ГОЛЕМИ И МАЛИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:76:"Бранкоситенѐзафркава.Амазанашедобро

    1 Јавната дебата продолжува. Бранко вчера му пиша на Мартин. Мартин завчера му пиша на Бранко. Бранко преквчера го нападна Протоѓер…
    Очигледно е дека имаат многу важна работа. Во моментот кога имаат за решавање најтежок проблем за Македонија, тие си го мерат преку весници.
    И ние сега треба да ја прифатиме дебатата кој е полош и чиј потег е државнички, а чиј не е.
    Тоа што Бранко го смени преговарачот Никола Димитров на собраниска говорница, без претходно да го извести, е типичен Бранков стил. Кој не се сеќава, нека го праша Љупчо Јордановски кој од весници дозна дека не е веќе амбасадор на САД. Ако не, нека го праша Бучко. Или Рада. Има долга низа ликови што ги почувствувале методите на Бранко.
    Така е и сега. За да го зафркне Груевски, не го зафркна само Димитров туку ќе нѐ зафркне сите нас. И згора на тоа, нѐ убедува дека сме зафркнати за наше добро.
    Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски рече дека потегот на Бранко не е државнички.
    Сега ние треба да се сетиме дали беше државнички потег на официјалниот преговарач за името Никола Димитров да му се прикачи контролор. Ако се сеќава Милошоски, Мартин Протоѓер и нему му беше прикачен во последните денови пред самитот во Букурешт, кога со Бакојани и со Викторија Нулан се среќаваше во Брисел. И тоа беше државнички? На министер за надворешни работи да му се прати контролор од партијата?
    Или можеби беше државнички кога парламентарното мнозинство, без никаква потреба, го бојкотираше годишното обраќање на Претседателот во Собранието.
    Груевски си го бараше со боринче. Како да не знаеше со кого си има работа.
    И како по обичај, Бранко, откако направи беља, му ја дувна во државничка посета на некое блиско странство. Така што, ако Претседателот наскоро најави посета на Белград или на Подгорица, оти Загреб штотуку го потроши, чекајте некоја нова беља во државата.

    2 На шест месеци од истекот на мандатот, Бранко се повлече од решавање на проблемот за името.
    Штета. Сигурно ќе го решеше проблемот со името. Тогаш кога ќе го фати октоподот кој го лови еве веќе 13та година.

    3 Владата вчера објави дека во 2009 година Македонија ќе има најголем буџет досега.
    Се молат новинарите да не го прашуваат премиерот како ќе ги троши парите? Алергичен е на такви прашања. Особено не ги сака прашањата колку пари ќе потроши за сопствено рекламирање со нашите пари.
    Има подготвен и, неверојатно, прецизен одговор: “Многу помалку отколку ефектите што ќе се постигнат.”
    А колку ќе бидат ефектите? Многу повеќе од тоа што ќе се потроши за реклама.

    4 Европската комисија пак не препорача датум за преговори со ЕУ. Најголем проблем биле изборите.
    И в година напролет ќе имаме избори. Тоа значи дека датум за преговори со ЕУ ќе добиеме во 2010. Освен ако и тогаш не ни текне да правиме некои вонредни избори. Оти кај нас изборите се поважни од ЕУ.

    5 Советот на Европа испратил мониторинг во македонските затвори. Биле шокирани оти во Шутка на четири кревети спиеле седуммина. И дека имало вода само по два часа на ден.
    Добро што ги мониторирале затворите. Замислете да правеле мониторинг на македонските болници?
    За тортура на затвореници може ќе се најде и некое разбирање. Ама како да се објасни тортура врз болните во болниците?

    6 Со победата на Барак Обама за претседател на САД се покажа зошто се тие големи, а ние мали. Не затоа што тие се 300 милиони, а ние два. Туку затоа што во моментот кога им е најтешко имаат храброст и сила да направат радикален рез и да почнат одново.
    А ние како што си се однесуваме кон себе така се однесувавме и кон нивните избори. Со сеир и ситна душа. “Да бе, ќе дозволат они црнец да им биде претседател”. Или, “Меккејн е подобар за нас оти нѐ поддржува за името”. Или уште кога во игра беше Хилари Клинтон, типувавме дека не се спремни ни за црнец ни за жена претседател.
    Е па излезе дека се спремни.
    А ние што правиме?

    Еве што правиме.
    1 Јавната дебата продолжува. Бранко вчера му пиша на Мартин. Мартин завчера му пиша на Бранко. Бранко преквчера го нападна Протоѓер..

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира