СНАЈДИ СЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:43:"Сликањепослееденсаат

    1 Сега имаме проблем. Владата работи и сабота и недела и остварува без запирање, ама горештината им го ограничи работното време. Државните службеници идните две недели ќе работат само до 13 часот. Оти до сега се отепаа од работа.
    Ај што и времето за остварување е ограничено. Ограничено е и времето за сликање. Кога премиерот треба да дава изјава, сосе сите министри зад него, тоа ќе мора да го прави до 13 часот.
    Сега дури и “џидипито” може да падне. Ама од објективни причини.
    Важно е дека Владата води сметка за своите вработени. Другите може и да умираат по фабриките. Оти инспекторите не излегуваат на терен по 1 часот попладне.

    2 Од каде знаела Владата дека кризната состојба ќе трае уште 14 дена. Можеби побарала метеоролошка прогноза. Ама по сѐ изгледа им кажал Мендух Тачи. Тој знае какво ќе биде времето. Деновиве се среќава со сите верски заедници. Во постојан контакт е со сите Божји претставници.

    3 Претседателот Бранко Црвенковски му честиташе на бизнисменот Мајк Зафировски затоа што станал советник на американскиот претседател Буш.
    Стварно ли му е драго, или честитката ја пратил за инает на Груевски оти канадската фирма каде што работи Зафировски неодамна соопшти дека не е заинтересирана за инвестирање во Македонија.
    Можеби и некоја чистачка во Белата куќа со потекло од Македонија деновиве слави роденден. Би можел Претседателот да ѝ испрати честитка и цвеќе во Вашингтон. За инает, можеби чистачката е скриен симпатизер на СДСМ и потенцијален инвеститор во Македонија.

    4 СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ја вработиле сопругата на партискиот портпарол Александар Бичиклиски во Министерството за земјоделство.
    Од Министерството изјавија: “Срамота е сето ова што го прави СДСМ откако ги доведе земјоделците на стап за просење”. Но, не кажа дали е, или не е вработена.
    Пред тоа СДСМ го обвини министерот за финансии Трајко Славески дека си ги вдомил ќерката и синот во државни институции.
    Министерот Славески одговори дека СДСМ наместо да прашува за неговите деца, треба да праша за Јорго Ќука.
    Што има да праша за Ќука? Белким судот треба да каже нешто. Многу спектакуларно изгледа на телевизија и по весници кога ги носат со лисици бизнисмените. Ама уште поспектакуларно ќе биде ако видиме пресуда. Оти инаку може да ни се случи во следниот мандат, која и да е влада да им плаќа спектакуларна отштета на тие што учествуваа во спектаклите. Може да излезе малку прескап публицитет за дигање рејтинг на наша сметка.

    5 Имам да кажам уште неколку работи, ама брзам. Кризирам. Се ближи 13 часот. Морам да си ги земам децата од градинка.
    Убаво ми кажа министерот за здравство Имер Селмани. Тие што работат во приватни фирми нека си се снајдат.
    И онака во оваа држава сѐ е кој како ќе се снајде.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира