизмот. Тоа што Наоми Кембел и Бој Џорџ чистеа по њујоршките улици како дел од казната, само покажува дека Америка и Англија конечно станале пролетерски земји.
    А Јани Макрадули, пак, е загрижен дека ќе плати казна ако случајно му падне мастиката од уста. Нека не збори толку.
    Не се Норвешка, Германија, Австралија и Сингапур толку чисти оти на луѓето така им доаѓа. Им доаѓа оти имаат големи казни, па чистотата им станува рефлекс.
    Така што Јани, ако мастиката случајно ти падне од уста, ќе мора намерно да се наведнеш и да ја земеш.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира