СКРШЕНИ ГЛАВИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:220:"ЛекаиТачизаслужуваатдипломатскипасош.Дипломатитенигидонесанавласт,пасегадипломатитенекасигизематназад

    1 Велат дека во Македонија ама баш секој може да стане амбасадор. Не е вистина. Додека ги имаме Црвенковски за претседател, а Груевски за премиер, во Македонија никој не може да стане амбасадор.
    Претседателот и премиерот ја надминаа фазата кога одеа во иста земја на посета и таму даваа различни изјави. Сега се во фаза кога меѓу себе преговараат како да се од различни држави. Поставувањето амбасадори во странските престолнини не е актуелно. Сега Груевски треба да постави амбасадор на премиерот во Кабинетот на Претседателот, а Црвенковски ќе постави амбасадор на Претседателот во Кабинетот на премиерот.
    Следниот пат кога ќе се сретнат ќе им треба олеснувач во преговорите. Побрзо ќе се реши спорот за името со Грција, отколку нивниот спор за имињата на амбасадорите.
    Разни експерти велат дека било многу лошо тоа што на клучни места Македонија ќе остане без амбасадори. Ама, народот рекол – секое зло за добро. Кога ги слушнавме имињата на кандидатите за амбасадори за кои се караат, поарно што не се договорија.

    2 Премиерот Груевски пред некоја вечер во 2.30 часот по полноќ ги посетил стечајците што протестираат во паркот спроти Собранието. Тие се избезумиле, оти ги фатил на спиење. Па не знаеле дали е сон или јаве. Никој не кажа зошто премиерот им се појави на стечајците пред зори? Можеби одговорот го знае вицепремиерот Ставревски. Тој се пофали дека контролира кога се гаси, а кога се пали светлото во Кабинетот на Груевски. Тој сигурно знае дали Груевски во два и пол си одел дома? Или тој ден тргнал порано на работа?
    Пред да им се појави Груевски, стечајците бараа кај нив да дојде американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ. Тие се реални луѓе. Знаат дека во оваа држава решение се наоѓа само ако тоа го бараат Американците.

    3 Меѓупартискиот дијалог почна со еден многу важен детаљ. На средбата Груевски – Ахмети присуствуваше и министерот за одбрана Лазе Еленовски. Тој требало да му објасни на Ахмети колку било важно да нî примат во НАТО.
    Во општините во кои ДУИ има градоначалници пред општинските згради се вее американското знаме. И сега Ахмети дојде на дереџе Лазе да му го фали НАТО. Ебате дијалогот.

    4 Од што остваруваат, без запирање и во недели и во рани зори, министрите не запреа ни да видат со што земјиште располагаат за да прават земјоделска реформа. Прво се пофалија. Решија да дадат под закуп 11.000 хектари државно обработливо земјиште на регистрирани земјоделци. И распишаа конкурс. Откако го распишаа конкурсот видоа дека малку луѓе се пријавиле. Па на јавна седница го продолжија рокот на конкурсот.
    Ама во брзањето без запирање им се појави мал проблем. Откако заврши конкурсот открија дека дел од земјиштето што имале намера да го дадат е веќе дадено и посеано. Па земјоделците останаа и без земја и без пари.
    Убаво е што Груевски решил да прави преродба во 100 чекори. Ама одејќи направи грешка во чекорите. Не пази каде гази. Па така занесен не забележува дека министерот Ташковиќ овој месец ќе донесе седум странски инвестиции. Од што брза нема време да им се израдува на инвестициите.

    5 Командант Лека и Мендух Тачи не добиле дипломатски пасоши, иако им следува затоа што се пратеници. Во МНР не им даваат оти Лека е на европската, а Тачи на американската црна листа.
    Лека и Тачи заслужуваат дипломатски пасош. Дипломатите ни ги донеса на власт, па сега дипломатите нека си ги земат назад. Нас нека нî остават да уживаме во олеснетите услови за добивање виза на обичен пасош. Белким без нив, полесно ќе го либерализираат визниот режим.

    6 Уставен суд ќе ја оценува законската можност ако не добиеш фискална
    сметка да не мораш да платиш. Велат дека тоа “отвора можност да се охрабрат граѓаните да не плаќаат за услуга или стока” и дека тоа “нî води кон почитување на владеењето на правото и слободата на пазарот и претприемништвото како темелни вредности на уставниот поредок”.
    Дали со ова Уставниот суд ги охрабрува трговците да не издаваат фискални сметки и да не плаќаат данок? Дали неплаќањето данок е почитување на владеењето на правото? Ако не плаќаат данок, како ќе се полни буџетот и како ќе земат плата уставните судии?

    7 Вчера во школски двор ученик во седмо одделение со нож уби соученик од осмо одделение. Каде се сега вџашените родители, потресеното Министерство за образование и изненадените медиуми кои пред десет дена се згрозуваа на видеоклипот со тинејџерскиот секс?
    Дали некој со мобилен телефон успеал да го сними убиството? Оти ако успеал, тоа веќе е загрижувачки. Не е страшно да се носи нож во школо, ама мобилен е опасно.

    8 ВМРО-вците во Штип се степаа пред состанок и си ги искршија главите.
    Оф мори мајко… Не е лесно држава да се води.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира