КАРГО ПИСТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:107:"Тетовоимадвауниверзитета,аГостиварнитуеденаеродром

    1 Експертите повторно се покажаа. Сега се се лутат оти сега судот во Хаг ќе дава дефиниција што ни се случило во 2001 година.
    И треба да се лутат. Ама на себе. Оти Љубе и Јохан се во притвор точно две години. А на првиот ден од судењето на нашите експерти им текна дека пак некој друг ќе ни ја пишува историјата.
    Ако им беше мал период од две години за свестување, имаа уште четири години плус да го отворат муабетот и во крајна линија сами да ја дадат дефиницијата.
    Ете, Бранко пак органзира некакви дијалози за Македонија. На маса седнати истите луѓе што од порано ни се познати по монолози. И сега одеднаш треба да влезат во дијалог. Како да влезат во дијалог кога не смее да има различно мислење од тоа на Бранко.
    Така е веќе 16 години. Експертите се исти. Се менува само организиаторот на дијалогот. Имаше дијалог со Киро, ама ако може да нема друго мислење. Имаше дијалог со Љубчо, ако може да нема друго мислење. Имаше дијалог со Бранко, ако може да нема друго мислење. Сега имаме и дијалог со Груевски. Ама да нема друго мислење.

    2 Кој вели дека не сме добиле датум за почнување на преговорите со ЕУ. Добивме, ама ќе плачеме утре. Пратениците од владејачката германска ЦДУ јасно им кажаа на нашите да не размислуваме пред 2009 година.
    “Ние, како земја која во моментов претседава со Комисијата на ЕУ, сакаме да постигнеме прогрес, меѓутоа треба да одредиме свој датум, а тоа е пред се датумот во врска со започнување на решавање на предизвикот со европскиот Устав. Имаме намера да го започнеме тој процес во јуни оваа година и да го завршиме во 2009-тата“, и рекоа германските пратеници на нашата власт.
    Нема зошто да не веруваме во датумот за почнување преговори со ЕУ. Прво, затоа што Германија си е Германија. Второ, Германија во моментов е претседавач со ЕУ. Трето, тоа го велат луѓето од партијата на власт во Германија. Четврто, ЦДУ е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. И згора на се, нели нашиве министри се германски ученици.
    Значи, да ја затвориме темата за евроинтеграција. И да ја отвориме во 2009.

    3 Вицепремиерот Живко Јанкуловски ќе гради “карго писта”. Најстручно објаснуваше зошто таа писта треба да биде во Штип. Веројатно затоа што ќе биде на 100-тина километри од “патничката писта” во Скопје. Вицепремиерот даде придонес кон воздухпопловниот речник. Секаде во светот писта си е писта. Ама во Македонија има писта за луѓе и писта за стока.
    Се скараа Струмица и Штип. Демек Штип ќе добие “карго писта” а Струмица ја изгубила. Како може да изгубиш нешто што не постои, веројатно ќе биде загатката кога ќе се пишува историјата на новите македонски поделби.
    Го заборавија конфликтот Скопје -Битола. До кога битолчани ќе се фрустрираат кога скопските комити ќе им се ситат на битолските чкембари со скандирањето “Битола нема аеродром”. А баш таму би требало да има. Кога ќе слетуваат нашинците од Австралија и Канада, директно од Сиднеј и Торонто, ќе ги истовараат парите за инвестиции уште во аеродримската зграда и одма ќе летнат назад по уште пари. Вака, кога ќе слетаат во Скопје, па кога ќе тргнат да го минуваат Плетвар веднаш губат желба за инвестирање.
    Приказната не завршува тука. Борците за човекови права се на готовс. Зошто Струмица, зошто Штип, а зошто не Гостивар? Бараат нова тема за политички дијалог. Кога директор на воздухопловната власт беше генералот Миле Манолев им вети карго аеродром на Струмичани. Оти е од Струмица. Премиерот Груевски потекнува од Штип. Затоа ќе прави аеродром во Штип. До кога во оваа држава ќе се слуша само гласот на Македонците локал патриоти? Каде се Албанците. Зарем тие не се локал патриоти? Тетово има два универзитета, а Гостивар ниту еден аеродром. Ете, веќе имаат и име. Ќе се вика “Аеродром Бадинтер”.

    4 Кога веќе нема нормален пат за источна Македонија да ја спои со Скопје, тогаш барем ќе биде директно поврзана со светот. Побрзо ќе стигнеш од Виена до Штип, отколку од Струмица до Скопје.
    Чуму ни се нови патишта? Ќе градиме писти. Земјоделските производители нема да се носат со камиони до аеродромот. Покрај “карго пистата” ќе се садат пиперки и домати за директно да се качат на авион.

    5 Дваесетгодишен крушевчанец сам си изработил минофрлач. Зел метална цевка за амортизери, ставил експлозив и додал една метална кугла. Потоа нанишанил, истрелал и металната кугла паднала на покривот на комшиската куќа.
    Дечкото е иноватот што ја почитува традицијата. Ако можело пред еден век таму да се направи црешовото топче, зошто тој да не направи минофрлач. И не е несериозен како оние од АРМ што товараат оружје по бугарски камиони без да го видат. Овој сакал и да го испроба.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира