ТРИ ЦИЦКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:91:"Двесолани,двешеќераниисамоеднаДораБакојани

    1. Пратениците завчера беа многу загрижени за пожарите и решија да расправаат за нив. Арно ама додека Македонија гори, тие се скараа како стрини на селска чешма и поради тоа не можеа да донесат никаков заклучок. Си отидоа дома. А огновите продолжја да горат.
    Прво се скараа кој прв да зборува, па после власта и опозицијата си префрлаа кој прв јавил, кој прв реагирал, кој што направил, кој што не направил… Очај да те фати. Па тие луѓе ние ги плаќаме. И тие луѓе треба да нѐ вадат од криза.
    Кога ја гледав последната епизода од перверзниот серијал “Седница на Собрание” сфатив дека веќе не важи народната изрека: “Село гори, баба се чешла”. Нивното однесување комотно дозволува да се употреби нова изрека: “Село гори, дедо мастурбира”.
    Пред тоа и во понеделникот беа многу загрижени. Ама тогаш расправаа за евроатлантските интеграции. И пак не донесоа заклучоци оти се скараа.
    Сложни беа само кога снема струја. Кај нив работел генераторот, ама тие се согласија дека не треба да работат оти нема телевизиски пренос.
    Подобро да нема струја секој ден.
    Важно куполи ќе им градат. Па се налутија оти сме напишале дека над Собранието ќе никнат три цицки. Тоа и го заслужиле. Тие и се однесуваат како уште да не се одлепиле од цицка.
    Може тие да магистрираат колку сакаат, и да се шетани и читани, па и паметни, ама свест за државен интерес имаат колку едно бебе. Ако е тоа некое оправдување.

    2. Колку бевме разочарани дека министерката за надворешни работи на Грција Дора Бакојани не рече оти ќе стават вето за влез во НАТО. Ете ти нов проблем. Да ставеше Грција вето, ќе си имавме оправдување. Вака излегува дека стварно треба да ја напишеме домашната задача.
    Во расправата за евроатлантските интеграции се вклучи и Али Ахмети. Па одново се расправаше дали имало договор меѓу него и Груевски, или немало.
    Ахмети рече дека кога одел во Брисел имал чувство како да има “две Солани”, еден што зборува со Груевски, а друг со него.
    Премиерот Груевски прво тврдеше дека нема договор. После рече дека има договор, ама договорот го направил СДСМ. Ама Шеќеринска не беше на седницата.
    И што имаме ние од целата расправа во недостиг на заклучоци на темата евроатлантски интеграции? Две солани, две шеќерани и само една Дора Бакојани.

    3. Македонската радио телевизија му испратила писмо на претседателот Бранко Црвенковски и му побарала пари за директен пренос од прославата на 2 Август во Пелинце.
    Овие од Владата го нервираат Бранко? Или само му прават ќеф. Мора да има таен договор меѓу Груевски и Црвенковски да му се крева рејтингот на Претседателот.
    А да се спушта рејтингот на државата.

    4. Дури и Црвенковски ја откри Америка. Рече дека било понижување, и лично и за државата “странски амбасадори нѐ организираат, нѐ собираат, нѐ координираат”. Добро утро, Колумбо.
    Со ваков државен врв и пратеници не да треба да ги организираат, да ги мират и да ги координираат. Треба и за уши да ги тегнат.
    Биле понижени… Туф, туф, туф… Не се чувствуваат понижени кога не можат да се договорат за основен државен интерес, ама се понижени кога странецот ќе проба да ги вразуми.
    И после се чудиме што кога странци ни се мешаат во работата не се почитувал нашиот државен интерес. Нормално. Тие не се тука за да го бранат нашиот интерес. Тие се платени да си го бранат интересот на своите држави.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира