СТАРА СНИМКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:213:"Ованеегрешка.Овасестаритекстовиодколумната"Сакамдакажам".Секојасличностсоактуелнитенастаниенамерна.

    Ова не е грешка. Ова се стари текстови од колумната “Сакам да кажам”. Секоја сличност со актуелните настани е намерна.
    Зошто објавувам веќе прочитани текстови?
    1. Затоа што извесно време ќе бидам на одмор.
    2. За да ве потсетам дека 16 години во Македонија се случуваат истите настани, со истите луѓе и со истите компликации. Додека регионот оди напред, Македонија оди назад.
    Дај боже во меѓувреме да се случи нешто различно, или барем поубаво од ова што ни се случуваше до сега.
    До гледање до јули.

    16 јули 1994
    Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за доверба на Владата ми изгледаше како кога гледам фудбалски натпревар на телевизија што се одиграл вчера. Однапред го знаеш резултатот, а се палиш на снимка.
    Да ги немаше требаше да ги измислат. Ваква опозиција може само да се посакува. Успеаја да и дадат стабилност на владата за наредните три месеци. Освен тоа, ги вратија Албанците во пратеничките клупи. Повторно ја зајакнаа коалицијата

    29 ноември 1997
    Организацијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД) ја објави листата на странските инвестиции во земјите во транзиција, според која Македонија со 8 милиони долари директни странски инвестиции во 1996 година е на последното 25 место. Ај да не се споредуваме со Полска, Унгарија и Чешка, затоа што така ни препорачува премиерот, а ние го слушаме. Не се споредуваме ни со Словенија ‡ веќе одамна. Ама што правиме, кога како земји за споредба ни ги препорачува Албанија, Бугарија и Југославија. И тие се пред нас. За Хрватска, со 300 милиони долари странски инвестиции, ич да не зборуваме. Ај да зборуваме за Таџикистан, Киргистан и Белорусија. И тие се пред нас.
    Има ли утеха? Има! Босна и Херцеговина воопшто ја нема на списокот.

    8 јули 2000
    Премиерот замоли да го оставиме малку да ужива. По неуспешната интерпелација на СДСМ за недоверба на Владата, Љубчо тргна во ноќна прошетка низ Скопје и чашка муабет во “Дал Метфу”. Како ослободител парадираше низ центарот на главниот град.
    Бранко не го видовме како шета по улици. Каде ли му се изгуби енергијата од митинзите? Или, неговите толку многу викаа по плоштадите, па сега кога требаше да се покажат во Парламентот го изгубија гласот.
    Никола Поповски се жали дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги надминале пратениците на СДСМ во техниката. Побрзо реагирале во притискањето на копчињата за пријавување, па затоа не им оставиле простор на социјалдемократите да дојдат до збор. Ете што беља им направи Бранко на сопартијците што ги шеташе од град во град на митинзи. Ги истошти толку што немаат сила дури ни едно копче да притиснат. ВМРО знае подобро да ги користи тастерите.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира