СУЕТНИ МАЈМУНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:116:"ЦрвенковскисевратиодИраксоноваидејазанезависносудство

    1 Ќе се гласа за градоначалник на една приградска општина на Скопје и на нога се и САД и ЕУ. Дали во Македонија има други општини, освен Сарај? Дали ако се избираше градоначалник на некоја општина од источна Македонија изборите ќе ги набљудуваа 150 странски и домашни набљудувачи?
    Сите амбасади ќе испратат набљудувачи. Американската амбасадорка Џилијан Милованович в недела ќе оди на избирачко место заедно со ќерка и. Зошто? За да покаже дека западно од главниот град на државата е безбедно? Или, за да ги фати гангстерите на дело?
    Сите странци имаат иста препорака. Не викаат: “Не лажете, не крадете, не кршете гласачки кутии, не се тепајте…”. Викаат: “Не пукајте!”.
    Убаво звучат приказните на Груевски за 100те чекори. Ама, за жал нашата реалност се приказните за барем 100те куршуми и нешто повеќе разбојници. И тоа што и по шеснаесет години демократски избори се уште не опоменуваат да не се фаќаме за пиштолите.
    Убаво е што по толку време и странците се сетија да речат: “Не пукајте”. Само се плашам дека кога пак ќе запука оружјето тие повторно ќе зборуваат за свадбари кои си ја одржуваат традицијата. Или, не дај боже, за борци за човекови права.

    2 Министерот за правда се изнамачил. Имал голема работа за прилагодување на македонските закони со законодавството на земјите членки на ЕУ и НАТО. Откако повеќето пречки на патот кон евроатлантските интеграции се надминати, Владата се зафати со законот за државни празници. Освен Божик, Велигден, во иднина се предлага државни празници да бидат и верските празници Бадник, Велики Петок, Задушница, Водици, Голема Богородица, а од исламските празници Курбан Бајрам.
    Понеопходно и поважно домашно за пишување Владата нема. Прашањето е толку клучно за реформскиот курс на државата, така што сега ќе се вика на помош и Бадинтер.
    Религијата е лично право. Тоа право е исто толку големо колку што е и правото да не бидеш религиозен. Така барем пишува во Уставот. Ние кога гласавме за луѓето што ветуваа сто чекори, ги биравме за да водат економија, а не религија. Дури и најлојалните членови на ВМРО-ДПМНЕ не ги гласаа за да им дадат да празнуваат. Ги гласаа за да им дадат работа.

    3 Во секуларната држава Република Македонија претседателот Црвенковски и премиерот Груевски се сретнаа на прием кај поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан. Не можеа да се сретнат со државнички повод, па чекаа Божик за да им посредува црковно лице.
    Тоа е само уште еден доказ дека Македонија опстојува само со божја волја. Со вакви лидери само Господ може да ни е на помош.

    4 Велат дека Црвенковски и Груевски не се среќавале оти тоа било “борба на суети”. Значи разликите не се идеолошки, не се партиски, туку биле од лична природа. Што е тоа? Оправдание ли е? Откога суетите се оправдание за неработа?
    Велат дека односот претседател премиер бил детска работа. Не сум сигурен. Оти децата понекогаш знаат и да послушаат. Можат да се разберат меѓу себе и да си играат без да се степаат. Овие наши големи деца изгледа дека се многу размазени. Де ќе се сретнеле, де ќе се бојкорирале, де ќе соработувале, де тоа не било важно…Па ова бил последен пат да се попушти…Па Рада не доручкувала, ама и не ручала, а Никола имал апетит…
    Е Никола, Никола… Се навлече на глупавите игри на СДСМ па сега сета енергија ќе ја трошиш да се справиш со нив наместо да ја водиш државата.

    4 Во една австралиска зоолошка градина повеќе од еден месец, некои луѓе ќе бидат заклучени во кафез за орангутани. Тие ќе бидат надгледувани од психијатар којшто сака да ги употреби откритијата за да ги подобри условите за мајмуните во заточеништво. Луѓето цел ден ќе седат во кафез и ќе јадат банани, а навечер ќе може да си одат дома.
    Поевтино ќе беше за австралискиот психијатар да дојде кај нас на гости. Нас не мора да не затвараат во кафез во зоолошка за да видиме како им е на мајмуните. Само нека ја пуштат камерата и нека снимаат по улици. Австралијците во кафезот се дури и во подобри услови. Тие навечер може да си одат дома. Ние, никаде освен дома не можеме да одиме.

    5 Вевчанци на годинашниот Василичарски карневал ќе покажат нешто ново. Ќе се маскираат или во белградската вевчанка Станислава Чочоровска или во канти со поликолор. И ќе ја пејат познатата српска турбо фолк песна: “Цело село шмрка бело”.

    6 Претседателот Бранко Црвенковски беше во Ирак непосредно по бесењето на Садам и пред објавувањето на новата стратегија на Буш. Од таму се врати со драгоцени искуства. Сега конечно знае како да направи независно судство.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира