КОНЗЕРВАТИВНА ИДЕЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:67:"Двегранатипаднаадесноодцентарот

    1 Владата отиде на одмор, а терористите ни ги оставија дома. Ги оставија да се мачат со портпаролот Ивица Боцевски. Само тој остана со голи раце, со силни зборови и со лута интонација да ја брани Владата од тероризам.
    Помошникот на министерот за внатрешни работи Иво Котевски рече дека полицијата не ги знае ни напаѓачите ни мотивите за фрлените гранати. За 14 часа, колку што поминаа од експлозиите до официјалното објавување на терористичкиот напад, Иво не успеа да се договори со Ивица што ќе кажат. Па Ивица од Владата, наспроти Иво од полицијата, им порачуваше на “сторителите и наредбодавците дека ќе се најдат зад решетки”.
    Што треба ние да правиме кога портпаролот на Владата официјално ќе ни соопшти дека “зградата на Владата беше предмет на терористички напад”? Да се плашиме? А тие нека си седат на одмор. Оти заслужиле. Оствариле.

    2 Министрите одмораат, ама во неделите мислат и на нас. Така, му рекоа на портпаролот Боцевски минатата недела да одржи пресконференција. Да се пофали со успесите на судовите.
    Бидејќи Боцевски е умно и школувано момче, знае дека има законодавна, извршна и судска власт. И дека во нормална држава тие се столбовите на демократијата затоа што се независни едни од други.
    Кој ли го намести него од името на извршната власт да се фали со успесите на судската власт?
    Утре е недела. Треба да има нова пресконференција. Можеме да очекуваме Боцевски да излезе и од името на извршната власт, да одржи пресконференција за успесите на законодавната власт. Ќе ни каже колку седници одржало Собранието, колку закони донело, колку комисиски расправи завршиле, а колку се откажале.

    3 Додека министрите одмораа, вториот ешалон има задача да му го дига рејтингот на СДСМ. Со оглед на тоа што СДСМ во историјата никогаш не стоел полошо, а ВМРО-ДПМНЕ никогаш подобро, избраниците на Груевски за летна забава на народот имаат навистина многу тешка задача.
    Но дигањето на рејтингот на СДСМ го прават толку успешно, како што успешно ги совладуваат 100те чекори. Секој ден држат пресконференции. Секој ден пишуваат партиски соопштенија. Секој ден се занимаваат со СДСМ, за да може да им дадат причина да им вратат.
    Впрочем, тоа партиите го правеле откако Македонија е независна држава. Цели 16 години и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се занимаваат со државата. Се занимаваат со самите себе.
    Уште десетина дена ќе има годишнина од владеењето на Груевски. На почетокот на мандатот влеваше надеж дека конечно некој почнал да се занимава со државата. Ама како што се ближи датумот, сѐ повеќе и тој се свртува кон традициите. Да се занимаваш со држава е сепак многу потешка работа отколку да се занимаваш со СДСМ.

    4 Во духот на конзервативната идеја на владејачката партија, како што важно објаснуваат луѓето задолжени за имиџот на премиерот, Груевски си ја штител приватноста и не објави каде е на одмор. Од неговиот кабинет кажаа дека “премиерот ќе биде дома или во соседството”.
    И францускиот претседател Николас Саркози е од конзервативна партија, па новинските агенции се полни со слики од него и од жена му (и тоа во бикини), направени на одморот во САД. Нашиот Никола е поголем конзервативец од францускиот Никола? Или нивниот Никола е помодерен политичар од нашиот Никола?
    Башка, каква е таа фраза “одмора дома или во соседството”. Како што не може во исто време човек да биде во три стана, не може во исто време и да одмора на две места. Па макар бил и премиер со рејтинг како на Груевски. Освен ако во “духот на конзервативната идеја” не ни кажат дека Груевски, всушност, не е ни дома ниту во соседството. Туку, како во вицот за Ленин, на мајка му ѝ вели дека е дома, на жена му дека е кај мајка му, а тој работи, работи, работи… Се скрил на таван во Владата и пишува налози за Ивица Боцевски.
    Ако веќе Груевски навистина одмора, мене како даночен обврзник што му дава плата и за работа и за одмор ме интересира дали премиерот одмора 16 часа дневно колку што работеше за да остварува. Каде е вицепремиерот Зоран Ставревски? Тој го фалеше шефот дека кога си оди дома по полноќ, светлото во кабинетот на премиерот уште свети. Дали и сега Ставревски проверува кога се затвора чадорот на плажата над лежалките на Груевски и неговата сопруга?

    5 Гранатите во близината на Владата паднаа меѓу 00.30 и 1 часот по полноќ. Тоа значи дека ако министрите не беа на одмор, гранатите ќе паднеа среде работно време.
    Овие од ВМРО-ДПМНЕ многу сакаат да се фалат дека тие се центристичкодесничарска партија која мора да ја раздвижи Македонија. Во духот на конзервативната идеја, и портпаролот Боцевски ја промаши поентата кога зборуваше дека гранатите паднале во близина на Владата. Требаше да каже: Две гранати паднаа десно од центарот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира